Connect with us

свет

Кој беше Шинзо Абе, поранешниот јапонски премиер убиен во атентат утрово

објавено

на

Додека беше премиер во 2006 и потоа од 2012 до 2020, Абе беше карактеристичен по агресивните политики во одбраната и меѓународните односи, и настојчивоста да се промени пацифистичкиот повоен устав на Јапонија. Исто така, тој форсираше економска политика базирана на монетарно олабавување, фискален стимул и структурни реформи, позната како „Абеномика“.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе починал во болница пред неколку часа, откако утрово беше застрелан за време на предизборен митинг.

Абе бил погоден два пати додека држел говор во јужниот јапонски град Нара. Обезбедувањето веднаш го совладало напаѓачот, 41-годишник којшто сега е во притвор.  Тој не пружил никаков отпор при апсењето, а пукал најверојатно со рачно изработен пиштол. Полицијата при претресот на неговиот дом наводно пронашла експлозивни средства, пренесуваат локалните медиуми.

Пред да биде официјално потврдена смртта на Абе, актуелниот премиер на земјата, Фумио Кишида го осуди нападот со зборовите дека е „варварски  и злобен чин и не смее да се толерира“.

Осомничениот е идентификуван како Тетсуја Јамагами, жител на Нара, за коишто локалните медиуми известуваат дека е поранешен припадник на јапонските сили на воената морнарица и дека активната служба ја напуштил во 2005 година.

Говорот на г-дин Абе бил во рамки на кампањата на неговата партија, Либерално-демократска, во пресрет на изборите за горниот дом на парламентот, коишто треба да се одржат викендов.

Шинзо Абе, беше познат како најдолгогодишен јапонски премиер, којшто функцијата ја извршуваше во 2006, околу една година, и потоа повторно од 2012 до 2020 година, кога се повлече од здравствени причини.

Додека беше премиер, карактеристичен беше по агресивните политики во одбраната и меѓународните односи, и настојчивоста да се промени пацифистичкиот повоен устав на Јапонија, како што коментира Би Би  Си.

Исто така, тој форсираше економска политика базирана на монетарно олабавување, фискален стимул и структурни реформи, позната како „Абеномика“. На позицијата премиер го наследи неговиот близок сопартиец Јошихиде Суга, кого што подоцна го замени актуелниот Фумио Кишида.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал