Connect with us

технологии / компании

Компанијата Singular стана дел од најголемата светска iGaming групација

објавено

на

Flutter Entertainment Plc се здоби со 100% удел во Singular, каде што ко-основач е Македонецот Дарко Гацов и којашто има свои тимови во Македонија, Малта и Грузија. Технологијата на компанијата препознаена како еден од клучните мотиви за оваа аквизиција која за Singular отвора можности за експанзија на нови пазари.

Flutter Entertainment Plc е едена од најголемите групации во iGaming индустријата оперативна на повеќе од сто територии на глобалниот пазар. Компанијата е најпрепознатлива по својот водечки бренд PokerStars како и други светски познати имиња. PaddyPower,  FanDuel, SportsBet се само неколку примери.

Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter каде веќе успешно фукнционираат Junglee Games, Betfair и Adjarabet, уште неколку звучни брендови во ова поле. Adjarabet е долгогодишен клиент на Singular преку кој Flutter директно се запозна  со начинот на работа на Singular, особено флексибилноста и агилноста на тимот во развојниот процес на еден технички комплексен производ.

Покажаниот интерес на Flutter да ја преземе Singular под својата капа на водечки брендови претставува големо признание за техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, за понатамошен раст и развој.

Еден од главните постулати на интернационалната дивизија се заснова на идејата за аквизирање на брендови кои имаат потенцијал за меѓународен раст. Singular со досегашниот успех и докажан квалитет на софтвер се вклопува во стратегијата на Flutter за експанзија на нови пазари.

Дарко Гацов, ко-основач на Singular

Ова е огромно достигнување на луѓето во Singular. Истото претставува резултат на долгогодишна посветеност, напорна  работа и тимски труд со цел да создадеме производ кој ќе се носи со предизвиците на глобалниот пазар. Со ова,  Singular започнува ново поглавје како составен дел на една од најголемите групации во iGaming индустријата на светско ниво. изјави Дарко Гацов, еден од ко-основачите на Singular.

Аквизицијата не само што отвора нови можности за меѓународна експанзија на Singular, туку, отвора и нови врати и канали за размена на идеи, знаење, и иновација како на компаниско, така и на индивидуално ниво. Flutter International претставува платформа која на тимот на Singular му дава пристап до опсежно портфолио на глобални проекти, како и дополнителни можности за развој на мултидисциплинарна и меѓународна кариера.

Оперативното работење и менаџмент тимот остануваат непроменети. Групацијата Flutter е препознатлива по својата инклузивна култура која има за цел да го поддржи растот на индивидуалните брендови, во исто време овозможувајќи задржување на својот компаниски идентитет.

економија18 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?