Connect with us

интервју

Коча Бошку: Горд сум на она што го изградивме како Сеавус и среќен што ќе го продолжиме тоа наследство како Киншифт

Коча Бошку, одговорен за телеком, медиуми и технологија во Киншифт

објавено

на

Ребрендирањето на Сеавус во Киншифт не е само промена на името, туку симбол за нов почеток и силна посветеност кон надградување врз нашата богата 23 годишна историја. Ова е сериозно успешна македонска приказна.

Меѓународната групација ККCG со седиште во Чешка, којашто пред две и пол години ја презеде најголемата македонска ИТ компанија Сеавус, во рамки на својата стратегија за развој направи извесни промени, што на крајот значат дека Сеавус, заедно со уште пет ИТ компании од Европа отсега ќе работат во рамки на брендот Киншифт (Qinshift). Довчерашниот главен извршен директор на Сеавус, Коча Бошку, ќе биде одговорен за сегментот телеком, медиуми и технологија во Киншифт и со него разговаравме за тоа што всушност значи ова ребрендирање за домашната компанија и какви перспективи отвора за иден раст и развој.

Објаснете за нашите читатели што подразбира ребрендирањето на Сеавус, односно влегувањето под капата на глобалната  групација Киншифт. Со што сѐ се занимава Киншифт и за колку голема, во европски рамки компанија, всушност се работи?

Во јули оваа година, KKCG Групацијата, објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен, но пред се’ европски лидер од областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на софтвер започнаа процес на интеграција и работат под брендот “Qinshift”, а компаниите од групацијата фокусирани на инфраструктурни проекти под брендот “Арикома”.

Qinshift, интегрира и ребрендира шест компании, меѓу кои и Сеавус, со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи. Со вкупен приход од 200 милиони евра, 3.500 професионалци, преку 300 клиенти и 28 канцеларии во светот, Киншифт е одлично позициониран доверлив и посакуван партнер за дигитална трансформација.

Во последниве шест години, технолошкиот столб KKCG порасна во водечки ИТ играч во Европа, со годишни приходи од речиси 500 милиони евра (11,7 милијарди чешки круни) и има вработено повеќе од 4.000 експерти во 13 компании.

Qinshift, интегрира и ребрендира шест компании, меѓу кои и Сеавус, со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи. Qinshift исто така нуди и деловни консултантски услуги. Компанијата опслужува разновидни клиенти, вклучувајќи големи телекомуникациски и сателитски оператори, финансиски институции, производствени и автомобилски компании, како и организации за мобилност и здравствени услуги, овозможувајќи им да напредуваат во дигиталната ера.      

Денес, Киншифт со вкупен приход од 200 милиони евра, 3.500 професионалци, преку 300 клиенти и 28 канцеларии во светот, е одлично позициониран доверлив и посакуван партнер за дигитална трансформација. Скорешната аквизиција на компанијата “Avenga”, од страна на KKCG, дополнително ќе ја засили положбата на Киншифт како лидер во сферата на софтверски решенија и ИТ консултантство, со што ќе бидеме околу 7000 вработени, со нови локации ширум Европа, Јужна Америка и Азија.

Ребрендирањето на Сеавус во Киншифт не е само промена на името, туку симбол за нов почеток и силна посветеност кон надградување врз нашата богата 23 годишна историја. Ова е сериозно успешна македонска приказна.

Вие сте одговорен за телеком, медиуми и технологија во рамки на Киншифт, па дали всушност македонскиот „огранок“ на Киншифт ги покрива тие сектори, а останатите области што ги работи групацијата се распоредени во другите земји?

Киншифт е глобална компанија, оттука и секторот на телекомуникации, медиуми и технологии,  кои се клучни области во Киншифт, се позиционирани глобално.  Оваа „вертикала“ е најголемата во компанијата. Работиме со водечки компании од телеком индустријата како Vodafone, Deutsche Telekom, Sunrise, Tele2, А1, сателитскиот провајдер Globalstar, итн. Вработените во оваа вертикала работат во неколку локации ширум светот, a меѓу нив една од најголемите канцеларии е токму во Македонија. Диверзитетот на експертизата на нашите вработени е распределена глобално. Често се случува еден тим кој поддржува клиент од телеком, банкарски сектор или автомобилска индустрија да се состои од инженери кои се наоѓаат на различни локации – Македонија, Србија, Шведска или Полска, а сепак заедно како тим функционираат беспрекорно, како да се сместени во иста канцеларија.

Нашето портфолио на клиенти е исто така глобално, со силен фокус во Нордискиот регион, Швајцарија, западна Европа и секако САД.

Какви продукти и услуги нуди сегментот што вие го раководите? Колку луѓе работат во моментов во Киншифт Македонија и какви се перформансите годинава? Колкав приход  и добивка ќе оствари компанијата во 2023, споредено со минатата година?

Секторот за кој сум одговорен опфаќа широк спектар на услуги во рамките на телекомуникациите, медиумите и технолошките компании.Верувам дека иднината на телекомуникациите е во оптимизацијата и корисничкото искуство, област каде Киншифт додава најголема вредност. Со оглед на обемот на нашите услуги и изложеноста кон други индустрии, можеме да им донесеме корист на повеќе клиенти. Зборуваме за оптимизација со помош на вештачка интелигенција, интернет на работи, монетизација на податоци – сите се области во кои имаме длабоко доменско и технолошко познавање.

Во моментов во Македонија имаме повеќе од 800 вработени. Имајте предвид дека на таа бројка набрзо ќе се приклучат и повеќе од 150 вработени во Мусала Софт, уште една од компаниите кои се дел од портфолиото на Киншифт.

Инаку, во 2023 година очекуваме повеќе од 10% раст на приходот и добивката, споредено со 2022 година.

Сеавус беше навистина голема компанија за македонски прилики, не само во контекст на ИТ секторот, па какви се перспективите за понатамошен раст и развој сега како дел од Киншифт? Какви простори за синергија се отвораат? Што значи да се биде дел од поголема меѓународна групација за нејзините вработени во земјава, во смисла на можности за пракса, можеби префрлање во некоја друга локација во рамки на групацијата и сл.?

Со ребрендирањето, Сеавус се интегрираше кон Киншифт, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како меѓународна ИТ компанија. Повеќе од 23 години, Сеавус е посветен на прогрес и нашата нова улога на главна платформа за развој во новата голема групација ни ласка и за нас претставува органски еволутивен процес. Сега имаме можност да работиме во многу поголем обем, а тоа отвора значителни можности за следната, 2024 година и понатаму. А поголемите проекти привлекуваат нови таленти, покренувајќи позитивна повратна спрега, каде што Киншифт продолжува да расте со брзо темпо. Горд сум на она што го изградивме како Сеавус, а во исто време возбуден што ќе го продолжиме тоа наследство како Киншифт.

Да се биде дел од поголема меѓународна компанија како Киншифт секако носи и различни позитивни импликации за нашите вработени во Македонија, кои ќе добијат и пристап до пообемни можности за развој на кариерата. Ова вклучува понапредни програми за обука, извршување на глобални задачи и иницијативи за градење вештини што ги овозможува поголемата организација, како и изложеност на најдобрите глобални практики, индустриски стандарди и различни работни методологии. Ова секако ќе придонесе за нивен понатамошен професионален развој и усвојување на иновативни пристапи.

Треба да се истакне и трансферот на знаења помеѓу различните канцеларии во рамките на глобалната компанија, овозможувајќи им на вработените да учат од своите колеги, кои имаат различни искуства. Исто така, вработените ќе имаат прилика да соработуваат со колегите од различните делови на светот, поттикнувајќи глобална мрежа на професионални контакти и потенцијално унапредувајќи ја соработката на различните проекти. Природно е вработените да имаат корист и од ресурсите и развиената инфраструктура на поголемата глобална компанија, вклучувајќи ги истражувачките и развојни активности, технолошкиот напредок и финансиската стабилност.

Кога би направиле еден осврт на моментната ситуација во ИТ индустријата во Македонија, каква е разликата во однос на периодот од пред 5 или 10 години? Каде е постигнат најголем напредок, а каде сметате дека има предизвици што можеби го забавуваат растот и развојот?

Да се биде дел од поголема меѓународна компанија како Киншифт секако носи и различни позитивни импликации за нашите вработени во Македонија, кои ќе добијат и пристап до пообемни можности за развој на кариерата. Ова вклучува понапредни програми за обука, извршување на глобални задачи и иницијативи за градење вештини што ги овозможува поголемата организација, како и изложеност на најдобрите глобални практики, индустриски стандарди и различни работни методологии.

На глобално ниво, ИТ индустријата забележа значителен раст во изминатата деценија. Напредокот во технологијата, зголемената дигитализација низ секторите и зголемената важност на софтверските решенија придонесоа за ова проширување. Како во светски рамки, така и во Македонија има тренд на усвојување на новите технологии како што се вештачката интелигенција, блокчејн технологиите, 5G и Internet оf Things. Компаниите ширум светот, вклучувајќи ги и македонските, постојано се приспособуваат да ги вклучат овие технологии во своите услуги и производи. Со порастот на работата на далечина и глобалната природа на ИТ индустријата, во последниве години се појави и зголемен акцент на меѓународната соработка и македонските ИТ професионалци се повеќе ангажирани во проекти со глобални тимови и клиенти. Со развојот на технологијата, еволуираше и побарувачката за специфични технички вештини, поради што и македонските ИТ компании мораа да им дадат приоритет на вештините поврзани со cloud computing, сајбер-безбедноста, науката за податоци и останатите новите технологии. Покрај тоа, дополнително се развива и стартап екосистемот во Македонија којшто и ние директно го поддржуваме.

На глобално ниво побарувачката на ИТ кадри е во постојан раст, а растот има тенденција на забрзување. Во Македонија сѐ уште се чувствува недостаток на кадри кои поседуваат доволно техничко знаење, но и соодветно искуство за да се одговори на моменталните потреби на ИТ индустријата и за неа карактеристичните чести промени на трендови. На македонската високо образована работна сила во моментов ѝ недостига соодветна комбинација од специфични знаења и вештини, како и конкретни искуства стекнати во големи и интернационални проекти. Во секој случај, во Македонија дефинитивно има квалитетен кадар, но го има премалку за потребите. Тука пред сѐ ги имам предвид приликите во софтверската индустрија. Ние ја имаме и СЕДЦ, односно денес веќе Киншифт академијата, која сериозно ни помага во доусовршување на кадри во различи сегменти од ИТ доменот.

Како човек што доаѓа од технолошкиот сектор и инженер со долгогодишно искуство, какви се вашите прогнози и очекувања во врска со она што е најжешка тема во светот во моментов – вртоглавиот развој на вештачката интелигенција? Некои го пречекуваат овој развој со раширени раце, кај други постои скепса околу потенцијалните опасности, а што мислите вие, ќе ни овозможат ли машините повеќе да уживаме во другите аспекти на животот освен работата, или само ќе ни ги земат работните места? Каква е иднината на човештвото според вас?

Лично со оптимизам гледам на развојот на вештачката интелигенција иако сум свесен дека ќе се соочиме со сериозни предизвици. Првично, вештачката интелигенција може да придонесе кон автоматизацијата на репетитивни и рутински задачи во работните околини, што ќе ослободи време за креативно размислување и иновации. Ќе добиеме поголема ефикасност во работата, овозможувајќи човекот да се фокусира на високо-степенските аспекти на своите задачи.

Сепак, важно е да се биде свесен за потенцијалните предизвици, вклучувајќи ги етичките и безбедносните аспекти на употребата на вештачката интелигенција. Според мене, вештачката интелигенција не треба да биде видена само како потенцијална замена за работни места. Напротив, таа може да биде инструмент кој ќе го подобри човечкиот живот и да ни претставува најефикасен колега што ќе ни помага во секојдневните задачи.

Важно е да се создаде рамка на регулативи и етика кои ќе го балансираат развојот на вештачката интелигенција со заштита на правата и безбедноста на луѓето.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават