Connect with us

економија

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

објавено

на

Новата програма на ФИТР предвидува доделување на финансиски средства и/или техничка поддршка на новоосновани трговски друштва (стартапи) што ќе овозможи подобрување на реализацијата и пласманот на нивните производи и услуги преку соработка со претпријатија кои имаат значајно присуство и влијание на пазарот.

Фондот за иновации и технолошки развој воведува Програма за корпоративна иновативност која ќе овозможи воспоставување на партнерства и јакнење на соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите, новооснованите трговски друштва.

Програмата за корпоративна иновативност која ФИТР ја воведува за прв пат има за цел поттикнување на иновативните проекти и нивна соодветна примена, размена на искуства и знаења, унапредување на бизнисот, раст и развој на двете страни.

Програмата предвидува доделување на финансиски средства и/или техничка поддршка на новоосновани трговски друштва (стартапи) што ќе овозможи подобрување на реализацијата и пласманот на нивните производи и услуги преку соработка со претпријатија кои имаат значајно присуство и влијание на пазарот.

Од друга страна, на корпоративниот сектор оваа програма му овозможува да добие директен пристап до иновативни решенија за унапредување на работните процеси, подобар пласман на производите и услугите и освојување на нови пазари. Воедно, на овој начин корпоративниот сектор ќе даде значаен придонес во развојот на стартап екосистемот и иновативната економија, притоа обезбедувајќи си општествено одговорно позиционирање.

 Целта на оваа програма е да ги мотивираме големите корпорации и брендови, во партнерство со Фондот, активно да се вклучат во развојот и трансформацијата на македонскиот стартап еко систем. Фактот што досега само од Фондот се поддржани над 300 стартап компании, покажува дека македонскиот стартап екосистем брзо се развива и партнерствата со веќе докажани корпорации и брендови, уште повеќе ќе го забрза процесот на трансформација и ќе им овозможи на македонските стартапи да бидат покомпетитивни и на национално но и на глобално ниво.“ – изјави Коста Петров, директор на ФИТР и додаде дека институцијата, преку повеќе иницијативи интензивно работи и на позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб.

Претставниците од корпоративниот сектор, односно трговските друштва, веќе од денес и во текот на целата година можат да аплицираат за Програмата за копрпоративна иновативност со доставување на пополнет образец со основни податоци за компанијата, област на делување и краток предлог-концепт за партнерство или соработка со Фондот. Во зависност од целите, соработката ќе се реализира преку различни модели, како: организирање на еднократни настани (предизвици, хакатони), споделување на ресурси (бесплатни алатки, простор за работа), поддршка за развој на бизнисот (инкубатори, акселератори) и сл. ФИТР ќе формира Комисија за разгледување на доставените предлог-концепти, додека одобрувањето ќе се врши врз основа на точно дефинирани критериуми.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите