Connect with us

регион

Кој е новиот сопственик на хрватската РТЛ: моќен чешки фонд чијшто сопственик загина во хеликоптерска несреќа

објавено

на

Чешката групација PPF, преку својата подружница CME ја купи хрватската ТВ станица RTL за 50 милиони евра. Основач на PPF беше Петр Келнер, најбогатиот Чех, којшто загина во хеликоптерска несреќа на Аљаска пред една година.

Чешката групација PPF вчера објави дека нејзината подружница Central Media Enterprises (CME) потпишала договор за преземање на 100 проценти од сопственоста во RTL, една од најпопуларните ТВ станици во Хрватска  и регионов, при што имотот на оваа комерцијална телевизија е проценет на 50 милиони евра.

Како што пишуваат хрватските портали, како дел од трансакцијата CME обезбедила долгорочни права на задржување и користење на RTL брендот во Хрватска.

Central European Media Enterprises Ltd. ја основале во 1991 година Американците Роналд Лаудер и Марк Палмер во Германија, како CEDC (Central European Development Corporation). Истата година името е променето во СМЕ.

Инаку, СМЕ го поседува и раководи бизнисот на водечката средноевропска SVOD (услуги на video-on-demand) платформа VOYO, како и пет водечки телевизии во Бугарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија. Емитира 33 телевизиски канали, и има публика од околу 45 милиони гледачи.

PPF групацијата работи во 25 земји, инвестира во повеќе сектори, како што се финансиски услуги, телекомуникации, медиуми, биотехнологија, недвижнини и инженеринг. Досегот на PPF се протега од Европа до Северна Америка и дел од Азија. Групацијата поседува актива вредна преку 40 милијарди евра и вработува 80 илјади луѓе глобално.

Од CME во 2017 година за 230 милиони евра ги продадоа своите медиуми во Хрватска и Словенија на фирмата Slovenia Broadband, подружница на United Group. Меѓу нив беше и популарната Nova TV.

Тогаш се пишуваше дека заедничката оперативна добивка на Nova TV  и Pop TV изнесува годишно 13,8 милиони долари.

Милијадерот Петр Келнер, познат како најбогатиот човек во Чешка, во март 2021 загина во хеликоптерска несреќа на Аљаака, САД. Тој беше сопственик на PPF, којашто сега ја купи хрватската телевизија RTL.

Кон крајот на 2019 година CME ја купи најбогатиот Чех, милијардерот Петр Келнер, сопственик на PPF, за 1,9 милијарди евра. Келнр во март 2021 година загина во хеликоптерска несреќа на Аљаска, САД.  Келнр почнал да го стекнува своето богатство за време на посткомунистичките години во Чешка, а според Forbes, се проценувало на 17,5 милијарди долари. Во 1990-те со партнери ја основал PPF како инвестициска фирма со цел да учествува во приватизацијата на стотина државни компании.

PPF има седиште во Холандија, а активна е во Европа, Русија, Азија и Северна Америка.

PPF после влегувањето во телеком бизниси, почнала да влегува во медиумскиот сектор на централна и источна Европа. Преку сестринската групација CETIN PPF сопственик е на телекомуникациската инфраструктура во Чешка. Во 2018 година CETIN продал 25% удел во унгарскиот Telenor, на државната телевизија и на телекомуникациската компанија Antena Hungaria.

Во октомври 2020 година PPF групата, откако доби зелено светло од Европската комисија за аквизиција на Central European Media Enterprises (CME), го презеде мнозинскиот удел во оваа европска мрежа за емитување. Во нејзина сопственост се чешката приватна телевизија со национална фреквенција TV Nova, и преку 30 ТВ станици во Бугарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија.

Европската комисија ги отфрли предупредувањата на граѓанскиот сектор дека продажбата на CME на PPF би можела да го зголеми влијанието врз ТВ секторот во овие посткомунистички земји, како и загриженоста околу потенцијалната концентрација на пазарот.

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност