Connect with us

економија

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG

Со АмЧам на тема

објавено

на

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува.

Автор на текстот е АмЧам Комитетот за ESG

Во услови на подолг и непрекинат период на нестабилност и несигурност како резултат на континуираните кризи со кои што се соочуваме изминатите неколку години, претставува огромен предизвик да се дефинираат приоритети, но и да се задржи фокусот во решавање на клучните проблеми. Ефектите и последиците од секоја криза се засилуваат, а листата на приоритети се менува постојано.

Меѓутоа, кога носителите на јавни политики беа ставени во ситуација да донесуваат одлуки каде едниот избор вклучуваше грижа за што е можно повеќе човечки животи, стана евидентно значењето, но и потребата за зголемена грижа за општествените прашања. Од друга страна, имајќи го предвид, веќе потврденото, силно влијание што овие општествените прашања го имаат врз целокупното функционирање на општествено живеење, јасно е дека грижата за овие прашања не може да се оствари без колективна акција, а тука особено е значајна и корпоративната грижа.

Стратегиската заложба за унапредување на општествените прашања веќе се интегрира во фокусот на корпоративните агенди, особено од страна на големите корпорации. Дека позитивните практики во таа насока ќе продолжат, сигнализира и засилената примена на ESG (Environmental, Social and Governance) концептот. Овој концепт овозможува да се обезбеди кохезивен пристап при креирање на корпоративна стратегија за одржливост. Во зависност од вредностите, потребите и очекувањата на клучните засегнати страни и деловниот модел, ESG концептот ги адресира и интегрира факторите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето во процесите на донесување на одлуки.

Корпоративната грижа за општествените прашања претставена преку ESG се однесува на тоа како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, потрошувачи, добавувачи, но и, генерално, на опкружувањето во коешто делува. Централното прашање се луѓето, како од аспект на нејзините директни операции, што го вклучува управувањето со својот човечки капитал и своите производи и услуги, така и од аспект на индиректните операции, што го вклучува разгледувањето на социјалните политики и практики низ целиот синџир на снабдување, како и корпоративната општествена одговорност.

Како резултат на тоа, целите се во насока на унапредување на работната средина за вработените и нивните вештини, заштита на човековите права, вклучително и борба против модерното ропство и детскиот труд, како и активно учество и соработка со членовите во заедницата при решавање на прашања што влијаат на нивната благосостојба.

Мерење на индикатори

За да може успешно да се остварат овие цели, компаниите воспоставуваат индикатори, чија крајна цел е преку нивно мерење и следење да се унапредат активностите во насока на градење силни општества. Дел од овие индикатори вклучуваат број на нови вработувања, обрт на вработени, процент на вработени кои имаат пристап до информација за кариерен развој, просечен број на часови тренинг по вработен, вкупно часови на волонтерство од страна на вработените, вкупен број на корисници кои имале придобивка од проект или кампања, број на извршени бесплатни услуги или услуги со драстично намалени цени, износ на дадени донации во општеството, како и број на добавувачи кои што се обврзале дека ќе почитуваат одреден кодекс на деловно однесување.

Исто така, индикаторите во делот на општествените прашања вклучуваат мерење на податоци поврзани со повредите на работно место, промовирање и унапредување на грижата за здравјето на вработените, половата еднаквост и разновидност.

Сепак, мерењето на овие индикатори со цел да се утврди социјалното влијание на корпоративните активности, има и свои предизвици. Впрочем, преовладува ставот дека кога станува збор за ESG известувањето, општествените прашања е најтешко да се измерат. Имено, покрај стандардните предизвици поврзани со ESG известувањето, комплексноста кај општествените прашања произлегува особено од предизвикот за дефинирање на општоприфатени и унифицирани стандарди за мерење на социјалното влијание. Дополнителен предизвик е и обезбедувањето на вклученост во процесите од страна на засегнатите страни во синџирот на снабдување. Меѓутоа, колку и да е сложено, не е невозможно. Впрочем, многу компании проактивно ги имплементираат факторите поврзани со општествените прашања во нивните стратегии и процеси на одлучување мотивирани од вредноста што се создава како резултат на истото.

Создавање отпорност и превенција на одредени ризици

Покрај зголемување на деловните можности и подобрување на продуктивноста на вработените, како и градење на моќен и доверлив корпоративен бренд што се препознава од сите засегнати страни, грижата за општествените прашања е особено значајна и за создавање отпорност и превенција на одредени ризици. На пример, грижата за вработените и потрошувачите го минимизира ризикот од работни штрајкови или протести на потрошувачите кои што можат сериозно да влијаат на профитабилноста и угледот. Политиките поврзани со синџирите на снабдување може да ја минимизираат изложеноста на различни конфликти и кризи, а со тоа да придонесат кон поголема стабилност во работењето.

Дел од корпоративни практики што ги спроведуваат компаниите коишто се дел на Комитетот за ESG во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија поврзани со општествените прашања вклучуваат различни иницијативи за едукација на млади, грижа за ранливите и повозрасните категории на население, изградба на модели за активно учество на компаниите во решавање на социјални прашања, како и поддршка на културни и спортски настани и активности кои се од јавен интерес.

Исто така, во однос на грижата за сопствените вработени, се остваруваат активности за подобрување на нивното физичко и ментално здравје, како и создавање на можности за унапредување на нивните вештини. Активностите во синџирот на снабдување, вообичаено, вклучуваат изработка и дистрибуција на кодекс на однесување за добавувачи преку кој што се обезбедува придружување кон ESG стандардите во деловно работење.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%