Connect with us

интервју

Коста Петров: Правиме промени за големо раздвижување на стартап сцената, македонска, но и регионална

објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој за само три години има над 1500% раст на портфолиото, а над 50% од компаниите кои ги поддржуваме се стартапи и тоа претежно основани од млади луѓе. Во овој период имаме поддржано 559 компании преку кофинансирани проекти, со над 76 милиони евра инвестиции. Само за споредба, во 2015 година буџетот изнесувал 9 милиони евра, од кои доделени биле само 9%, односно 1 милион. Оттука, две работи се очигледни. Првата е дека во нашата земја има огромен потенцијал за иновации и претприемништво, а втората дека ФИТР е позициониран како централна фигура која треба да го поттикне и забрза развојот. Токму тоа е и крајната цел на активностите кои ги планираме за следниот период.“

Коста Петров влезе во политиката од приватниот сектор, го знаеме како човекот што организираше бројни маркетинг и ПР настани низ целиот свет со својата компанија P World, а во земјава на конференциите како говорници донесе цела плејада ВИП ликови од глобалниот корпоративен и политички естаблишмент. И одеднаш ги изненади сите со неговото седнување во потпретседателскиот кабинет на владејачката СДСМ минатата година.

Јавноста беше поделена околу оваа негова одлука, но Петров вели дека неговите намери се чисти и искрени – сака да помогне во развојот на државава со своето искуство и знаење. Па колку и да звучи ова како излитена флоскула.

„Вистинските промени, големите промени се случуваат преку политиката, но почнуваат од секој од нас. Кога решив да се влезам во политичките води ми беше јасно дека реформите не доаѓаат преку ноќ. Ја имаме таа одговорност да креираме систем кој треба да одговори на потребите на сите граѓани.“, вели Петров во подолгиот разговор за „Капитал“. Повод? Неговото неодамнешно именување за директор на државниот Фонд за иновации и технолошки развој.

Сакавме од прва рака да дознаеме што планира довчерашниот претприемач со својот тим од ФИТР да им понуди на сегашните, а богами и на идните „стартапџии“, иноватори и останати членови на овој екосистем во Македонија.

Каква е вашата идеја и визија за понатамошната работа на ФИТР, сега откако застанавте на чело на оваа институција? Кои се клучните точки на коишто ќе се фокусирате вие  вашиот тим во правец на идниот развој на претприемништвото и стартап сцената во земјава?

This image has an empty alt attribute; its file name is За-внатре1K.jpg
Една од поважните иницијативи на кои работиме е основањето на т.н. Fund of funds. Се работи за хибриден модел на финансирање за посериозен развој на еквити финансирање на нашиот пазар, кој би бил менаџиран од странa на професионално друштво за управување на фондови. На овој начин, покрај државните, ќе се прибираат и средства од приватен капитал и од меѓународните финансиски институции. Овие средства ќе се влеваат во различни инвестициски фондови, за конечно да бидат инвестирани во приватните фирми (seed and venture companies) преку влез во дел од нивната сопственост.

Мојата визија е да ја позиционираме Северна Македонија како регионален стартап хаб, затоа што знам дека имаме голем потенцијал, многу паметни и мотивирани млади луѓе, со креативни и уникатни идеи. ФИТР е во центарот на стартап заедницата, во центарот на иновациите и претприемништвото и како таква сакам оваа институција да биде првата адреса на која ќе се обратат сите оние кои сметаат дека имаат уникатна идеја и амбиција да ја претворат во конкретен производ. Затоа создаваме систем на поддршка кој ќе им овозможи помош и насока во секој чекор – од оформување на идејата до нејзина реализација и позиционирање на пазарот. За оваа цел работиме заедно со интернационалната и македонската стартап заедница, со новиот бран на македонски иноватори.

Прво што сакам да направиме е да ги доближиме услугите и можностите до сегашните, но и идните потенцијални корисници. Воспоставуваме систем на менторство и отворена комуникација, за да им помогнеме на сите кои се заинтересирани да изработат што поквалитетни апликации, но и да изградат успешни компании. Како човек кој доаѓа од приватниот сектор можам да кажам дека надградбата на вештините и следењето на трендовите се клучни за успехот на еден бренд и продукт.

Токму затоа, редовно организираме и пласираме едукативни активности за претприемништво, бизнис, иновации и слично со видни ликови од локалната, регионална и меѓународна сцена. Тука се вбројуваат разни мастер класови, обуки и тренинзи кои ќе им овозможат на нашите претприемачи и иноватори да ги надградат своите вештини и да бидат во тек со најновите светски трендови.

Подготвуваме промени кои вистински ќе го „раздвижат“ стартап светот локално, но и регионално. Една од поважните иницијативи е основањето на т.н. Fund of funds. Се работи за хибриден модел на финансирање за посериозен развој на еквити финансирање на нашиот пазар, кој би бил менаџиран од странa на професионално друштво за управување на фондови. На овој начин, покрај државните, ќе се прибираат и средства од приватен капитал и од меѓународните финансиски институции. Овие средства ќе се влеваат во различни инвестициски фондови, за конечно да бидат инвестирани во приватните фирми (seed and venture companies) преку влез во дел од нивната сопственост.

Инициравме и креирање на Регионалниот фонд за иновации на ниво на Западен Балкан. Како поголем и поатрактивен пазар ќе привлечеме дополнителни финансирања од меѓународни финансиски институции и приватни инвеститори. Овие средства ќе бидат директно насочени кон иноваторите и компаниите, наменети за развој на иновации и технологија.  

Понатаму, за првпат формиравме стартап совет преку кој заеднички ќе работиме на законски измени со цел позиционирање на нашата земја како стартап и регионален хаб. Во ова тело се вклучени сите релевантни актери кои имаат свој удел во стартап екосистемот. Наша цел е заеднички со нив да креираме краткорочна и долгорочна стратегија на ниво на држава и да ја искористиме експертизата на нашите партнери за да ги достигнеме зацртаните цели. Сериозно работиме и на развој на стратегија за дигитални номади. Привлекувањето на ваквите таленти ќе има позитивен ефект врз нашата локална економија и ќе овозможи поблиска соработка на македонските со интернационални претприемачи. Секако, преку размена на знаења се зголемуваат шансите за регионален и глобален успех на нашите компании.

Колку средства инвестираше ФИТР годинава, преку кои програми, во колку компании? Каков е планот за 2021 година?

Годинава беа спроведени 4 повика наменети за поддршка на стартап компании и за технолошки развој, а воведовме и посебен инструмент наменет за брзо справување со Ковид кризата. Покренавме вкупен обем инвестиции од речиси 20 милиони евра, од кои над 11 милиони ги вложуваат самите компании. Ова го нагласувам бидејќи е особено значајно поради тоа што и во време на криза и пандемија, во рамки на овие повици, 247 компании се охрабрија да вложуваат во својот развој и адаптација на своите бизниси, и наместо да размислуваат за преживување и опстанок да можеме да зборуваме за успех и приходи.

Она што мене особено ме радува е што 84 од овие компании, се стартапи кои на своите проекти веќе ангажираат над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари што е околу 30% над просекот. Овие бројки и овие компании покажуваат дека во домашната економија имаме потенцијал и здраво економско јадро кое ќе не извлече напред и ќе ни помогне во трансформацијата на економијата.

Дополнително, над 30 милиони денари се вложени во програми и предизвици наменети за образование и дигитализација. Годинава за првпат е пилотиран повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување на соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри во кој во оваа фаза вложивме 15 милиони денари, а поддржавме и 39 основни и средни училишта со 6 милиони денари кои ќе работат на научно – истражувачки проекти. Заедно со УНДП вложуваме 4 милиони денари во пилотирање на проект за дигитализација на општините. Речиси 5 милиони денари вложуваме во еколошки проекти во рамки на предизвикот О2-2 наменет за справување со климатски промени.

За следната година, покрај постоечките, креираме и нови инструменти и предизвици, особено за стартапите. На располагање имаме буџет од над 700 милиони денари кој ќе го вложиме во домашните компании, бидејќи со вложување во иновации, поддржуваме раст и напредок и на компаниите и на македонската економија.

This image has an empty alt attribute; its file name is За-внатре20-1024x578.jpg
Годинава покренавме вкупен обем инвестиции од речиси 20 милиони евра, од кои над 11 милиони ги вложуваат самите компании. Ова го нагласувам бидејќи е особено значајно поради тоа што и во време на криза и пандемија, во рамки на овие повици, 247 компании се охрабрија да вложуваат во својот развој и адаптација на своите бизниси, и наместо да размислуваат за преживување и опстанок да можеме да зборуваме за успех и приходи. Она што мене особено ме радува е што 84 од овие компании, се стартапи кои на своите проекти веќе ангажираат над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари што е околу 30% над просекот.

Какви се резултатите од евалуацијата на компаниите што ја правите откако добиле средства од ФИТР: колкав дел од нив се’ уште успешно работат; колку нови работни места креирале откако добиле финансирање; колку нов приход оствариле; колкав дел, пак, не издржале и затвориле?

Фондот е една од ретките институции која прави годишна анализа на ефектите од вложените средства. Бројките за годинава ќе ги имаме веќе на почетокот од следната година, но од она што може да се види од кварталните извештаи ни дава надеж дека и оваа година голем дел од домашните компании кои се дел од портфолиото на ФИТР ќе имаат позитивни биланси.

Дополнително, уште на почетокот од пандемијата Фондот на своите корисници им понуди опција за привремено стопирање на активностите со цел компаниите да може да се прилагодат кон новонастаната ситуација, и само 23 или околу 5% од вкупниот број компании ја искористиле оваа можност. Овој факт, што толку мал број компании имале потреба од ваква мерка ни дава потврда за оптимизмот.

Според нашата статистика на проектите поддржани од Фондот веќе се ангажирани или во процес на директен ангажман се над 10.000 лица, со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е далеку над националниот просек.

Анализите од претходните години ни покажуваат дека вложените пари се враќаат. Минатата година на пример имаме 71 процент раст на добивката во просек во споредба со претходните години,11 проценти раст во приходите, 6 проценти пораст на вработени, а овие компании уплатиле 3,5 милиони евра повеќе во јавните фондови за 2019 отколку ФИТР што исплатил кон економијата во истата година. Со други зборови три и пол милиони повеќе во буџетот – повеќе пари за училишта, болници, пензии, социјална заштита и други реални потреби на граѓаните.

Ова покажува дека со програми кои се креирани по мерка на компаниите резултатите се неминовни.

Каков е вашиот став за нивото на развојот на македонскиот стартап екосистем во моментов, ако го споредиме со состојбите во регионов и Европа? (за споредба со САД или Израел, да речеме,  секако дека би било премногу претенциозно да дискутираме)

Северна Македонија бележи значително подобрена позиција на Глобалниот Иновациски Индекс – раст од 27 места во последните две години. Земајќи предвид дека како држава досега сме немале стратегија за развој на стартап екосистемот, ниту механизам за континуирана комуникација меѓу релевантните чинители во полето на иновации и претприемништво, мислам дека имаме одлични резултати. Фондот за иновации и технолошки развој за само три години има над 1500% раст на портфолиото, а над 50% од компаниите кои ги поддржуваме се стартапи и тоа претежно основани од млади луѓе. Во овој период имаме поддржано 559 компании преку кофинансирани проекти, со над 76 милиони евра инвестиции. Само за споредба, во 2015 година буџетот изнесувал 9 милиони евра, од кои доделени биле само 9%, односно 1 милион. Оттука, две работи се очигледни. Првата е дека во нашата земја има огромен потенцијал за иновации и претприемништво, а втората дека ФИТР е позициониран како централна фигура која треба да го поттикне и забрза развојот. Токму тоа е и крајната цел на активностите кои ги планираме за следниот период.

Според вас, што треба подобро да се направи во рамки на домашниот стартап екосистем за да ги дочекаме првите аквизиции од рангот на она што се случи со словенечката Outfit7, хрватската Nanobit, итн.? Имаме ли ние потенцијал и капацитет за лансирање и развој на вакви компании?

Секако дека имаме потенцијал, во тоа сум сигурен. Силно верувам во нашата младина, во креативност и иновативноста која ја носат со себе идните генерации. Но, она што исто така е многу важно – имаме конкретен план за тоа како да им помогнеме на нашите претприемачи да го достигнат врвот. Многу важен исчекор во оваа насока беше формирањето на Стартап советот, во чии рамки уше во првите 90 дена ќе работиме на План за промена на политиките: ќе редефинираме што е стартап, ќе ги лоцираме проблемите, ќе работиме на предлог решенија и законски измени, поедноставување на административните процедури, поголема едукација, отворање можности за вмрежување на македонските стартапи и развој на стратегија за социјално претприемништво. Мислам дека на сите ни е јасно дека стартапите се носители на денешната економија, носители на развојот, на иновациите и на позитивните промени. Во нив треба да вложуваме систематски, и да им помогнеме во секој чекор. Во рамки на среднорочната програма планираме отворање на неколку регионални хабови преку трансформација на постоечки државни објекти, како и други активности преку кои поддршката кон стартапите ја подигнуваме на едно сосема друго ниво.

Каде вие го гледате најголемиот потенцијал за развој на иновативни домашни компании, односно, на кои конкретно области треба да се обрне повеќе внимание? Секако, кога се зборува за стартап екосистемот претежно се мисли на развој на софтверски решенија и сл., но што друго може ние да му понудиме на светот, а креирано од македонски ум?

Прво, за развој е потребна добра едукација – затоа во ова толку инвестираме. Секоја идеја која е иновативна и има потенцијал треба да биде поддржана. Веќе извесно време ИКТ индустријата има голем подем, што е разбирливо земајќи предвид дека живееме во технолошка доба. Овој ефект беше дополнително амплифициран од КОВИД-19 кризата, која на некој начин ја забрза дигитализацијата и ги натера бизнисите да се адаптираат, а со тоа да се насочат кон иднината. Инвестициите во ИКТ се апликативни на сите полиња и токму тоа сметам дека ова ќе биде иднината. Меѓутоа, како што реков, секоја индустрија заслужува еднакво внимание – тоа што го проценуваме е идејата, нејзината уникатност и потенцијал да се развие во успешна приказна. Самото портфолиио на ФИТР, драго ми е што можам да кажам, е доказ дека иновациите се применливи секаде. Ако до пред три години се инвестирало во само осум сектори, денеска имаме компании кои работат на проекти во 20 различни области во кои покрај информатичките технологии, се и енергетска ефикасност, здравство, прехранбена индустрија, екологија, маркетинг и биотехнологија. Во моментот работиме и на стратегија со која ќе ги поддржиме стартапите во земјоделството – ова е многу важно земајќи предвид колкав дел од нашата земја е рурална.

И секако, за да поттикнеме уште успешни приказни, треба да учиме од постоечките. Откако го преземав раководството на ФИТР постојано ги охрабрувам луѓето да зборуваат, да го споделат своето искуство и со тоа да помогнат на другите. Иновациите не се само технологија. Тие се чиста креативна мисла која може да најде примена на секое поле.

Еве, како надоврзување на ова прашање, еден пример…. Имавме кандидат за Оскар, Медена земја. Нели требаше ние како држава да го искористиме тој buzz што се креираше околу филмот, и да направиме цела една кампања за брендирање на домашен мед, баш под името Honeyland, што ќе биде врвен, органски, скап?  Да се ангажираат во целиот процес млади креативци, стартапи, за креирање решенија за дизајн, глобален маркетинг, ПР, потоа, како додадена вредност, иновативни технолошки решенија за примена на тој мед во останати групи производи – козметика и сл.,  и на крајот македонската економија како целина да профитира од појдовната точка – документарецот.  Зошто пропуштаме вакви „пенали“ како општество?

Токму затоа што како држава досега сме немале стратегија која се фокусира на развој на стартап екосистемот. Од една страна мора да научиме стратешки да ги користиме успесите, да ги амплифицираме и пренесеме на секое поле. Само така можеме да почувствуваме бенефит како општество и да поставиме основа за понатамошен напредок во било која област. Но, паралелно мора да овозможиме и услови во кои стартапите природно ќе се раѓаат, ќе растат и ќе се развиваат. А ова ќе го направиме и веќе го правиме со создавање силни и континуирани партнерства меѓу државата, академската заедница и компаниите.

Ве прашале многу пати досега, зошто од претприемачки води решивте да се занимавате со политика… Имате кажано дека е тоа заради најискрениот порив да придонесете во развојот на домашната економија и општество. Какви се вашите согледувања и заклучоци досега: каде е потешко да ги спроведете своите визии и идеи во пракса?  И зошто многу често не се поправаат актуелни состојби во најразлични сфери поради флоскулата “немање политичка волја“? Каде е главниот проблем, односно причина, од релативно лесно решливи  проблеми да правиме „rocket science“ и работите да тапкаат во место, или дури и да се влошуваат? Дали е немањето капацитет, односно недостиг на прави кадри на прави места; често клиентелистички воспоставен систем на односи; тенденција за корупција, односно резонот „а што имам јас од сето ова?“…

Вистинските промени, големите промени се случуваат преку политиката, но почнуваат од секој од нас. Кога решив да се влезам во политичките води ми беше јасно дека реформите не доаѓаат преку ноќ. Ја имаме таа одговорност да креираме систем кој треба да одговори на потребите на сите граѓани.

Ова значи дека визијата и идеите кои ги имаме ние во нашите глави не треба да се само наши, туку да почнуваат од нас и да прераснат во услови и услуги кои ќе овозможат подобар и поквалитетен живот за секој. Ова не е едноставен процес, но ништо не е нерешливо. Имам силна волја и професионално искуство во секторот за кој сум одговорен.

После 15 години меѓународна кариера во маркетинг, компанија која ја почнав и издигнав самостојно од корен можам со сигурност да кажам дека знам точно што им треба на иноваторите и претприемачите. А што имам јас од ова? Сознанието дека зад себе ќе оставам нешто што ќе се направи разлика и ќе им помогне на сите следни генерации. Задоволството дека заедно со нив имаме можност да ја ставиме Северна Македонија на мапата, како регионален хаб, земја на талентирани и амбициозни млади луѓе со решителност да го сменат светот на подобро.

Како да се одржи мотивацијата кај младите за претприемништво, ако се сведоци на трансфери на млади луѓе од бизнисот во политиката? Обично на Запад традицијата е успешни бизнисмени на постари години да се вклучуваат директно во политика (не дека претходно не спонзорирале кампањи и сл.) , откако „дале сe’ што знаеле и умееле на бизнисот“.. Кај нас вие не сте единствен пример на вклучување на млади, 30+ луѓе од бизнисот директно во политиката, па постои ли опасност од резонирањето дека “попусто ти е во МК да се занимаваш со бизнис ако немаш политички грб“ или „штом Петров влегол во политика, мора да чкрипи нешто во целиот бизнис амбиент“?

Мојата одлука да влезам во политика треба да ги мотивира младите да се вклучат активно во позитивните општествени промени и процесите на носење одлуки. Се надевам дека моето делување ќе постави пример за како може знаењето стекнато во реалниот сектор да се трансферира во политиката. Затоа што верувам дека ова е најуспешен модел на градење политики. Кој може подобро да ги разбере претприемачите од човек кој го изодел нивниот пат? Така што би рекол дека процесот е обратен. Успехот во бизнисот ми даде знаење кое можам да го искористам за да придонесам за развој во државата и да им помогнам на идните иноватори. И ги охрабрувам, секој од нив, да ја следат својата визија и да не се плашат да прават тоа што го сакаат, бидејќи така ќе бидат најуспешни.

Покрај „пандемија“, веројатно клучен збор на 2020 е “новата нормалност“. Што значи, според вас, таа нова состојба во која ќе се трансформираат нашите животи, што конкретно тоа значи за нас како држава и економија? На што ние треба сега да се прилагодиме, а што треба да заборавиме?

Ние живееме во четврта индустриска револуција, во економија чиј развој се основа и уште повеќе ќе се основа на стартапите. Така што, пандемијата можеби едноставно нѐ научи да размислуваме похрабро, ни даде повод за забрзување на дигитализацијата и промените кои неизбежно ги носи ова време. Ова е чувството кое треба да го запомниме и да го задржиме темпото на развој кое на некој начин се наметна од реалната потреба. Да успееме да бидеме секогаш чекор напред и да не чекаме повод за дигитализација или иновација. Да ги дадеме навремено одговорите на прашањата кои ќе бидат поставени и решенијата на проблемите кои допрва ќе следуваат. Затоа што ако нешто ни стана јасно измината година е токму тоа – помошта секогаш доаѓа од иновативните умови.

Каква може, а и треба да биде улогата на ФИТР, односно иновативниот стартап екосистем  во тие процеси на трансформација на нашето работење и живеење? Дали сега не е прилика поздраво да нагазиме на процесите на дигитализација, заокружување на е – влада, е – услуги, е- општество, итн.? Се уште трошиме време и одење на шалтер  за крајно банални работи, како вадење извод, итн.

ФИТР е обединувач на иноваторите, на државните и образовни институции. Како такви, ние сме носители на трансформација на македонската економија, а дигитализацијата е голем дел од овој процес. Поддржуваме доста проекти во оваа насока, а мислам дека и самите институции веќе ја гледаат неопходноста од дигитализацијата, која е уште поистакната во изминатиот период.

Решението „Пристап“ кое го спроведовме заедно со Министерството за транспорт и врски е успешен пример за тоа како да се направи дигитално функционално решение за вадење дозволи кое ќе чини 30% помалку од она што било плаќано до сега, а притоа граѓаните да добијат поквалитетна услуга.

Заедно со УНДП неодамна спроведовме повик за дигитализација на општините, а компанијата Ентер од Охрид следната недела треба да го претстави решението за е – платформа која интегрира повеќе алатки меѓу кои воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината; систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, електронски систем на волонтери и онлајн платформа за општински форум. Тоа во суштина значи да нема чекање редови пред шалтерите, туку документот којшто ви треба ќе можете да го добиете со еден клик на компјутерот, да си ги платите сметките онлајн.

свет7 hours ago

Трамп му остава на Бајден берза во супер кондиција

економија1 day ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки3 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју6 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет6 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија6 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија6 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија6 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

интервју6 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија1 day ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки3 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет7 hours ago

Трамп му остава на Бајден берза во супер кондиција

свет6 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија6 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија6 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија