Connect with us

економија

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

објавено

на

Конференцијата „Круг на нови можности“, посветена на младите претприемачи и жените во претприемништвото, го означи почетокот на серијата иницијативи насочени кон овие две уникатни групи на претприемачи, со цел поттикнување на растот на локалниот бизнис и промовирање на претприемништвото во Македонија.

Вчера ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на едно место ги собраа успешните млади претприемачи и жени во претприемништвото, оние кои се веќе искусни во бизнис светот, но и оние коишто сакаат да научат како своите иновативни идеи да ги преточат во успешен бизнис.

Конференцијата „Круг на нови можности“, посветена на младите претприемачи и жените во претприемништвото, го означи почетокот на серијата иницијативи насочени кон овие две уникатни групи на претприемачи, со цел поттикнување на растот на локалниот бизнис и промовирање на претприемништвото во Македонија.

Настанот го отворија домаќините ПроКредит Банка со обраќање од Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, и ЕБОР претставен од Фатих Туркменоглу, Претседател на ЕБОР во С. Македонија.

Чест ни е што заедно со ЕБОР ги здруживме силите за да ги поддржиме овие бизнис лидери во Македонија на начин на којшто ниту една друга финансиска институција досега не го сторила и да понудиме поддршка на повеќе нивоа која е многу повеќе од кредит. Тоа е и дел од нашата одговорност кон општеството каде вложуваме во поголеми размери на едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите, отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на компании кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат. За ПроКредит Банка, позиционирањето како „партнер од избор“ значи да бидеме тука за претприемачите уште од рана фаза во нивниот деловен живот. – изјави Емилија Спировска.

“Промовирањето на еднакви можности лежи во срцето на ЕБОР и во овој контекст, среќни сме што бевме една од пионерските институции во земјата која обезбедува сеопфатна поддршка од финансиски и нефинансиски услуги за млади во бизнисот и жени во бизнисот. Локалната економија може да го постигне својот целосен потенцијал само преку вклучување на сите засегнати страни. Ги охрабруваме младите и жените претприемачи да се вклучат со нашите тимови на терен и заедно со нашите донатори и партнери со нетрпение очекуваме да видиме плодни резултати.” – изјави Фатих Туркменоглу.

Свој поздравен говор и обраќање имаа и истакнатите гости Н.Е. Ами Ларсон Џаин, Амбасадор на Шведска во С. Македонија и Марио де Роса, Заменик Амбасадор на Италија во С. Македонија, кои преку своите институции се значајни поддржувачи на програмите за претприемништво. Во нивните говори тие ја истакнаа важноста од поддршка на претприемачите и создавање нови можности за бизнис иновации.

На конференцијата, како истакнати претприемачи, Ирена Јакимовска, сопственик и менаџер на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, споделија инспиративни приказни од своите претприемачки патувања, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочиле и стратегиите што ги примениле за да постигнат успех.

Нивните мотивациски говори поставија позитивен тон на настанот, охрабрувајќи ги сите присутни во ресторанот Ragusa Rooftop 360 да ги остварат своите деловни аспирации со обновена енергија. „Fireside“ разговорот којшто се одржа по говорите, и даде можност на публиката да допре поблиску до приказните на говорниците искрено и отворено зборувајќи за нивните искуства, овозможувајќи богата размена на знаења и лични приказни со присутните гости.

Уште една значајна активност во рамки на конференцијата беше панел дискусијата на тема „Претприемништво – од предизвици до можности“, којашто обедини разновидна група успешни бизнис лидери од кои гостите имаа можност да слушнат што значи да си претприемач, како излгеда рамнотежа помеѓу животот и работата, предизвиците од раководење со тим, кои се алатките за да се постигне целосен потенцијал и сл.

Учесници на панел дискусијата беа Петар Ниновски, извршен директор на Brainster и основач на Brainster Next College, Ангела Настевска, внатрешен консултант на Kentaur Impex, Даниела Ристовска, Финансиски менаџер во Intersteal, и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР. Модерирана од Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, во тек на дискусијата гостите слушнаа искуства од различни аспекти на претприемништвото, од надминување на различни предизвици до искористување на нови деловни можности.

Крајот на официјалниот дел на конференцијата го означи презентацијата на Ана Ѓоргиева Танческа, директорка на Филијалата за мали претпријатија во ПроКредит Банка, која ги претстави новите бизнис пакети дизајнирани специјално за жени и млади претприемачи. Овие пакети, кои се дел од програмите за поддршка Youth in Business и Women in Business, нудат значителни финансиски придобивки и ресурси за да им помогнат на претприемачите да напредуваат на конкурентниот пазар.

“Новите пакети за Жени во бизнис и Млади претприемачи се комбинација од два витални сегменти за растот и развој на овие сектори – еден е комплетната поддршка во делот на банкарско работење кое e едноставно, транспарентно, флексибилно и целосно дигитално со што ќе ви заштедиме енергија и време. Од друга страна, фидбекот од младите претприемачи и од жените во бизнис,  е дека најголем предизвик со кој се соочуваат во делот на финансиска поддршка е колатералот и флексибилноста на кредитните продукти.  Поради тоа во соработка со ЕБОР обезбедивме олеснет и пофлексибилен пристап до финансиски средства без потреба од хипотека – не само за краткорочни кредитни продукти, туку и за долгорочни кредити. Наши очекувања се дека ќе имаме голем број задоволни клиенти кои ќе најдат вистински вредни решенија за нивните бизнис предизвици.” – изјави Ана Ѓоргиева Танческа.

Настанот заврши со енергична сесија за вмрежување и коктел, давајќи им можност на присутните да се поврзат, да споделат искуства и да поттикнат потенцијални соработки.

Kонференцијата „Круг на нови можности“ уште еднаш ја докажа посветеноста на ПроКредит банка и ЕБОР за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.

Успехот на овој настан ни дава уште поголем елан за сите иницијативи што ги планираме, а се насочени кон зајакнување на следната генерација на претприемачи“ – заклучија од ПроКредит Банка.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години