Connect with us

интервју

Коста Костовски: Стечајот на Еуростандард Банка е нетранспарентен и се одолговлекува на штета и на акционерите и на доверителите

Коста Костовски, претставник на акционерите во Еуростандард банка (сега во стечај)

објавено

на

„По сила на закон, при носењето на одлуката за укинување на дозволата за работа на банката ни се отворија многу постапки. За истите постапки, повеќе од три години  секаде наидуваме на ѕидови и нејаснотии околу тоа реално до каде се постапките кои се водат, независно дали станува збор за управна или стечајна, кривична или извршна постапка, посебно кога општо познат е фактот за улогата и функцијата на судскиот систем. Институциите молчат или пак топката ја префрлуваат од еден на друг без оглед на тоа  што имаат јасни и прецизно дефинирани законски надлежности.“

Г-дин Костовски, поминаа повеќе од три години од отворање на стечајот на Еуростандард банка, па кажете ми за почеток, во каква ситуација сте сега вие (семејството Костовски) во однос на епилогот од целата ситуација околу банката?

Семејството Костовски се покажа како издржлив столб во потрага по вистината, во таа напорна борба со низа видливи и невидливи ветерници,  убедени дека епилогот од целата ситуација ќе биде во интерес и за доброто на сите доверители, за најнакрај и семејството Костовски  да ги почувствува уставно гарантираните човекови права, како секој еден акционер или инвеститор во банка, чија што инвестиција е однесена во стечај под крајно неразјаснети околности.

Колку загуби вашето семејство како сопственик на капиталот?

Капиталот е мерлива категорија. По завршување со сценариото околу стечајот над ЕСБ, семејството Костовски преку интензивно водена медиумска кампања од страна на јавен орган, кој во една непринципиелна управна постапка констатира исполнетост на услови за стечај над банката, првенствено е јавно осудено.

После оваа јавна осуда, пост фестум , удрија тапаните за виновници, врз честа и угледот на семејството. Од овој аспект загубата која е нанесена е немерлива, и за доверителите и за нас, затоа што наназад три години се соочуваме со невидени системски  правни лавиринти.

Висината на загубата е во рацете на овластените проценители, a за точниот износ на висината на загубата или штетата ќе треба да се произнесат тие.

До каде се постапките што ги води државата против вас како наводни виновници за пропаѓањето на банката?

Со самиот факт што на регулаторот НБРСМ и по постојниот Закон за банките му стоеле на располагање средства или мерки, кои доколку по нивната нормативна хронолошка последователност  ги презел би значеле спас за една банка, а НБРСМ односно гувернерот одлучил да не ги преземе, укажува дека НБРСМ  не ја практикувало својата обврска на регулирање на банките кои имаат проблем, независно дали тие се мали или системски.

За било кој правен субјект да пропадне вообичаено е да се постави прашањето зошто пропаднал, посебно кога неговото пропаѓање повлекува и влијае врз судбините на голем број физички и правни лица.

Официјалните  податоци укажуваат на фактот дека Народната банка не спасила ниту една банка до сега која имала проблеми, едноставно не воспоставила правна пракса за вакво нешто иако правната регулатива ова ѝ го овозможува.

По сила на закон, при носењето на одлуката за укинување на дозволата за работа на банката ни се отворија многу постапки. За истите постапки, повеќе од три години  секаде наидуваме на ѕидови и нејаснотии околу тоа реално до каде се постапките кои се водат, независно дали станува збор за управна или стечајна, кривична или извршна постапка, посебно кога општо познат е фактот за улогата и функцијата на судскиот систем. Институциите молчат или пак топката ја префрлуваат од еден на друг без оглед на тоа  што имаат јасни и прецизно дефинирани законски надлежности.

Велите дека каде и да се обратите наидувате практично на ѕид, префрлање на топката од една на друга инстанца…кои се според вас клучните системски проблеми на коишто наидовте при стечајната постапка на Еуростандард?

Системски проблем се состојбите во јавната администрација, која сѐ уште не е реформирана, која не нуди соодветни законски решенија, ниту пак води сметка или статистика за практичната примена на постојните законски решенија и  делотворно усогласување со ЕУ директивите. 

Прифаќањето или признавањето на грешките е нужност  кон  и за  делотворно делување. Во Македонија ова не се практикува.

Како акционери на банката, ние не само што тоа си го признавме, туку и конкретно и транспарентно преземавме јасни чекори во правец на спас за банката, со сторената докапитализација од 70%. Но што добивме, добивме осуда и смрт за банката.

Здрава администрација, извршна и судска власт ова не би требало да го прави.

Преку примерот на ЕСБ и поради тежината на самиот стечај,  се соочивме со реалноста  во која секој еден закон се материјализира на основ воспоставена пракса, а не на доследна примена на Уставот и законот.

Ова упатува на можноста од голем број завршени предмети кои незабележително го поминале овој пат,  преку недоследното  почитување на Уставот и законите.

Каков е вашиот коментар во однос на Фондот за осигурување на депозити и неговата улога во стечајната постапка за Еуростандард?

Фондот за осигурување на депозити, ја одигра клучната улога по првичниот шок од објавата за исполнетост на услови за стечај на банката.

Сакам да нагласам дека, врз база на законската регулатива, во Фондот за осигурување на депозити Еуростандард банка ги имаше осигурено депозитите на депонентите преку плаќање на премија.

Македонската институција Фонд за осигурување депозити со законот со кој е уредено работењето на оваа институција не е организирана  поинаку од таканаречениот модел „кутија за исплата“ или „благајна“ и служи исклучиво за обештетување на депонентите.

Сепак, при реалното извршување на нејзината законска обврска за обештетување на депонентите, и покрај фактот што е организирана како „благајна“  таа секогаш си  припишувала за себе права кои не ѝ припаѓаат,  како и во случаите со другите банки во стечај.

Поради овој факт, ненормирано право наспроти нормирана обврска, оваа институција се оцени самата себе си како еден од стечајните доверители по пат на поднесување на стечајна пријава и себе си се стави пред сите останати доверители, иако нејзината основна функција е во служба за обештетување токму на доверителите – депоненти. За неусогласеноста на националната регулатива со европските  директиви од оваа област уште на почетокот од 2020 година проговори Парламентарниот институт при Собранието на РСМ. 

Кај Фондот имаше таква неусогласеност со регулативите на ЕУ, што мораше Уставниот суд да укинува одредба од актуелниот Закон за банки, за да исправи нешто што е дискриминирачки. За што конкретно се работеше?

Прифаќањето или признавањето на грешките е нужност  кон  и за  делотворно делување. Во Македонија ова не се практикува. Како акционери на банката, ние не само што тоа си го признавме, туку и конкретно и транспарентно преземавме јасни чекори во правец на спас за банката, со сторената докапитализација од 70%. Но што добивме, добивме осуда и смрт за банката. Здрава администрација, извршна и судска власт ова не би требало да го прави.

За граѓанството да ја разбере исклучителната важност на оваа институција која е една и единствена од тој тип во Македонија треба да биде обелоденето дека ваков тип на институција е присутна во сите земји од нашето опкружување, нашите соседи, независно дали истите се дел од европското семејство или го врват патот за членување во ЕУ како нас.

Точно е,  Уставниот суд, по иницијатива која не потекна од судството или институциите иако за истото  тие се овластени, туку од депонентите, во 2021 година донесе одлука со која во целост ја укина одредбата од член 163 став 3 од Законот за банките  оценувајќи  дека оваа законска одредба е неуставна.

Истовремено, уставните судии кои не гласаа за укинување на одредбата од член 163 став 3 од законот за банките, преку издвоено мислење се произнесоа дека проблемот е и во друг закон, а тоа е Законот за Фондот за осигурување на депозити, додека пак во Извештајот на делегацијата на ЕУ во Македонија за 2022 година јасно стои дека државата треба да направи соодветни измени во Законот за банките и во Законот за Фондот за осигурување на депозити и да се усогласи со европското законодавство од оваа област.

За жал Уставниот суд нема надлежност да се усогласува со ЕУ директивите од оваа област, ниту пак има капацитет по анализите кои се вршени повратно да води статистички податоци како секоја една донесена уставна одлука се материјализира во реалното секојдневие на жителите во Македонија, затоа што за спроведување и реално извршување на уставните одлуки грижата е во надлежност на извршната власт и судовите.

Извршувањето на уставната одлука, која е конечна и извршна, е уставна и законска должност за секого, особено за органите на стечајот, и доколку предметната и реално се имплементираше во стечајот на ЕСБ, досега кон сите доверители ќе беа реализирани, односно извршени исплатите на нивните правосилно утврдени побарувања.

Но, и после три години од отворање на стечајот над ЕСБ, а повеќе од две години од конечноста и извршноста на уставната одлука, поради незапирање на извршувањето на поединечниот правосилен акт донесен од страна на еден од органите на стечајот, агонијата со стечајот над ЕСБ продолжува преку една крајно нетранспарентна и  од разни страни подвргната под притисоци стечајна постапка.

Сето ова е крајно обесхрабрувачки за секој еден инвеститор.

Кои други слабости во системот ги детектиравте, а коишто и понатаму би правеле проблем во некој иден евентуален стечај на банка во земјава?

Во јавното мнение НБРСМ се прикажува како високо усогласена институција со ЕУ нормативите, но впрочем на терен истите не ги практикува. Таа не признава дека не е усогласена со ЕУ директивите од областа на осигурувањето на депозити и не презела никакви чекори за доусогласување до сега, што претставува  системска слабост.

Со самиот факт што на регулаторот НБРСМ и по постојниот Закон за банките му стоеле на располагање средства или мерки, кои доколку по нивната нормативна хронолошка последователност  ги презел би значеле спас за една банка, а НБРСМ односно гувернерот одлучил да не ги преземе, укажува дека НБРСМ  не ја практикувало својата обврска на регулирање на банките кои имаат проблем, независно дали тие се мали или системски.

Велите дека стечајот е во своевидна агонија… Објаснете за нашите читатели зошто сметате дека стечајната постапка е нетранспарентна и се одолговлекува на ваша штета?

Стечајот на Еуростандард банка е агонија за сите доверители како и за нас акционерите, затоа што од средствата и имотот на правното лице, кое повеќе не постои како банка, треба да се исплатат  сите лица доверители по  нивните правосилно утврдени побарувања. 

Податоците од економско финансискиот извештај за ЕСБ, која повеќе не постои како банка, во суштина говорат дека активата е поголема од пасивата, а бидејќи е тоа така се поставува прашањето зошто истата не е спасена, а е отворен стечај?!

Почнувајќи од 2021 година па наваму иако се повикуваме на законското право да имаме податоци до каде се случувањата во оваа стечајна постапка и да ни се доставуваат месечните извештаи кои се законска обврска, никогаш не ни е одговорено на нашите многубројни барања.

Согласно одредбата од член 34-а од Законот за стечај стечајниот управник доколку не ни ги достави овие податоци треба да ни каже каде истите се наоѓаат. Меѓутоа, немаме добиено информација ниту за ова, а на база на извршен увид во списите од стечајното досие за ЕСБ не сретнавме ниту еден месечен извештај кој како таков е нормиран.

Нетранспарентноста е спротивна и на јавниот интерес и воопшто на штета на секој еден доверител во оваа стечајна постапка над банка, посебно поради тенденцијата за неизвршување на уставната одлука или незапирање на извршување на поединечниот правосилен акт првенствено од страна на стечајниот управник, како доносител на овој акт.

Поради непочитување и недоследна примена на Уставот и законите сѐ до сега, истото се рефлектира и врз нас како штета, независно од фактот што меѓу исплатените доверители се наоѓа и институција на која не ѝ е пропишано правото на управување и располагање со средства по основ на регрес или поврат на исплатени средства по основ на осигурување како што тоа вообичаено е опфатено во законите за овој тип на осигурителни фондови, особено после  укинувањето на одредбата од член 163 став 3 од Законот за банките.

И покрај ваквите околности, не е запрено извршувањето кон Фондот, а досега се намирени доверителите со износ од над  4,3 милијарди  денари  или над 75%. Истовремено пак,  имотот на нашата инвестиција во субјектот кој е под стечај реално се обезвреднува и разграбува, впрочем водењето и одолговлекувањето на стечајот чини пари за кои исто така немаме никаков податок.

Како може стечајниот управник да не ви доставува месечни извештаи за текот на постапката? Се обративте ли до надлежниот орган, судот и сл.?

На ова прашање може посоодветен одговор да дадат органите на стечајот, надлежните судови и по потреба крајно да се произнесе и Судот за заштита на човековите права и слободи во Стразбур.

Да, се обративме до сите надлежни институции и органи, но произлезе дека во праксата не се препознава потребата од практикување на месечни извештаи, обврска која е пропишана од страна на министерот за економија, јавно објавена на веб страната од овој орган, сето тоа според проект финансиран од страна на ЕУ, па одговорот на ова прашање  очекуваме да го добиеме од Апелациониот суд.

Велите дека доверителите се намирени досега со износ од над 4,3 милијарди денари или над 75%, додека вашиот капитал како акционери се обезвреднува и разграбува. Објаснете малку подетално, како ова се прави?

Офајдување од пропаѓањето на ЕСБ има само оној кој приграбил и сака да приграби нешто што не му припаѓа по закон токму преку отворениот стечај над банката, а тоа не се штедачите ниту пак било кој од семејството Костовски. Можам за крај само да кажам дека тажно е што како општество не препознаваме насилници и жртви на насилство.

На банката дозволата за работа не ѝ е одземена туку е укината и тоа како правна последица од донесена управна одлука  од страна на НБРСМ  за исполнетост услови за стечај.

Преку одлука на суд каде судот нема право на слободно судско убедување по закон и устав, затоа што стечај  над банката мора да биде отворен.

Преку нетранспарентна и по диктат водена стечајна постапка, во времетраење повеќе од три години каде стечајните управници не ги применуваат професионалните стандарди и пропишаните обрасци за нивно постапување и најнакрај одолговлекување за најбитното прашање „извршување на уставна одлука“ која досега реално не е извршена.

И што повеќе од ова, сѐ друго е само последица од односот кои институциите на власта го имале и сѐ уште го имаат кон банката, банките и депонентите поточно сопствените сограѓани, иако примери на законски решенија со кои се врши усогласување на оваа проблематика со ЕУ  нормативите  постојат секаде околу нас, тоа не се тајни и недостапни податоци.

Предмет на стечајната маса е и деловната зграда на Еуростандард, во најстрогиот центар на Скопје. Околу нејзиното продавање деновиве се појавија извесни обвинувања дека стечајниот управник намерно ја одолговлекува лицитацијата, на штета на засегнатите доверители што се уште не се намирени, а наводно интерес од тоа сте имале вие како акционери.. Кое е вашето образложение на овие наводи?

Деловната зграда е дел од имотот кој го поседува  ЕСБ.  Да, во изминатиов период се дигна прашина дека ние ја оневозможуваме продажбата, поточно впаричувањето на овој имот, што не е точно.

Впаричувањето на имот на стечаен должник се врши согласно пропишаните правила по законот за стечај, кои пак кажуваат дека продажбата не може да се изврши по процена која е постара од година дена.

По наше укажување, каде што наш интерес е да се впаричи овој имот но по реална пазарна вредност или по процена која законот ја наложува, што сметаме дека треба да биде и интерес на сите доверители, а надлежност за запазување на сите органи на стечајот, донесена е одлука со која објавата за трета продажба по пат на лицитација се укинува, што значи трета продажба следи во иднина.

За волја на вистината, нејасно останува како е можно еден ист доверител во случај кога се одлучуваше за прифаќање на најповолна понуда за деловната зграда на ЕСБ при првата нејзина продажба со важечка по закон процена, иако истата беше драстично повисоко излицитирана од сега спорниот момент, да не ја прифати понудената. Под исти околности не беше прифатена и најповолно понудената цена од второобјавената продажба на зградата на ЕСБ.

За да на третото собрание каде се носеа одлуките за продажба истиот доверител ја прифати скоро идентичната понуда која претходно не ја прифатил, а сeто ова понудено во трите наврати од страна на еден ист купувач.

Од тука, ако некој ги одолговлекува работите може да биде само субјект од чие однесување е условено завршувањето на стечајот кај ЕСБ и намирувањето на сите доверители, а тоа не се во ниту еден случај акционерите.

Ние имаме интерес стечајната постапка час поскоро да заврши и бидат намирени сите доверители на кои законот и Уставот  им го дал ова право, за најнакрај да дојдеме и ние самите на ред.

После сè што се случуваше овие три години, се наметнува заклучок дека пари во стечајната маса има за намирување на доверителите, дека сите на крајот ќе бидат обесштетени, а банката пропадна. Зошто пропадна Еуростандард всушност? Го имате ли овој одговор денес? Кому одговараше пропаѓањето на банката?

Имот или пари во банката има, како акционери не го обезвреднивме имотот на банката, ниту пак го изнесовме, напротив, извршивме 70% од потребната докапитализација во услови на вонредна состојба и ковид пандемија. Па кој е тој што има интерес имотот на банката да се продава под цена и за истото со прст да посочува кон нас како акционери заклучете и самите, и оттаму  во кој правец и заради која цел работите се на овој начин презентирани.

Сметаме и се бориме час поскоро сите да бидат обесштетени, освен оној субјект кому ова право не ну е признато по постојната законска регулатива.

Искрено да веруваме дека банката пропадна од глупост и поради незнаење, немање самосвест и професионализам  за  делотворно нормативно правно,  но и оперативно делување на патот кон ЕУ.

Одредени кулоари и затскриени добронамерници пренесуваат гласови дека некому сме му се огрешиле, иако причина за тоа нема, но сѐ е можно. 

Офајдување од пропаѓањето на ЕСБ има само оној кој приграбил и сака да приграби нешто што не му припаѓа по закон токму преку отворениот стечај над банката, а тоа не се штедачите ниту пак било кој од семејството Костовски. Можам за крај само да кажам дека тажно е што како општество не препознаваме насилници и жртви на насилство.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи