Connect with us

македонија

Компанијата dm им исплати бонус од 9.000 денари на сите вработени

објавено

на

Поддршка во Ковид – кризата

Принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно, за вработените во компанијата dm значи низа придобивки, кои овој дрогериски ланец го издвојуваат на пазарот на трудот. Атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукациии се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.

И покрај 14 редовни плати во текот на годината, сите вработени во компанијата dm drogerie markt во С. Македонија на почетокот од месец октомври ги пречека изненадување на нивната банкарска сметка, кога им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари. Со овој гест компанијата сакаше да изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот.

На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените во С. Македонија, додека слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува dm.

„Нашата корпоративна филозофија „Човекот во центар на работењето“ доби ново значење во 2020 година. Водечки императив во нашите деловни активности постана здравствената заштита на целиот персонал и купувачите, како и создавање на безбедни услови за работа и пазарување во нашите дроегрии. Откако обезбедивме спроведување на сите потребни мерки на претпазливост во последните месеци и успеавме да го прилагодиме нашето работење на новите околности, решивме дополнително да ги мотивираме вработените и да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес во овие тешки времиња. Исто така, со овој чекор, сакавме да ја потенцираме круцијалната важност на зачувување на работните места во месеците пред нас и уште еднаш да испратиме порака дека луѓето се најважната алка во секој деловен ланец “, рече Александра Оливера Кориши, директор на dm drogerie markt во Србија и С. Македонија.

Принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно, за вработените во компанијата dm значи низа придобивки, кои овој дрогериски ланец го издвојуваат на пазарот на трудот. Атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукациии се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.

Така, дополнителната поддршка по појава на корона вирусот дојде како природен тек. Компанијата од самиот почеток на пандемијата спроведе бројни превентивни мерки за заштита на својот тим. За вработените за кои беше можно, за кратко време беше обезбедена можност за работа од дома, а бидејќи мнозинството од тимот на dm е на „фронтот“, од ден во ден компанијата преземаше активности кои придонесоа вработените, но и купувачите, да останат безбедни.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите