Connect with us

економија

Конференција за недвижности во Скопје: Проектите не запираат, а ESG е новото „must have”

објавено

на

Градежните проекти нема да сопрат, иако може да се очекува нешто забавена динамика во побарувачката на станови и деловен простор, поради општата економска криза и инфлацијата.

Градежните проекти нема да сопрат, иако може да се очекува нешто забавена динамика во побарувачката на станови и деловен простор, поради општата економска криза и инфлацијата, беше потенцирано на денешната Конференција за комерцијални недвижности, прва од ваков вид во Македонија.

На панелот насловен „Финансирање на проекти“, претставници од банкарскиот сектор, осигурувањето, како и од самите градежни компании дискутираа околу моменталната динамика на инвестициските проекти во секторот недвижности  во земјава. Од банките рекоа дека остануваат посветени на тоа на потенцијалните корисници на нивните кредити да им помогнат во поквалитетно креирање на бизнис планови, со што би се избегнале евентуалните проблеми предизвикани од менување на економските услови, пазарни шокови, инфлација, итн.

Заклучокот беше дека не се чувствува некакво забележително намалување на побарувачката за кредити, како од страна на самите градежни компании, но и од крајните корисници на станбениот и деловниот простор, иако во наредниот период може да се очекува извесно успорување поради кризата.

Панелистите истакнаа и дека концептот на општествена одговорност, односно одржливост или ESG, станува се’ повеќе незаобиколен дел на инвестициските проекти во секторот недвижности. Или како што кажа еден од учесниците, компанија која не води сметка за аспектите на одржливост, се’ потешко или воопшто нема  да биде квалификувана за да добие финансирање од банките, ниту пак осигурителни и други услуги на пазарот.

На овој панел учествуваа Владо Бојаџиевски (Помошник директор, Виш банкар, ЕБРД СКОПЈЕ), Александар Тодоров (Директор, филијала за корпоративни клиенти, ПРОКРЕДИТ БАНКА), Игор Стојнев (Консултант, ЖИКОЛ Груп), Марија Томеска (Претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување), Елмедин Адеми (Извршен директор, ЕУРОВИА ГРУП), Кан Мемед (Директор на Дирекцијата за корпоративен маркетинг и проектно финансирање, ХАЛКБАНКА АД СКОПЈЕ).

Првата Конференција за комерцијални недвижности е иницирана и организирана од Фортонмка, македонска консултантска  компанија која на домашниот пазар за недвижности работи веќе 12 години. Коорганизатор е Кликер Маркетинг, а ексклузивен медиумски спонзор, Капитал.

македонија5 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија