менаџмент / маркетинг
„Кој е кој во современата менаџмент теорија?“ или „Америка Vs Европа“


М-р Ивона Милева е асистент и Академски координатор на УАКС на Катедрата по бизнис администрација.
Теоријата на менаџмент доживува невиден процут во последните декади. Се’ повеќе професори, истражувачи и теоретичари се бават со најразлични аспекти на раководењето, управувањето и ефикасноста.Европа оди напред науката за менаџмент. Но, ќе требаат години да се стигне Америка, барем во сегментот на менаџмент и бизнис теорија.Во овој текст ќе го разгледаме влијанието на двете најзначајни асоцијации на мислители од областа на менаџмент теоријата: Академија за Менаџмент ( Academy of Management) формирана и етаблирана во САД, и Европската Академија за Менаџмент (European Academy of Management – EURAM). Во следните броеви ќе ги анализираме најзначајните теоретичари, но и практичари на менаџментот.
Вовед или „Како сето тоа воопшто почна?“
Вообичаено, на студентите им предаваме како се развива менаџмент теоријата, и тоа од Адам Смит (Adam Smith) па се’ до Втората Светска војна. Ретко кој професор говори за модерните трендови во менаџмент теоријата.
Всушност тука се јавува и сериозна дилема. Кој има поголем придонес во знаењата за менаџмент: практичарите или теоретичарите?
Таа дилема во науката се отсликува преку двата научни пристапи; „позитивизам“ или објаснување на настанатото и „нормативизам“ или обид за нормирање на реалноста.[i]
Во историскиот развој на менаџмент теоријата и практиката има примери од двата табора.
Фредерик Винслоу Тејлор (Frederick Winslow Taylor), еден од татковците на современиот менаџмент, бил машински инженер и практичар, во периодот кога ја објавил книгата “Принципи на научниот менаџмент“ .[ii]
Макс Вебер (Max Weber), еден од највлијателните социолози и политички економист, татко на „административната теорија “ бил научник, професор и неуспешен политичар.
Хенри Форд (Henry Ford), се разбира е индустријалец и творец на „бесконечната лента“, додека основоположникот на бихејвиористичката школа , Елтон Мејо (Elton May) бил професор и истражувач во индустријата.
После Втората Светска војна има уште поголема поделба меѓу влијанието на теоријата и практиката. Некои теоретичари всушност тврдат дека „теоријата само го објаснува она што практичарите веќе го направиле.“
Сепак, теоријата на менаџмент доживува невиден процут во последните декади. Се’ повеќе професори, истражувачи и теоретичари се бават со најразлични аспекти на раководењето, управувањето и ефикасноста.
Во продолжението да го разгледаме влијанието на двете најзначајни асоцијации на мислители од областа на менаџмент теоријата: Академија за Менаџмент (Academy of Management) формирана и етаблирана во САД, и Европската Академија за Менаџмент (European Academy of Management – EURAM).
Тим на Американ Колеџ, на чело со проф. Марјан Бојаџиев презентираше трудови на годишните конференции и на АОМ и на ЕУРАМ. На АОМ во 2019 – та година ( Бојаџиев, Гнан, Фламини) – тим од УАКС и Тор Вергата – Рим, додека на ЕУРАМ 2020 во Даблин, презентиравме со колеги од УАКС ( Бојаџиев, Стефановска, Томовска)

Академија за менаџмент (АОМ)
Како едни од поважните елементи во академскиот свет, професионалните асоцијации со академски фокус се важни за создавање и примена на знаењето. Како резултат на овој поттик, во 1936 година е основана глобална заедница позната како Академијата за менаџмент (АОМ). Истата е истакната професионална асоцијација за научници во областа на менаџмент и организација. Професори и докторанди, бизнис студенти, академици во сродни општествени науки и други области и практичари кои го ценат создавањето и примената на знаењето се членови на оваа видно позната академија.
Нејзиното постоење се заснова на првичната цел – да се изгради енергична и поддржувачка заедница на научници со значително проширување на можностите за поврзување и истражување идеи, а нејзината визија е инспирација и овозможување подобар свет преку стипендии и настава за менаџмент и организации.
Академијата за менаџмент (АОМ) ги почитува високо квалитетните истражувања, наставата и праксата во областа на менаџментот и организацијата. Негува и заговара етичко однесување во сите аспекти на работата, а исто така обезбедува динамичност и поддршка на заедницата за сите нејзини членови, прифаќајќи ја целосната разновидност на нивното потекло и искуства. Преку почитување на гласот на секој од нејзините членови и засилување на нивните идеи, Академијата за менаџмент (АОМ) гради кооперативни односи со други институции посветени на унапредување на стипендиите и настава за менаџмент и организација.
Историја
Идејата за основање на академската асоцијација АОМ се поврзува со имињата на двајца професори – Чарлс Џејмисон (Charles L. Jamison), Универзитет Мичиген (University of Michigan) и Вилијам Н. Мичел (William N. Mitchell),Универзитет Чикаго (University of Chicago) кои во далечната 1936 година,[iii] ги поканиле останатите колеги – професори по менаџмент, на состанок во Универзитетот во Чикаго, со цел да разговараат за формирање организација на едукатори за унапредување на филозофијата на менаџментот. На кратко, професорите кои присуствувале на тој состанок на 28 декември 1936 година, се согласиле новата организација да се вика Академија за менаџмент (АОМ). На истата било одлучено, идните годишни состаноци да се користат во фокус на истражување на целта на организацијата и за презентација и дискусија на научни трудови.
Со развивање на академијата, се појавила загриженост за недостаток на поддршка за научни истражувања во менаџментот, кои се неопходна основа за дефинирање на АОМ како академска, организација. Поради таа причина, за да се официјализира поддршката на АОМ за истражување и размена на идеи, во 1940 година создаден е статутарен комитет од страна на членството на академијата. Истиот тој устав, кој официјално е усвоен во 1941 година, ја прогласува научната цел на АОМ.
АОМ денес
Академијата за менаџмент започнува како 10 члена организација, а денес брои над 19,000 членови од скоро 120 нации. Денес, АОМ промовира извонредност во веќе воспоставени дисциплини во областа на менаџмент , преку 26-те професионални оддели. Академијата за менаџмент ја поддржува научната активност и размената на идеи преку годишни состаноци, конференции, списанија и придружна содржина и други активности за соработка со останати здруженија. Истата објавува шест списанија кои се посветени на теорија, емпириски резултати, импликации и образование во делот на менаџмент. Сите овие списанија подеднакво придонесуваат за “ширење на видиковиот хоризонт” не само на академијата, туку и на професионалците во вистинскиот бизнис свет. За ова сведочат и бројните списанија и трудови ; се објавуваат 26 списанија на годишно ниво, а секое брои околу 800-1000 научни трудови.
Посебно не радува што во 2019 – та година имавме труд на годишна конференција на АОМ во Бостон, како дел од соработката со Универзитетот Тор Вергата ( М. Бојаџиев, Лука Гнан, Џулија Фламини). Беше посветен на конфигурации за практики на менаџирање со човечки ресурси во семејни фирми.
Европска академија за менаџмент (ЕУРАМ)
За разлика од Академијата за менаџмент, Европската академија за менаџмент е значително “помлада”. Основана во 2001 година во Брисел, ЕУРАМ брои членови од 60 земји. Има висок степен на организациска разновидност, преку кои членовите имаат можност, преку истражување, да се збогатат со знаење за различни теми и традиции во областа на менаџментот. Истата има за цел унапредување на академската дисциплина за менаџментот во Европа.
Во текот на своето постоење, ЕУРАМ развива различни програми и активности преку кои ги подржува членовите во нивната професионална кариера. Покрај, докторскиот конзорциум, стратешките групи преку кои се развива заедницата, програми за истражување посветена на европски директори и програми за млади членови во академијата, ЕУРАМ објавува списание познато како European Management Review, рангирано на 119 место на светско ниво, со фактор на влијание (impact factor) од 1,33. Како резултат на сите тие активности, со околу 2.000 членови, ЕУРАМ е заедница на ангажирани научници во областа на менаџмент во Европа.
УАКС е активен дел на ЕУРАМ до 2016 – та година. Дел од Катедрата по менаџмент како Катедрата за бизнис администрација на УАКС активно партиципираат во ЕУРАМ како рецензенти и автори. На годишната Конференција на Академијата која се одржа Ноември 2020 – та имавме труд од областа на непрофитен менаџмент ( Бојаџиев М., Стефановска М., Томовска А.)
Области
Двете Академии им нудат на членовите можност за потесен интерес. Кај АОM тоа се вкупно 26 области додека кај ЕУРАМ една половина, односно 13. Кај АОМ се нарекуваат дивизии и специјални интересни групи ( DIG’s) [iv] додека кај ЕУРАМ се само специјални интересни групи ( SIG’s).[v]
Тимот на Американ Колеџ и кај двете академии е активен во групите:
- Претприемништво
- Семеен бизнис
- Организациско однесување,
- Стратегија и
- Менаџмент на Човекови Ресурси
Издаваштво
И АОМ и EURAM се бават со издавачка дејност. Изданијата на AOM се следни:

