Connect with us

економија

Истражување на Инсајдер ИД: Кој е кој меѓу трговските ланци според потрошувачите во Македонија?

Истражување на Инсајдер ИД – Преферирани ланци на маркети за 2022

објавено

на

Неколку години се заклучува дека тврдите дисконти (hard discounts) се веќе “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти си конкурираат да го привлечат потрошувачот преку различни канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Тврдите дисконти со сигурност во следните години ќе почнат да стагнираат и ќе продолжат со проширување на асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти.

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и трета година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.

Во тековното истражување се додадени и категориите: Најмодерен маркет, Најдобар сооднос цена – квалитет и Маркет со најдобра локациска покриеност. Исто така, додадена и категоријата на најдобар Интернет Маркет.

Претходните приближно три години ги обележаа неколку големи настани кои што особено влијаеја на индустријата за широка потрошувачка. Сепак, во 2022-ра година, компаниите се соочуваат со проблем кој што се очекува да ја обележи цела 2023-та кое е предизвикано од наглото зголемување на цените за сите суровини и финални производи.

Инфлацијата е “подгреана” од повеќе фактори, за кои што и во случај на нивно моментално решавање, ќе биде потребно време за стабилизација на цените на производите. Во крајна линија, зголемувањето на цените на прехранбените производи директно влијае на буџетите на домаќинствата, кои пак во обид да го амортизираат зголемувањето преку оптимизација на трошењето. Очекувано е дека во 2023-та година и покрај можната стабилизација на цените, да се забележи и голема промена во однесувањето на потрошувачите особено во однос на прехранбените производи.

Значителен подем на т.н. „тврди“ дисконти

Подемот на “тврдите дисконти”  од првото истражување во 2017-та година до овогодишното е значителен. Еден заклучок во однос на истражувањето е дека бројот на маркети во кои што потрошувачите пазарат е стабилизиран на 3, за разлика од претходната година каде имаше раст (од 2.7 на 3) што сугерира дека растот на еден маркет со најголема веројатност е стагнација или пад на друг. Тоа ќе предизвика идниот раст на “тврдите дисконти” да биде на сметка на другите ланци на маркети.

Кам Маркет е и во тековното истражување е маркетот каде што пазарат 68% од потрошувачите. Учеството кое што го има Кам Маркет, од првото истражување до денес е во рамките на 60% – 70% што јасно сугерира на високо пазарно учество и континуирано негово одржување и покрај зголемувањето на конкуренцијата и интензитетот на пазарот.

Според податоците од 2017 до денес Стокомак го има најпрогресивниот раст од сите маркети кои што се анализирани и само во последната година има раст од приближно 7% во однос на 2021-та. Од 24.5% се искачува на 56% или анализирано од 2017-та до денес, Стокомак има двојно повисоко учество, а со тоа и потрошувачи.

Значителното зголемување на малопродажната мрежа пратено од ниска ценовна политика, придонесе да Стокомак бележи многу брза пенетрација на пазарот и привлекување на голем број потрошувачи за краток рок и што е најважно да го одржи континуираниот раст веќе 6 години по ред.

Третиот рангиран Тинекс има идентично учество како и претходната 2021-ва година со 31%. Исто како и Кам Маркет, Тинекс бележи континуитет во учеството од 2019 до денес, со варијација од 27% – 33%, за оваа година да биде токму на средина со 31%.

Чии купувачи се најлојални?

Во овогодишното истражување повторно се мери и лојалноста на потрошувачите по маркет. Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот пресметуваа како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 68% од потрошувачите, од нив 45.8% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални.

На првата позиција е Кам Маркет со раст на лојалноста од 41.5% на 45.8% или приближно секој втор потрошувач кој пазари во маркетот е лојален. На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 41.8% од потрошувачите. Бизнис концептот на единствениот хипермаркет во Македонија со исклучително високиот асортиман на производи, очекувано е да ги задржува најголем дел од потрошувачите како “лојални” особено оние кои преферираат пазарење на една локација на повеќе производи во различни категории и голем избор на производи. На третата позиција во истражувањето во тековната година е Стокомак со раст од 30.8% на 36.0% во последната година.

Просечната лојалност за сите маркети во Македонија, бележи намалување од 32% во 2021 на 28%. Истото посочува дека се помал број на потрошувачи за разлика од претходната година се лојални кон определен маркет туку го заменуваат доколку сметаат дека имаат подобра алтернатива. Лојалноста која ја имаат особено Кам Маркет и Веро е нависоко ниво, споредбено со сите останати на пазарот.

Во најновиот дел од истражување се анализира кој е најмодерен, најдобар сооднос цена-квалитет и најдобра локациска покриеност според потрошувачите. Потрошувачите одговараат според нивното размислување и перцепција, без разлика на тоа дали активно пазарат во посочениот маркет или не.

Промена на бизнис моделите

Како најголем новитет во тековното истражување е категоријата за е-продавница (маркет). Потрошувачите одговараат на прашањето “А10. Кој е според вас најпознатиот интернет маркет (без разлика дали активно купувате или не) во Македонија?”.

Како најпозната е-продавница според потрошувачите во Македонија е е-Tinex за 31% од потрошувачите, потоа Paket.mk за 22% и на третата позиција е Веро (verodrive.vero.com.mk) со 13%. Електронската трговија за производи за широка потрошувачка во Македонија се’ уште е во зачеток, но позиционирањето кое го имаат маркетите,  особено на Тинекс, може да придонесе за сериозни финансиски резултати во моментот кога финансиската големина на ваквата електронска трговија ќе биде значително повисока.

Со дополнителното зголемување на учествата за тврдите дисконти, и многу доминантната позиција, се очекува дека во следните години ќе се забележува стагнација во нивниот раст, со исклучок на Киппер кој значително го зголемува пазарното учество. Вкупниот збир на Стокомак, КАМ Маркет и Киппер надминува 145% што посочува дека сите потрошувачи пазарат минимум кај еден од нив, а дел од нив и во двата паралелно.

Неколку години се заклучува дека тврдите дисконти се веќе “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти си конкурираат да го привлечат потрошувачот преку различни канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Тврдите дисконти со сигурност во следните години ќе почнат да стагнираат и ќе продолжат со проширување на асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти.

Според Инсајдер ИД, со влезот на Лидл кој се’ уште се очекува, просторот за проширување на тврдите дисконти ќе биде ограничен и преземањето на потрошувачите од едни кај други ќе биде уште попредизвикувачко. Промената на бизнис моделите пред се’ ќе треба да биде во задржување на моменталните клиенти многу повеќе отколку во привлекување на нови. На краток и среден рок (до 3 години) одржувањето на нивото на потрошувачи и висината на приходите ќе биде пресудно за одржување на компаниите на долг рок.

свет15 часа ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании5 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион5 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју5 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју5 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија5 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија5 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

свет5 дена ago

Пустината под вода

економија1 недела ago

„Е-commerce awards“ придонесуваат кон растот и успехот на бизнисите што функционираат во дигиталниот простор

економија5 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет5 дена ago

Пустината под вода

регион5 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју5 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

интервју5 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија5 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

технологии / компании5 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција