регион
Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

КЕДС ја обвини Владата на Косово затоа што „на добавувачите не им поделила ниту цент од субвенциите што изнесувале 100 милиони евра“.
Косовското претпријатие за електродистрибуција (КЕДС) соопшти дека денеска почнуваат рестрикциите за електрична енергија во земјата.
Потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени.
Потрошувачите ќе се снабдуваат исклучиво со електрична енергија од домашно производство, бидејќи КЕДС веќе нема финансиски средства да купува струја, велат од компанијата.
Од КЕДС наведуваат дека ваквата состојба настанала поради енормно високите цени на електричната енергија на меѓународните пазари и поради недоволното покривање на трошоците на системот.
КЕДС ја обвини Владата на Косово затоа што „на добавувачите не им поделила ниту цент од субвенциите што изнесувале 100 милиони евра“.
„При вонредната ревизија на тарифите, регулаторот ја зеде предвид државната субвенција од 100 милиони евра. Ниту еден цент од таа сума не беше распределен на добавувачот. Тоа дополнително ја влоши ситуацијата“, се вели во соопштението.