Connect with us

технологии / компании

Конференција за е-трговија: што научивме годинава?

Четврти пат по ред во организација на АЕТМ

објавено

на

Четвртото издание на Конференцијата за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија  беше првото хибридно издание и воедно најголемото досега. На конференцијата присуствуваа речиси вкупно 500 учесници, а свое излагање имаа 28 искусни говорници од 10 земји од светот. Програмата на конференцијата беше фокусирана на дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи раст на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, на безбедноста и на иновативните е-плаќања, како и на „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, на влијанието на COVID-19 врз е-трговијата во Македонија и во Европа, на регионални и глобални лекции и трендови во дигиталниот маркетинг, како и на улогата на жените во дигиталниот свет и во е-трговијата.

Заклучокот на овогодишниот панел на тема „Поврзаноста на довербата, технологијата и регулативата” на којшто зборуваа Игор Кузевски од македонската Агенција за заштита на личните податоци, Вања Манова од Mastercard и Киро Чадиковски од Комерцијална банка АД Скопје,  беше дека потрошувачите треба да бидат внимателни, а не скептични, но со отворен ум (и очи) кон новите технологии и потенцијалот што истите го носат, додека од друга страна е-трговците за да ја зголемат довербата во своите бизниси треба да бидат подготвени да постапуваат транспарентно во секоја ситуација и да ја разберат целосно обврската која ја имаат кон личните податоци на потрошувачите.

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на 12-ти ноември се одржа Четвртата конференција за е-трговија, во хибриден формат, односно со истовремено физичко и онлајн присуство.

COVID-19 значајно го забрза растот на е-трговијата – компаниите мораа да се адаптираат со цел да ги одржат своите бизниси, да стигнат до нови потенцијални клиенти и да компензираат за падот на физичките локации за време на рестриктивните мерки и карантините. Е-трговијата одигра исклучителна улога во процесот на адаптација. Како резултат, денес компаниите се подготвени или „Ready”, и поставени или „Set” за забрзан раст на нивниот бизнис или „Grow”. Оттаму и темата на ова четврто издание го носеше наслов  „E-commerce: Ready, Set, Grow!”.

Четвртото издание беше првото хибридно издание и воедно најголемото досега. На конференцијата присуствуваа речиси вкупно 500 учесници, а свое излагање имаа 28 искусни говорници од 10 земји од светот. Програмата на конференцијата беше фокусирана на дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи раст на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, на безбедноста и на иновативните е-плаќања, како и на „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, на влијанието на COVID-19 врз е-трговијата во Македонија и во Европа, на регионални и глобални лекции и трендови во дигиталниот маркетинг, како и на улогата на жените во дигиталниот свет и во е-трговијата.

Во продолжение, ви ги претставуваме петте клучни заклучоци од овогодишната конференција:

Продолжува растот на е-трговијата во Македонија, особено кон домашните е-трговци

 Е-трговијата значајно го промени однесувањето на потрошувачите и предизвика забрзан раст на онлајн продажбите. Едно од главните прашања кое се поставува е дали и колку овој раст ќе се задржи по олабавување на мерките и враќање на економијата во нормала.

На конференцијата беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2021 година со наслов „Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021 година”, а Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска,  која е ко-автор на истата ги презентираше клучните сознанија. Охрабрувачки е што согласно последните податоци на НБРСМ, во првото полугодие од 2021 година анализирано според обемот и вредноста на онлајн трансакциите растот продолжува со добра динамика. 

Во текот на првото полугодие од 2021 година, 195 милиони евра се слеале кон домашните е-трговци, од кои 63% од купувањата се реализирани од домашни купувачи, односно со домашни платежни картички. По троцифрениот раст од 135% во вредноста на е-трансакции реализирани кон домашните е-трговци, растот продолжува и во првата половина на 2021 изнесува 77%.

Евидентна е промената во структурата на онлајн трансакциите во полза на домашните е-трговци. Во првата половина годинава вкупната вредност на онлајн трансакциите изнесува 233 милиони евра, од кои 83% се кон домашни е-продавници. Во 2020 година учеството изнесуваше 74%, наспроти 43% од трансакциите во 2019 година.

Придонес кон растечкиот тренд на е-трговијата секако има и зголемената понуда на производи и услуги онлајн – во првите шест месеци од 2021 отворени се над 200 нови е-продавници.

Сето ова, придонесува кон раст на учеството на онлајн трансакциите во вкупните трансакции со платежни картички – со што изнесува со 5% во 2020 година, за разлика од 2019 година кога овој процент изнесувал скромни 2%.
 

Инаку, од анализата што ја презентираше Ангеловска, се гледа дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа.

„Значи најретко купуваме онлајн или над 70% од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. Се работи за помали трансакции. Најчесто се купува облека, спортска опрема…, што е исто и на ниво на Европа. Меѓутоа, Македонците најмалку од земјите во регионот и од Балканот купуваат онлајн мебел, производи за домаќинство и најмалку прават онлајн нарачки за храна, односно од ресторани“, рече Ангеловска.

Да се зголеми користењето на дигиталните услуги, особено на интернет банкарството

Во Естонија, која е пионер во претворањето на јавните услуги во флексибилни е-решенија за нејзините граѓани и е-резиденти, секогаш се тргнува со промени во владата имајќи го општото добро на граѓаните, економијата и компаниите. Како резултат на ова, владата на Естонија во моментов е речиси 100% дигитализирана, истакна От Велсберг, главен офицер за податоци во естонската влада, којшто имаше своја презентација на Конференцијата.
Значајно да се спомене е големата инвестиција која Естонија ја прави во владиниот виртуелен асистент наречен „Бирократ” преку кој можат да се извршуваат речиси сите јавни услуги, како и Агендата за дигитална влада 2030 во која главен фокус ќе се проактивните владини услуги, влада поддржана со вештачка интелигенција за управување со податоци и повторна употреба на податоците, дигитална влада насочена кон граѓаните и зелена дигитална влада.

Во Македонија, пак, дигитализацијата на јавните услуги се’ уште е на почеток. Преку неколку конкретни примери за свои услуги, директорот на  Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на конференцијата истакна дека започнуваат со алатки за поддржување на проекти за дигитализација на владата – преку финансирање на дигитален асистент за вештачка интелигенција, во рамки на штотуку започнатата иницијатива за донесување на стратегија за вештачка интелигенција. Од неодамна е формирана и работна група за изработка на национална стратегија за вештачка интелигенција.

Согласно последните достапни податоци од Еуростат (2020), само 19% од македонските интернет корисници користат е-банкарство, додека просекот во ЕУ е 66%. Покрај во е-банкарство Македонците се значајно под европскиот просек кога станува збор за користење на интернетот за праќање маилови, пребарување податоци за производи и услуги и сл. Значајно над европскиот просек се во телефонирање и видео повици и социјални медиуми, додека први во Европа се во користење на интернетот за ставање на содржини на социјалните медиуми.

Но, мора да се нагласи дека едукацијата е клучен сегмент на кој е неопходно да се работи во иднина со цел што е можно повеќе граѓани да ја сфатат потребата на дигитализацијата. Граѓаните и компаниите треба да бидат свесни дека сaмо преку понатамошна трансформација кон дигитално и смарт општество и искористување на предностите на дигиталната економија може да се задржи растот на е-трговијата и воопшто да напредува државата во секој сегмент.

Безбедноста и довербата се клучни за е-трговијата  

Една од клучните теми во е-трговијата е довербата кон технологијата. Меѓутоа стекнувањето на довербата и обезбедување на соодветно ниво на заштита во онлајн светот носи многу предизвици и е доста комплексна тема на која треба да се пристапи со големо внимание, особено земајќи го во предвид предизвикот кој новите технологии како блокчејн/криптовалути и вештачка интелигенција го носат.

Заклучокот на овогодишниот панел на тема „Поврзаноста на довербата, технологијата и регулативата” на којшто зборуваа Игор Кузевски од македонската Агенција за заштита на личните податоци, Вања Манова од Mastercard и Киро Чадиковски од Комерцијална банка АД Скопје,  беше дека потрошувачите треба да бидат внимателни, а не скептични, но со отворен ум (и очи) кон новите технологии и потенцијалот што истите го носат, додека од друга страна е-трговците за да ја зголемат довербата во своите бизниси треба да бидат подготвени да постапуваат транспарентно во секоја ситуација и да ја разберат целосно обврската која ја имаат кон личните податоци на потрошувачите. Совршен пример за адаптација на нова технологија за која имало скептицизам во почетокот се безконтактните плаќања („contactless”) со платежна картичка, чие успешно прифаќање на пазарот претставникот на Mastercard посочи дека се должи на едукација на крајните корисници – нешто што е од значително значење при адаптација на нови технологии и треба да го применуваат сите финансиски институции, регулаторни тела и останатите ентитети поврзани со имплементација.

За актуелната регулатива за заштита на лични податоци, едногласно беше потврдено дека е од исклучително значење бидејќи става фокус на заштита на личните податоци уште од почетокот на отпочнување на еден проект, нуди насоки за како да се проценат ризиците и како да се постапи во ситуации во кои има нарушување на приватноста. Несомнени се бенефитите од овој тип на регулатива, меѓутоа истата не е совршена и има простор за подобрување. За воведувањето на дополнителни регулативи, на пример кои би ги регулирале алгоритмите и нивното користење, заклучокот беше дека за сега само-регулацијата е доволна, но размислувањето на учесниците во панелот беше дека во иднина многу веројатно ќе се соочиме и со закони кои би го регулирале начинот на работа на алгоритмите.

Инклузивноста и родовата еднаквост се потребни за подобри перформанси на компаниите

На панелот насловен „Зошто, што и како до повеќе вклучени жени?“, Филомена Пљаковска Аспровска од CaSys, Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис и Марија Томеска од Еуролинк осигурување, три жени на водечки позиции кои креираат одлични перформанси за нивните компании,  говореа за нивното искуство и ставови на оваа тема, како и за е-трговијата во нивните компании.

Речиси сите студии на тема родова еднаквост на работното место водат до еднакво сознание – поголемата застапеност на жените на високи позиции во компаниите води по подобри перформанси. И покрај тоа, застапеноста на жените на водечки позиции и понатаму е многу ниска (само 24 жени се CEO на Fortune 500 во 2020 година, или помалку од 2019 кога биле 32). На панел дискусијата на оваа тема, три жени на водечки позиции кои креираат одлични перформанси за нивните компании говореа за нивното искуство и ставови на оваа тема, како и за е-трговијата во нивните компании. На панелот насловен „Зошто, што и како до повеќе вклучени жени?“, зборуваа Филомена Пљаковска Аспровска од CaSys, Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис и Марија Томеска од Еуролинк осигурување.

За поголема вклученост на жените потребен е холистичен пристап  – инклузивна корпоративна култура која ќе го валоризира подеднакво трудот и квалитетите и охрабрување на жените да целат и се стремат повисоко (недостатокот на амбициозност беше истакнат како една од причините, а која се должи во голема мера и на мајчинството). Говорничките на панелот  се сложија дека воведувањето на квоти е потребно со цел забрзување на патот и креирање поголеми можности за еднаква застапеност. Тимовите со еднаква застапеност на мажи и жени се поефективни, а имаат  подобри резултати  и во креирање на профит и продажби.

На крајот на сесијата беше најавена новата иницијатива на АЕТМ која наскоро ќе биде лансирана, т.н. „Алијанса за родова еднаквост на работното место” чија мисија е промовирање на родовата еднаквост на работното место и овозможување еднакви права, еднакви можности и еднакво валоризирање на трудот.   

Потребно е постојано учење, менување и примена на нови алатки и тактики

Во денешниот свет на брзи промени, а особено по COVID-19 и зголемената онлајн побарувачка, компаниите мораат брзо да се адаптираат на новите услови со цел да го одржат нивниот бизнис. Тоа вклучува и учење, менување и примена на нови маркетинг алатки и тактики согласно моменталните услови на пазарот.

Според споделеното искуство од регионалните маркетплејс платформи, може да се заклучи дека социјалните медиуми и еmail newsletter кампањите иако се едни од постарите дигитални алатки се уште носат одлични резултати кај потрошувачите. Гејмификација исто така е една од клучните тактики кои носат раст на бизнисите и кои носат одлични резултати во поглед на нови клиенти, подобри резултати и зголемување на продажбите. Потрошувачите се’ повеќе се на мобилните уреди, а компаниите мораат не само да инвестираат во градење на мобилни апликации туку да креираат квалитетни процеси и UX.

Но, покрај дигиталните алатки кои веќе подолго време се користат од компаниите, изнаоѓањето на иновативни начини за промоција – вклучувајќи ги апликациите за комуникации како Viber, апликациите за стриминг на музика како Spotify и користење на лајв стриминг, blind boxes или виртуелни чет ботови исто така може позитивно да влијае на резултатите од интегрираните маркетинг комуникации на компаниите. Компаниите треба постојано да се подготвени за учење и примена на нови и иновативни алатки и тактики.

свет21 час ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија23 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија23 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.