Connect with us

свет

Кој е Олаф Шолц, веројатно наследникот на Ангела Меркел на позицијата канцелар на Германија?

објавено

на

Иако тесниот резултат на изборите во Германија не значи и дека автоматски Шолц ќе биде следниот германски канцелар, тој сепак е во најдобра позиција да почне коалициски преговори со „зелените“, коишто освоија 14,8% од гласовите и со либералната ФДП која има 11,5%.

Олаф Шолц, актуелниот германски министер за финансии има најголеми шанси да биде мандатар на новата германска влада, по парламентарните избори што се одржаа во неделата, на 26.09. Лидерот на социјалдемократите  ја предводеше својата партија СДП до тесна победа, од 25,7% спрема 24,1% освоени гласови на демохристијанската унија ЦДУ, чијшто лидер е Ангела Меркел, канцелар на Германија последниве 16 години.

Иако овој тесен резултат не значи и дека автоматски Шолц ќе биде следниот германски канцелар, тој сепак е во најдобра позиција да почне коалициски преговори со „зелените“, коишто освоија 14,8% од гласовите и со либералната ФДП која има 11,5%.

Шолц и Меркел се познаваат многу добро, всушност, тој е министер за финансии во сегашната влада на широката коалиција, а тој беше министер за труд и социјални работи во првата таква влада на Меркел од крајот на 2000-те. Во 2011, тој беше избран за градоначалник на Хамбург, функција што ја држеше до 2018 година. Оттогаш е на позицијата вицеканцелар  и министер за финансии, многу моќна позиција во германската национална политика.

Иако, врз градоначалничкиот мандат на Шолц црна дамка фрли невештото справување со протестите во Хамбург за време на Г20 самитот во 2017 година, неговата популарност значително порасна како министер за финансии во периодот кога ги раководеше германските обемни програми за поддршка на економијата поради последиците од пандемијата последниве година и половина.

Во изборната кампања СПД првенствено се потпираше на својот кандидат за канцелар, пишува Дојче Веле. Тој доминираше на плакатите, на бините, политичките дебати. Кампањата на социјалдемократите беше целосно фокусирана на 63 годишниот политичар. „Тој си ја тера работата и знае како да го прави тоа што е потребно“ беше пораката со која социјалдемократите го презентираа Шолц.

Во корона – пандемијата Шолц како министер за финансии беше задолжен за исплата на милијарди евра помош. Точно знаеше како да ја искористи оваа позиција и да се стави во фокусот на јавноста. „Ова е оружје кое сега мора да го примениме за да го направиме она што е потребно“, вети пролетта 2020 година, кога пандемијата стаса и во Германија.

Германија може финансиски да се справи со пандемијата – гласи мотото уште од тогаш. 400 милијарди евра ново задолжување до крајот на 2022 година презема Германија. Земјата ќе излезе брзо од овие долгови, вети Шолц во кампањата: „Никој не треба да стравува бидејќи ова веќе еднаш ни успеа во последната криза во 2008/2009 година. Ќе го направиме истото за помалку од десет години.“

Слично аргументира и во однос на климатската заштита. Зелените имаат неколку добри идеи, но тие може да ги спроведат само со СПД и нивниот пристап за да функционира сето тоа економски и општествено. „Прагматична, но насочена кон иднината“, вака Шолц ја сумираше партиската програма.

Во однос на надворешната политика се залага за континуитет. Под негово водство Германија ќе се залага за „посилна, суверена Европа“ која „ќе зборува со еден глас“ оти во спротивно “нема да играме никаква улога“, рече Шолц. Со речиси десет милијарди луѓе во светот во иднина „ќе има и други сили, не само Кина, САД и Русија“, туку и многу азиски земји. Соработката со САД и НАТО остануваат како едни од неговите основни принципи, пишува Дојче Веле.



македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација