Connect with us

македонија

Компанија од ИТ сферата е нов спонзор на РК Вардар 1961

објавено

на

Singular, компанија за софтверски решенија, е новиот спонзор на ракометниот шампион на Македонија и двократниот Европски првак

Натпреварот помеѓу РК Вардар 1961 со Војводина кој се одигра во четвртокот на 28 јануари ја отвори јубилејната 10та сезона на СЕХА Газпром лигата, а веќе се објавени и датумите за следните натпревари.

Ракометниот шампион на Македонија излезе на терен со нов дрес на кој видливи се имиња на нови спонзори испишани на двете страни од дресот. За прв пат, меѓу компаниите кои се доминантно од банкарскиот сектор гледаме и лого од една компанија од ИТ индустријата. Се работи за компанијата Singular која работи на развој на софтверски решенија за спортско кладење и игри на среќа во дигиталната сфера.

Името на компанијата Singular во последниве неколку години беше споменувано во медиумите за нивниот меѓународен успех и добиени бројни признанија за иновативен софвер и висок комерцијален успех.

РК Вардар е клуб кој со своите спортски остварувања е постојана мотовација не само во спортот туку и надвор од него, вистински пример како преку труд и дисплиниа се стигнува до успехот. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне за понатамошен раст на клубот и нови достигнувања кои се од големо значење за спортот во нашата земја. Како бизнис кој е тесно поврзан со спортските настани, ни претставува големо задовоство да бидеме дел од оваа успешна приказна. Наша цел е паралелно со растот на Singular, да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за спорт во нашата држава.

– изјави Дарко Гацов, ко-основач на Singular.

РК Вардар 1961 ја забележа и втората победа од СЕХА лигата против Нексе во понеделникот, а веќе на 04.02.2021 екипата патува во Порто, Португалија каде ќе го одигра натпреварот со истоимената екипата. Следен натпревар во СЕХА лигата е закажан за 27 февруари каде се среќаваат РК Мотор Запорожје – РК Вардар 1961.

РК Вардар е најдоминантен клуб во македонскиот ракомет со пет триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига и и единствен машки клуб во Македонија што два пати ја има освоено ЕХФ лигата на шампионите во период од три години.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите