Connect with us

start up

Корпоративно партнерство: PwC и Стартап Македонија

објавено

на

PwC на глобално ниво нуди поддршка и на повеќе начини им помага на start-ups и scale-ups компаниите да го достигнат својот потенцијал, без разлика дали некоја од нив ќе стане светски познат бренд или пак ќе се развива на одржлив начин.

Во рамки на програмата Corporate Innovation Collaborators која има за цел зголемување на соработката меѓу стартапите и корпоративниот сектор, Стартап Македонија со задоволство најавува уште едно корпоративно партнерство, со PwC – PricewaterhouseCoopers North Macedonia.

Стартапите се крвотокот на глобалната економија и витален извор за вработување ширум светот. Секоја „unicorn” компанија најнапред започнала како стартап, постепено достигнувајќи го успешниот бизнис кој го има и ужива денес. 

PwC на глобално ниво нуди поддршка и на повеќе начини им помага на start-ups и scale-ups компаниите да го достигнат својот потенцијал, без разлика дали некоја од нив ќе стане светски познат бренд или пак ќе се развива на одржлив начин.

„Имаме тим составен од искусни консултанти кои работат со стартапи ширум светот. Многумина од нив ја започнале својата кариера во стартап компании, дел од нив дури и креирале свои стартапи пред да ни се прдружат во PwC, а некои од нив се уште го негуваат својот интерес за разој на свои стартапи. PwC во Северна Македонија неколку години по ред остварува одлична соработка со стартапите локално како и со различни чинители кои го сочинуваат Стартап Екосистемот (акцелератори, фондови за финансирање, невладини организации и сл.), и заедно со Стартап Македонија работиме на  поддршка за развој и напредок, како и креирање на можности за  заедничка соработка, потенцијални средби и размени на искуства,“, изјавија од PwC. 

Стартапите се од суштинско значење за динамичниот и конкурентен пазар, бидејќи нивниот брз развој и капацитет за иновација се клучните елементи кои ги одржуваат етаблираните компании „на нозе“. Иако на стартап екосистемот во С. Македонија му претстои долг пат, неговиот потенцијал не треба да се потценува. 

„Програмата за подршка на стартапи која Стартап Македонија ќе ја развива ќе овозможуви полесен пристап до глобалното знаење, услуги и мрежа на PWC. Веќе одамна работиме а планираме да ја интезивираме соработката за  подобрување на бизнис климата и пристап до приватен капитал преку Бизнис ангели Крауд фундинг платформи итн. Особено ни е драго што компанија како PwC стана дел од нашата Corporate Innovation Collaborators програмата“, изјави Игор Маџов од Стартап Македонија.

Како дел од услугите на PwC кои ќе можат да ги искористат стартапите се:

  • Бизнис консалтинг (изработка на бизнис планови, пристап до финансии, изработка на „pitch deck“, проценка на вредност, развој на стратегија и др.)
  • Адвокатски услуги (преглед и советување при подготовка на договори со инвеститори договори за вработување и сл., GDPR compliance, изработка на „share option“ планови, правни длабински анализи и др)
  • Даночни услуги (структурирање на даноци и даночно работење соодветно за стартапи, даночни советувања за интелектуална сопственост, воспоставување на трансферни цени, советување при даночни обврски кај вработени и др.)
  • Ревизија и IT ревизија (Risk Assurance) (анализа на системите во компанијата и идентификација на потенцијални ризици, усогласување со GDPR политики, сертификати од трети стандарди како на пример ISAE3402/SSAE16 и др)

Краток текст за тоа како PwC ги гледа стартапите како една од движечките сили на општеството. 

Корпорациите кои се заинтересирани да се приклучат и да станат дел од програмата Corporate Innovation Collaborators во соработка со Стартап Македонија можат да добијат повеќе информации со испраќање маил на info@startupmacedonia.mk .

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка