Connect with us

македонија

Корпоративната донација креира дом за секое дете

објавено

на

По повод Светскиот ден на човечката солидарност, СОС Детско село го организираше традиционалниот настан „Едно семејство“, на кој исто така, ги повика сите корпоративни и индивидуални донатори да ја покажат својата солидарност. Оваа година, Статуетка за Најголем корпоративен донатор добија Пивара Скопје, Осигурување Македонија и Агенцијата за електронски комуникации.

„Живеењето и работењето во 2020 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско Село приоритет беа 590 деца, млади и семејства на кои им требаше нашата и вашата помош и поддршка“.

Со овие емотивни зборови, националниот координатор на СОС Детско Село, Јулијана Гапо, се заблагодари на сите донатори кои со својата корпоративна филантропија овозможија децата и младинците да ја живеат својата иднина. По повод Светскиот ден на човечката солидарност, СОС Детско село го организираше традиционалниот настан „Едно семејство“, на кој исто така, ги повика сите корпоративни и индивидуални донатори да ја покажат својата солидарност.

Оваа година, Статуетка за Најголем корпоративен донатор добија Пивара Скопје, Осигурување Македонија и Агенцијата за електронски комуникации.

„Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка на заедницата и на општествено одговорните активности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме секогаш посветени, дури и во услови на пандемија. Во рамки на ваквото делување, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Сите вработени во Пивара Скопје сме посебно горди и се радуваме на нашите волонтерски активности и дружењето со децата од СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти во текот на целата година. Оваа година поради пандемијата ќе ги организираме да присуствуваат на заедничка on-line Новогодишна дружба заедно со децата на нашите вработени“, порача Горан Сладиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.

СОС Детско село преку програмата за грижа, советување и менторство за млади, во рамки на настанот „Едно Семејство” организираше и продажна изложба на делата на Мартин Буровски како можност за поддршка на младиот и надежен уметник во развој на неговата професионална кариера.  На настанот  беа изложени 12 продажни уметнички дела и компаниите и индивидуалците несебично го поддржаа младиот уметник. Упатуваме посебна благодарност до Пакомак, Винарија Тиквеш, Веро Маркети, ЈП Водовод и Канализација Македонија, Пивара Скопје, до Симона Димитрова и Силвана Ивановска кои купија уметнички дела.

Плакета за поттикнување индивидуална филантропија добија ЈПВодовод и канализација Македонија и ВЕРО Маркети. „Да се биде дел од големото семејство на СОС Детско село е привилегија и чест а да се поддржи неговата мисија е навистина благородна работа. Нашата цел како општествено одговорно претпријатие е да делуваме на подигнување на свеста за есенцијалното значење на индивидуалната филантропија. Продолжуваме посветено за исполнување на едни поинакви желби во нашата заедничка успешна приказна“, вели генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Душко Весковски.

Според неговиот колега, генералниот директор Петар Денковски на ВЕРО Маркетите, „компанијата Веро како општествено одговорна компанија и во услови на пандемија ќе продолжи да иницира и реализира хуманитарни активности посветени на ранливите групи. Оваа компанија силно верува во начелото на СОС Детско село дека Ниту едно дете не треба да расте само и во согласност со компаниското начело „Се грижиме едни за други“ ќе продолжи да им дава поддршка на најмладите давајќи придонес кон напредокот на целата заедница“.

Плакети за значаен придонес и поддршка добија компаниите Кап Карго, Пакомак, Хуссе-Кордеа, Гранит, Битолска Млекара, Алкалоид АД Скопје, Тулбе БВ, Форма, Фармахем, Унија Финансиска, Еко Мозаик, Макпрогрес, АД Др Пановски.

За поттикнување филантропија кај вработените плакета добија Шпаркасе Банка и Илинка Захарчева Буддс – Google.

Благодарница за придонес и поддршка во 2020 година добија Везе шари, Комисија за хартии од вредност, Бест Веј, Аптив, Аптека Ани Фарм, Мебел Ви, Шортлист ЛЛЦ, Тиан Де, Перутнина Птуј, Боград Струга, Бе-Да Логистик, Тетекс Ад Тетово, Експекта Медикал, Дабар Дооел, Пекабеско АД, Вато Доо, Цилиндо Интернационал, Блиц Инженеринг и Салекс ИНГ.

Солидарноста и љубезноста кон другите е најдобрата човечка особина, таа не разбира јазик, таа не разбира граници или религии, туку таа почива на нашата универзална вредност- човечноста. Да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!

Успехот на СОС Детско село, успехот на многу деца и младинци и на многу родители од ранливи категории би бил некомплетен без поддршката и солидарноста на бројните партнери, донатори и соработници од корпоративниот сектор и индивидуалните донатори. Благодарение на нивната несебична поддршка, СОС Детско село ги менува животите на децата, младинците и семејства во ризик.

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)