Connect with us

економија

Кој работел со ќар, а кој со зијан од котираните компании на Берза: три банки со преку 40% од вкупниот профит на 72 друштва

објавено

на

Вкупната добивка на тие што работеле позитивно е 154,2 милиони евра, што е за 8,3% повеќе во однос на лани, додека вкупната загуба на тие со лошо полугодие е 12,8 милиони евра. Нето ефектот на сите котирани компании изнесува 141,4 милиони евра, или за 4,4% повеќе во однос на лани.

Од 94 компании котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза, во првото полугодие годинава 72 оствариле добивка, а 19 загуба, додека акциите на три друштва се долгорочно суспендирани од котација, објавија од Берзата .

Вкупната добивка на тие што работеле позитивно е 154,2 милиони евра, што е за 8,3% повеќе во однос на лани, додека вкупната загуба на тие со лошо полугодие е 12,8 милиони евра. Нето ефектот на сите котирани компании изнесува 141,4 милиони евра, или за 4,4% повеќе во однос на лани.

Како и обично, во профитите предничат банките, па така за првите шест месеци, најголема добивка има Стопанска банка – Скопје, од 23,8 милиони евра, што е за 34% повеќе од лани. Комерцијална банка има добивка од 18,4 милиони евра, што е за речиси 37% повеќе во однос на првото полугодие лани, додека НЛБ Банка има нето профит од 22,7 милиони евра, за 24% повеќе од лани.   Трите најголеми банки во земјава заедно имаат околу 65 милиони евра профит за првото полугодие, што е 42,2% од вкупната добивка на сите 72 котирани друштва со позитивен финансиски резултат.

Од останатите сектори, трговијата со нафтени деривати поминала одлично, разбирливо, поради скокот на цената на горивата што го забележавме годинава, па така, ОКТА има добивка од 12,4 милиони евра, што е за дури 185% повеќе во однос на лани, додека Макпетрол има добивка од 8 милиони евра, што е за 130% повеќе од првото полугодие во 2021.

Меѓу поголемите добивки од котираните друштва има и скопски Алкалоид, 10,6 милиони евра, што е за 11,3% повеќе од лани, челичарницата Макстил има добивка од 10,4 милиони, за 164% повеќе во однос на лани, Цементарница Усје од 6,6 милиони, но нејзината добивка е за 41% помала од истиот период во 2021. Од сличниот сектор како Усје, градежни материјали е и Меререн комбинат Прилеп, со добивка од 6,4 милиони евра, што е за 4,6% помалку од лани.

Меѓу најголемите „загубари“ од котираните друштва, се градежната фирма Бетон – Скопје, со загуба од 4,2 милиони евра, додека лани имал исто така загуба, нешто помала, од 3,9 милиони евра. Либерти АД Скопје, производителот на ладно валани челични производи, има загуба од 4,6 милиони евра.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор