Connect with us

македонија

Кој е кој на банкарскиот пазар во Македонија

Специјална едиција „Топ 200 најголеми и најуспешни“

објавено

на

Сите 13 банки во Македонија (со сѐ Развојната банка, која што е во државна сопственост), за 2022 година покажаа вкупна добивка пред оданочување во износ од 170,7 милиони евра, а вкупна нето добивка од над 157 милиони евра, што е за 5,7% повеќе во однос на 2021 година. Банките во Македонија во 2022 година оствариле нето приходи од камати во износ од 287 милиони евра, а од провизии и надоместоци 101 милион евра.

Во рамки на специјалната едиција „Топ 200 најголеми и најуспешни“ направивме и посебен осврт на банкарскиот сектор, односно неговите перформанси за 2022 година. Таа година, иако предизвикана од сосема различни причинители, состојбата споредена со претходната, 2021, речиси и да не се разликуваше – неизвесноста беше многу висока, а со тоа и ризиците големи. Народната банка, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата на среден рок, во април 2022 почна со постепено зголемување на основната каматна стапка во неколку наврати, што на крајот на денот значеше и поскапување на кредитите за граѓаните и компаниите.

Ова секако може да влијае на платежната способност на сите субјекти. И покрај сите овие фактори, во 2022 кредитокорисниците во Македонија релативно уредно ги сервисираа своите обврски, со оглед дека процентот на нефункционални кредити кон крајот на годината беше околу 2,9% на ниво на банкарски систем.  Анализите на Народната банка покажаа и дека во 2022 година банките обезбедија највисок годишен кредитен раст во последните десетина години, што се должи на корпоративниот сектор, а кредитите на домаќинствата остварија поумерен раст. На страна на изворите на средства, депозитите од нефинансиските субјекти бележеа променливи движења во текот на 2022 година, што резултираше со побавен годишен раст во споредба со претходната година. Носител на депозитниот раст во 2022 година беа депозитите од домаќинства, но и депозитите од претпријатија бележат раст. Ликвидноста на банкарскиот систем беше  на задоволително ниво, а солвентноста се подобри во 2022 година, при што стапката на адекватност на капиталот достигна највисоко ниво за последните десетина години, од 17,7 проценти.

„Големата тројка“ со речиси 75% од профитот на целиот банкарски сектор

Сите 13 банки во Македонија (со сѐ Развојната банка, која што е во државна сопственост), за 2022 година покажаа вкупна добивка пред оданочување во износ од 170,7 милиони евра, а вкупна нето добивка од над 157 милиони евра, што е за 5,7% повеќе во однос на 2021 година. Банките во Македонија во 2022 година оствариле нето приходи од камати во износ од 287 милиони евра, а од провизии и надоместоци 101 милион евра.

Највисока добивка пред оданочување за 2022 година покажа НЛБ Банка, од 43,6 милиони евра, што беше за 1,78% помалку во однос на претходната година. Од „големата тројка“ следат уште  Стопанска банка Скопје, со 42,6 милиони евра и раст од 4,5%,  и Комерцијална банка со 37,6 милиони евра, што значеше пад од 5,5%. Профитот на трите најголеми банки на пазарот сочинува 72,5% од профитот на целиот банкарски сектор, додека петте најпрофитабилни  банки заедно оствариле 90% од добивката на сите банки заедно.

Највисок пораст на добивката пред оданочување за таа година покажа Шпаркасе банка, од речиси 61%, на 18,3 милиони евра, додека најголем пад имаше кај ТТК Банка, од 33%, на нешто над еден милион евра.

Рекордна година за осигурителниот сектор

Во осигурителниот сектор, пак, 2022 се покажа како рекордна од аспект на вложување во осигурување и од аспект на исплати на осигурени штети, односно најдобрата година во корпоративната историја на осигурувањето во Македонија. Вложувањата во осигурување таа година  надминаа вредност од 208 милиони евра. При тоа пазарот за неживотно осигурување порасна за 9 отсто, а пазарот на осигурување живот се зголеми за 14 отсто.

Инаку, пазарното портфолио во секторот осигурување на крајот на 2022 изгледаше вака: Неживотното осигурување зафаќа 82.2% од вкупниот пазар, а 17,8% е животното осигурување. Бруто полисираната премија (БПП) кај неживотното осигурување беше без малку 171 милион евра минатата година, додека кај животното осигурување изнесуваше 37 милиони евра, покажа извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Порастот на БПП кај неживотното осигурување беше 9,2%, додека кај животното е 13,7%. Кај класата неживотно осигурување најголем удел се’ уште има осигурувањето на моторни возила, од 59%, во чиишто рамки пак, уделот на задолжителното осигурување од автоодговорност е приближно 85%, додека на каско осигурувањето отпаѓа 15%.

Триглав осигурување е компанијата што ја заврши 2022 година со најголема БПП од околу 25 милиони евра во делот на неживотното осигурување и воопшто на целиот осигурителен пазар, што е за речиси 14% повеќе во однос на 2021 година, и пазарното учество на компанијата е 14,4%, пораст од 13,8% за годината претходно. Бруто исплатените штети кај Триглав исто така пораснале лани, за без малку 12% на 10,4 милиони евра.

Со пораст од 11,6% во 2022, на второто место е Уника, која ѝ го зеде „среброто“ на Еуролинк, која што е сега трета, со пораст на БПП од само 0,09% лани. Најголем пораст на БПП кај компаниите за неживотно осигурување има Кроација неживот, од цели 41%, на 15,3 милиони евра, додека пад има само кај Халк осигурување, и тоа за 30,2%, на 11,3 милиони евра.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?