Connect with us

економија

Кој има најголем БДП per capita во Европа изразено според куповна моќ: Луксембург на врвот, Бугарија на дното

Кој има најголем БДП per capita во Европа изразено според куповна моќ

објавено

на

Од земјите во регионот, Словенија е на чекор до европскиот просек, Хрватска е веднаш до Унгарија, со малку намалено заостанување зад просекот на Унијата, додека на опашката и натаму е Бугарија, покажаа новите проценки на Евростат. 

Луксембург и Ирска беа на чело на ЕУ и во минатата 2023 година во однос на висината на домашниот бруто-производ (БДП) по жител, изразен според куповната моќ, а од земјите во регионот, Словенија е на чекор до европскиот просек, Хрватска е веднаш до Унгарија, со малку намалено заостанување зад просекот на Унијата, додека на опашката и натаму е Бугарија, покажаа новите проценки на Евростат. 

Во 2023 година,  домашниот бруто- производ (БДП) по глава на жител изразен во стандардите за куповна моќ се движеше помеѓу 64 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија и 240 отсто во Луксембург.

БДП на Луксембург по жител, изразен според стандардот на куповна моќ, беше речиси два и пол пати поголем од просекот на ЕУ минатата година, објави Евростат во прелиминарните проценки.

Според Евростат, непроменетата позиција на Луксембург на врвот на листата на земји од ЕУ се објаснува со големиот удел на странски работници во работната сила.

Овие работници иако учествуваат во креирањето на БДП, не се вклучени во резидентното  население кое се користи за пресметување на БДП по жител“, потсетуваат во извештајот.

Нивните распределби на трошоците се евидентираат во националните сметки на нивните матични земји, објаснуваат тие.

БДП на Луксембург по жител, изразен според стандардот на куповна моќ, беше речиси два и пол пати поголем од просекот на ЕУ минатата година, објави Евростат во прелиминарните проценки.

Ирците „ги вадат“ големите мултинационални компании

Ирска повторно го зазеде второто место во рангирањето, со БДП по глава на жител, изразен во однос на куповната моќ, нешто повеќе од двојно повеќе од просекот на ЕУ.

Високото ниво на БДП по жител во Ирска делумно може да се објасни со присуството на големи мултинационални компании со вредна интелектуална сопственост, потсетува европскиот завод за статистика.

Договорното производство со овие средства е вклучено во БДП, а голем дел од приходот се враќа на крајните сопственици на компаниите во странство, се додава во соопштението.

Понатаму следат Холандија и Данска, со БДП по глава на жител за 30 и 28 отсто повисок од европскиот просек, соодветно.

Следат Австрија со 23 отсто поголем БДП од просекот на Унијата, како и Белгија и Шведска, чиј БДП е за 17 отсто поголем од просекот.

Германија, најголемата европска економија, минатата година го надмина европскиот просек за 15 отсто во однос на БДП по глава на жител.

Франција и Италија се блиску до просекот на Унијата и малку под просекот на еврозоната, кој е четири отсто поголем од просекот на 27-члената ЕУ.

Словенија, Чешка и Шпанија заостануваат зад просекот на Унијата за околу 10 отсто во однос на БДП по жител.

Во Естонија, Полска и Романија, БДП по жител беше за околу 20 отсто помал од просекот на ЕУ минатата година.

Минатата година Унгарија беше изедначена со Хрватска, додека Летонија и Грција беа речиси 30 отсто под просекот.  Грција и Бугарија ја надминаа таа граница, со БДП по жител, изразен во однос на куповната моќ, за 33 и 36 отсто помал од просекот на Унијата, покажуваат пресметките на Евростат.

Хрватите мрдаат кон напред

Во 2023 година и Хрватска забележа подобрување во однос на претходната година, со БДП по жител, изразен во однос на куповната моќ, за 24 отсто помал од просекот на ЕУ. Во 2022 година беше за 27 отсто зад просекот на Унијата.

Минатата година Унгарија беше изедначена со Хрватска, додека Летонија и Грција беа речиси 30 отсто под просекот.

Грција и Бугарија ја надминаа таа граница, со БДП по жител, изразен во однос на куповната моќ, за 33 и 36 отсто помал од просекот на Унијата, покажуваат пресметките на Евростат.

Во меѓународните споредби на податоците за националните сметки, како што е БДП по глава на жител, пожелно е не само да се изразат бројките во заедничка валута, туку и да се приспособат за разликите во нивоата на цените. Ако не се стори тоа, ќе резултира со преценување на нивоата на БДП за земјите со високи нивоа на цени, во однос на земјите со ниски нивоа на цени.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа