Connect with us

македонија

Коронавирусот коси – сè поголем број на заболени, сè повеќе мртви!

Целиот свет на колена

објавено

на

Сè поголем број на заболени, се повеќе мртви – пандемијата со коронавирусот ја коси и Македонија и цела Европа. Кај нас ситуацијата е загрижувачка – министерот за здравство Венко Филипче не крие дека сме во критична фаза во која притисокот врз болниците е огромен.   

Со стотици болни дневно и со десетици починати впечатокот е дека земјата влегува во вртлог од којшто тешко може да се најде излез. Главно жариште на пандемијата е Скопје, а на територија на целата земја досега има околу 30 илјади заболени, но процените на експертите е дека оваа бројка реално е најмалку за пет пати поголема. 

Загрижувачката состојба беше тема на разговор и во Вилата Водно, каде претседателот Стево Пендаровски вчера го свика Советот за безбедност. На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Седницата заврши со заклучок и покрај загрижувачкиот тренд, засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба. На ист став со Претседателот е и министерот Филипче, кој смета дека било какво прогласување на вонредна состојба во моментот нема да ја смени реалната слика со пандемијата и дека за тоа постојат владините мерки.  Во врска пак со капацитетите на здравствениот систем Филипче смирува дека клиниките имаат доволно легла за хоспитализација на сите пациенти инфицирани од вирусот.

Премиерот Заев пак уште еднаш ја изрази загриженоста поради несериозниот пристап на како што рече дел од пратениците сериозно да се разгледа опцијата за онлајн следење и гласање на седниците во Законодавниот дом бидејќи како што посочи дури 10 проценти од народните избраници во својот потесен круг на семејство се или имаат некој инфициран од Ковид 19.

Маски и на отворено, казни од 20 евра

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот, а мерките се проширија и со нови што поминаа во Парламентот. Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, чии што измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, беше донесен по скратена постапка. Прифатениот прв амандман во тек на комисиската расправа е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од се’ поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

„Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очигледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки“, рече Филипче.

Тој наведе дека власта и опозицијата на седницата на Комисијата за здравство постигнале консензус за амандманите и ги усогласиле, а тие се однесуваат на задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простор, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки.

Носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Во многу држави се направија привремени болници за прием на пациенти со Ковид-19. До Инфективната клиника во Скопје поставена е модуларна болница, чиј што капацитет забрзано се пополнува деновиве. На фотосот е огромна привремена болница во Хонг Конг, сместена во саемска хала

Мерките преблаги и задоцнети?!

Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот. По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен и забраната за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието. Отсега и инспекторите ќе имаат повеќе надлежности за контрола и казнување, а пазарните инспектори ќе можат и на лице место да затвораат кафеани или ресторани кои нема да ги спроведуваат протоколите за заштита од коронавирусот. 

„Доколку на терен инспекторите забележат дека некое правно лице ги прекршува здравствените протоколи тогаш во истиот момент ќе му биде изречена времена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена односно објектот може да биде затворен на лице место. Оваа можност законски инспекторатите ја немаа како инструмент и алатка и мислам дека е неопходна во овој период.“, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски.

И додека власта мака мачи и со креирање и со спроведување на мерките за борба со вирусот, опозицијата бара оставка од министерот за здравство, а исто така и секоја вечер организира антивладини протести, иако има сериозни забелешки дека во време на пандемија тоа е сериозен ризик. Дури и за новите мерки да поминат во Собранието имаше одолговлекувања и одбивање да се даде поддршка, што зборува за несериозен однос на ВМРО – ДПМНЕ и политизирање на прашање поврзано со јавното здравје. Од друга страна, власта се соочува и со оправдани критики на дел од експертите кои сметаат дека мерките се преблаги и задоцнети, особено ако се има предвид однесувањето на голем дел европски држави кои поенергично се впуштија во поостри мерки. Стравот е логичен – обидувајќи се да ја штитиме економијата и некои од најзагрозените дејности (како на пример угостителството) сосема е за очекување да се најдеме во ситуација ем пандемијата сосема да ескалира и да излезе надвор од контрола, ем следствено на тоа и економијата сосема да крахира.  


Германија и Франција во карантин

Францускиот претседател Емануел Макрон  рече дека земјата е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Изрази увереност дека 9.000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе бидат речиси полни. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, истакна дека најважна алатка е следењето на контакти. „Но здравствените власти сега се на работ на тоа да можат да гарантираат дека ќе се врши следење. Постои опасност од губење на контрола. Затоа ни се потребни уште едни национални напори во ноември“, рече таа.

Во меѓувреме, и најмоќните европски држави се на колена пред вирусот. 

„Тој циркулира со брзина што не ја предвидуваат ниту најпесимистичките прогнози“ рече претседателот на Франција, Емануел Макрон во своето обраќање во кое најави дека земјата ќе биде во карантин.

„Сите француски региони се во црвено. Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали сторивме сè како што треба? Не. Но, направивме се’ што можеме. Нашата стратегија, со оглед на информациите што ги имавме, беше вистинската“ изјави тој.

Макрон рече дека Франција е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Изрази увереност дека 9.000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека капацитетите ќе бидат речиси полни.

„Франција никогаш нема да усвои стратегија на колективен имунитет. Оваа опција ќе доведе до скоро 400.000 дополнителни смртни случаи“ – рече францускиот претседател.

Макрон прогласи карантин, почнувајќи од петок. Според новите мерки, на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштаат куќата само заради неопходни обврски, работа или од здравствени причини. Во секој од овие случаи, луѓето ќе мора да пополнат образец за да го оправдаат напуштањето. Карантинот вклучува и забрана за собирање. Училиштата ќе останат отворени, како и градинките. Ќе трае најмалку до 1 декември. Макрон кажа дека се надева на вакцина во текот на летото, повикувајќи се на процени на научници.

Ден претходно со сличен став излезе и германската канцеларка Ангела Меркел, која се обрати на германската јавност откако на состанокот со премиерите од сојузните држави договори карантин кој на сила стапува од 2 ноември.

Новите мерки, кои ќе траат четири недели и стапуваат на сила на 2 ноември, пред се’ се насочени на намалување на личните контакти на граѓаните, а вклучуваат и затворање на угостителските објекти и ограничување на собирите во приватниот и јавниот живот и забрана на туристички патувања.

„Ноември ќе биде месец на национално вложување на сите напори“, рече германската канцеларка Меркел по состанокот на владата и претставниците на сојузните покраини на кој се разговарало за новите мерки во борбата против ширењето на пандемијата од коронавирус.

Канцеларката рече дека состанокот, со оглед на драстичниот пораст на новозаразените, премина во „многу сериозна“ атмосфера.

„Денеска е тежок ден за оние кои донесуваат одлуки“, рече канцеларката која истовремено додаде дека одлуките не можеле да се одложуваат. Потполно е јасно дека мора да дејствуваме веднаш. Најважна алатка е следењето на контакти. Но здравствените власти сега се на работ на тоа да можат да гарантираат дека ќе се врши следење. Постои опасност од губење на контрола. Затоа ни се потребни уште едни национални напори во ноември“, рече таа.

„Ние мораме да ја спречиме кризната ситуација во медицинскиот систем“, заклучи Меркел. Укажа на тоа дека и премиерите на сојузните покраини се свесни за ситуацијата во која е нужно единствено дејствување.

„Многу сум благодарна што и покрај различните позиции и епидемиолошки ситуации во одредени сојузни покраини пронајдовме заедничко и единствено решение“, рече Меркел. Донесените мерки се однесуваат на територијата на цела Германија.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал