Connect with us

свет

Компанија на хрватски основач надмина вредност од милијарда долари на Лондонската берза

објавено

на

На акциите на оваа компанија со седиште во Гилдфорд, В.Британија, специјализирана за услуги на биофармаколошката индустрија, клиничко испитување на лекови и развој на нови лекови, во последниве пет години вредноста им порасна за речиси 900%.

Пазарната капитализација на фармацевтската групација Ergomed, којашто во 1997 година ја основал др. Мирослав Рељановиќ, овие денови на Лондонската берза надмина вредност од една милијарда долари, пишува загрепски Лидер Прес. На акциите на оваа компанија со седиште во Гилдфорд, В.Британија, специјализирана за услуги на биофармаколошката индустрија, клиничко испитување на лекови и развој на нови лекови, во последниве пет години вредноста им порасна за речиси 900%.

Во март минатата година Ergomed почнал со клиничко испитување на влијанието на моноклонските антитела силтуксимаби на ублажување на тешки респираторни инфекции сред епидемијата на коронавирус, како и намалување на смртноста на лицата на респиратор.

„Коронавирусот е глобален здравствен проблем без преседан и брзата евалуација на терапии што би можеле да влијаат врз текот на инфекцијата и да ги подобрат исходите за пациентите е од животна важност. Горди сме што придонесуваме со својата експертиза во овие важни испитувања“, истакна д-р Рељановиќ.

Брзата реакција и месеците работа на тој проект што го финансирала болницата Папа Јован 12-ти од италијанскиот Бергамо, а го поддржала и американската биофармацевтска компанија EUSA Pharma специјализирана за онкологија и ретки болести, донеле резултати. Истражувањата создале лек за ублажување на симптомите на тешко воспаление на белите дробови кај пациенти заразени со Ковид – 19 коишто се на респиратор. Тоа е прв и засега единствен лек што за таа цел го одобриле американската Агенција за храна и лекови, како и Европската агенција за лекови.

Среде големите пандемиски предизвици, минатата година Ergomed имала приходи од 86,4 милиони фунти, за 26,5% повеќе одошто во 2019 година и остварила добивка од речиси 40 милиони фунти.  Ergomed, којашто вработува повеќе од 1.200 луѓе, има канцеларии во 24 земји и пружа услуги низ цел свет, а работи и во Хрватска, каде што е активна нејзина сестринска компанија PrimeVigilancea.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка