Connect with us

регион

Крајот на ерата “Пеевски“

По санкциите од американските власти за шест бугарски моќници

објавено

на

Од минатата недела Дељан Пеевски – еден од доскоро семоќните господари на Бугарија, човекот што можеше да именува и разрешува министри, функционери, обвинители, судии и новинари, да земе што ќе посака од јавните пари и да уништува човечки судбини преку преземените обвинителства, судови и медиуми – се претвори во отпадник. Нападот на САД во срцето на корупцијата во Бугарија го елиминира најважниот сојузник на Бојко Борисов во бугарската политика и економија, а мотивите на санкциите јасно ги цртаат контурите на заробената држава и беспомошното државно судство, пишува софиски Капитал деновиве. Санкциите опфаќаат само едно од лицата на моделот којшто ограби повеќе од една деценија од развојот на Бугарија.

Во изминативе 15-тина години, постепено сите основни типови на власт во Бугарија – извршна, законодавна, судска и медиумска – беа подредени на релативно мала група на луѓе обединети околу една цел – да украдат што повеќе јавни пари. Деценија и пол, голем дел од парите на бугарските и европските даночни обврзници беа пренасочувани на начини што сите ги знаат, но сега американската влада отворено ги нарече со нивните вистински имиња.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден последниве недели донесе три важни одлуки што го засегаат регионот на Балканот.

Најпрво на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ. Потоа, Бајден потпиша декрет за земјите од Западен Балкан со кој им се наложува на американските власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот – Охридскиот рамковен од 2001 година и Преспанскиот од 2018.

Санкциите и црните листи на САД ги разбрануваа политичките духови во регионов, а секако најголем „земјотрес“ предизвикаа во Бугарија каде што се познати и имињата на шестмината моќници коишто се отсега persona non grata за Америка, но големи последици ќе трпат и нивните бизнис интереси.

Од минатата недела Дељан Пеевски – еден од доскоро семоќните господари на Бугарија, човекот што можеше да именува и разрешува министри, функционери, обвинители, судии и новинари, да земе што ќе посака од јавните пари и да уништува човечки судбини преку преземените обвинителства, судови и медиуми – се претвори во отпадник, пишува софиски „Капитал“.

Со невиден потег за Бугарија во средата, американската влада го прогласи за корумпиран, исто како и поранешниот „крал на хазардот“ Васил Божков, заедно со уште неколку други лица. Соединетите држави им наметнаа на овие лица, според фамозниот закон „Магнитски“, една од најтешките санкции што странска држава може да ги наложи врз личности, организации и компании.  Ефектот од овие санкции  е многу потежок  од јавното понижување.

Од бизнис гледна точка, оваа постапка е еднаква на смртна пресуда. Санкционираните не само што повеќе нема да влегуваат во САД,  туку тие не можат да имаат никакви релации со американски компании или пак, деловни субјекти коишто сакаат да работат со американски компании.

Ќе биде исклучително тешко за нив да работат и со банки, практично низ целиот цивилизиран свет. И, бидејќи САД се обидуваат да склучат билатерални договори според  „Магнитски“ актот и  со други земји, парите на овие лица, барем во западниот свет, ќе биде тешко да најдат прибежиште.

Доколку сакаат да имаат каква било економска активност, ќе мора многу внимателно да го сокријат својот идентитет. Со нивниот бизнис, накратко, е завршено.

Сепак, постапките на американската влада имаат последици далеку позначајни од  судбината на човекот чие име стана синоним за корупција.

Пеевски, олицетворение на моделот на заробена држава

Дељан Пеевски е олицетворение  на моделот според кој се управуваше Бугарија во последните 15 и повеќе години. Во овој период, постепено сите основни  типови на власт – извршна, законодавна, судска и медиумска – беа подредени на релативно мала група на луѓе обединети околу една цел – да украдат што повеќе јавни пари. Деценија и пол, голем дел од парите на бугарските и европските даночни обврзници беа пренасочувани на начини што сите ги знаат, но сега американската влада отворено ги нарече со нивните вистински имиња.

„Поткуп“, „изнуда“, „присвојување на државен имот“, „злоупотреба“, „големи корупциски шеми“. До неодамна, сите овие зборови не можеа да се кажат јавно во комбинација со името на Дељан Пеевски или некој од другите јавно објавени во средата како корумпирани државни службеници и бизнисмени.

Поради целосната подреденост на сите контролни органи – полицијата, специјалните служби, обвинителствата и судовите – во последните години кражбата на јавни средства е практично неказнета.

Во сите овие години, и покрај десетиците скандали и стотиците новинарски истраги за видливи злоупотреби, и покрај веројатно илјадници државни службеници, обвинители и судии вклучени во корупција на сите нивоа на власт, единствениата личност  на кој ѝ се суди е градоначалничката  на софиската општина „Младост“ , Десислава Иванчева, а нејзиниот случај дури не е затворен во последна инстанца. Згора на тоа, таа нема никаква врска со ГЕРБ и ДПС – партиите што ја држеа власта без исклучок во последната деценија.

Тие одговараа на обвинувањата за корупција обично со нивно игнорирање, понекогаш жртвувајќи анонимен пион, а понекогаш реакцијата беше дури и  отворено исмевање. Пред извесно време, еден од министрите за финансии на Борисов, Владислав Горанов, рече дека корупцијата во Бугарија е „измислица на весниците“. Од оваа седмица, ситуацијата е поинаква. Многу поинаква.

Тешка артилерија на американски санкции

Во одлуката на американската влада да ги санкционира Пеевски, неговиот „човек за се’“ Илко Жељазков и бизнисменот Васил Божков  има нијанси и информации што ќе бидат анализирани некое време. Сепак, на прво читање се издвојуваат две важни точки:

  1. Ова е тешка артилерија на  американски санкции за корумпирани странски државјани. Постојат два режима во САД за казнување луѓе од други земји. Едната е Стејт департментот да прогласи некого за корумпиран и да му забрани влез во САД на него / неа  и неговото / нејзиното семејство. Другиот начин е процедура според законот „Магнитски“, кој веќе се занимава со блокирање и конфискација на средства, како и забрана за работа со американски банки и платни системи. Пеевски и Божков беа казнети во средата со двата механизми истовремено.
  2. Според официјалното соопштение на американската влада, објавата за Пеевски, Божков и Жељазков е „досега најсеопфатната еднократна акција [на САД] насочена против корупцијата“. Глобалниот закон „Магнитски“ беше донесен во 2016 година и досега санкциите според него биле  за многу помали прекршувања.

Меѓу редови во соопштенијата за санкции и првите официјални и неофицијални коментари од различни претставници на американската администрацијата има и други важни пораки, од коишто може да има последици во наредните месеци.

Казните сега се изречени на Дељан Пеевски и Васил Божков, но опишаните шеми и однесувања вклучуваат многу повеќе луѓе.

“Васил Крумов Божков, бугарски бизнисмен и олигарх, повеќекратно подмитувал државни функционери. Меѓу овие службеници е и актуелен политички лидер”, се вели во соопштението.

Ова е само еден пример на информација од американските власти, што сугерира дека и други луѓе се вклучени во криминалите, наводно, извршени од санкционираните. Можеме само да нагаѓаме кој е овој лидер, но опциите не се многу – Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, Валери Симеонов или Волен Сидеров. Тоа се луѓето со кои последниве години имало логика  да се „разбира“ Васил Божков. Слични информации има и на неколку други места, но вистината за тоа која е спомнатата личност, можеби нема да ја дознаеме наскоро или барем не од бугарските власти.

Шлаканица од Американците и за бугарското  судство

Иако не се споменува директно во изјавата, една од гласните шлаканици во оваа приказна беше за обвинителството и лично за главниот обвинител Иван Гешев.

Во првите јавни коментари по објавата, американската амбасадорка  Херо Мустафа рече дека Иван Гешев не бил вклучен во серијата состаноци со претставници на разни бугарски власти пред официјалното објавување на санкциите.

„Тоа сè уште не е на нашата агенда“, рече американската амбасадорка. Покрај тоа, на прашањето дали САД ќе ги достават достапните информации до бугарското обвинителство, портпаролот на Министерството за финансии на САД, кој дојде во Бугарија по објавата, рече дека локалните обвинители ќе имаат пристап „само до официјалното соопштение“.

Во превод, ова значи целосен недостиг на доверба во бугарското судство. За време на состанокот со новинарите, амбасадорката Мустафа неколку пати повтори дека во Бугарија има „ендемска корупција“ и дека никој од инволвираните во неа не е заштитен од санкции слични на денешните.

Иако не се споменува директно, уште една од најгласните шлаканици  е за Бојко Борисов. Единствениот лидер на доминантната партија во изминатите десет години, вината за „ендемската корупција“ и специфичните шеми опишани од американската влада се главно негови.

И одговорноста во овој случај мора да се сноси за многу повеќе од конкретно украдените јавни пари, имот и други средства.

Во моделот по којшто се искраде Бугарија во изминатите 10 години, Дељан Пеевски обезбедуваше медиумска, судска и  дел од политичката поддршка (ДПС или „Атака“), но извршната и законодавната власт беа скоро секогаш контролирани од Борисов.

Како моделот Пеевски – Борисов ја приватизираше Бугарија

Со текот на годините, моделот Пеевски-Борисов постепено и сигурно  тргна по патот на присвојување на јавните ресурси и практично ја приватизираше државата.

Дел од парите присвоени при јавните набавки  и од фондовите на ЕУ беа инвестирани назад за корумпирање  нови сегменти од државата, што донесе нови пари со коишто се корумпираа други, и така за  десет години целата земја беше потчинета.

Клучна улога во ова имаше владеењето со обвинителството и судството, кое гарантираше истовремено  неказнивост за кражбите, како и  толчење на сите видови противници – конкуренти во корупцијата  или нормални луѓе кои се спротивставуваа на оваа „окупација“  на државата.

Контролата врз медиумите исто така многу помогна да се потисне отпорот. Тие беа користени за валкани кампањи и ниско квалитетна, но ефективна,  пропаганда. Штетите од ова беа и се огромни.

Фокусот на моделот „Пеевски – Борисов“ во кражбата на јавна вредност доведе до огромни штети  оштетување во многу различни насоки:

  • Надвор од пренасочените  буџетски  и средствата од еврофондовите, беа исцедени две банки, големи за бугарско прилики – КТБ и ББР.
  • Влезот на Бугарија во еврозоната беше одложен за (досега) 10 години.
  • Влегувањето во Шенген зоната  е одложено сè додека Бугарија не престане да биде квалификувана како  „ендемично“ корумпирана држава.
  • Екстремно бавен економски развој во споредба со другите балкански земји како Романија и Србија.
  • Енергетските реформи целосно застанаа, што укажува на сериозна криза во следните месеци.
  • Силно руско влијание во службите, делови од политиката и енергетиката.

И тоа не е сè.

Добри и лоши вести во казната за Пеевски

Штетата од  практично уништената држава мора да се додаде на сметката. Во моментов, таа е устроена така што  работи не за луѓето, туку за одредена корумпирана клика. Еден од одговорите на прашањето зошто квалитетот на бугарското образование или здравствена заштита е толку слаб е тоа што државата не се занимава со нудење јавни услуги, туку само со кражба на јавни средства.

Има добри и лоши вести во казната за Дељан Пеевски од американската влада. Добрите работи се што една од клучните фигури во моделот што владее со Бугарија повеќе од една деценија е надвор од игра. Ова дава шанса да се промени и прилагоди државата така што таа ќе ја изврши својата вистинска задача. Фактот дека ова се случува со напори на странска влада ( ова е лошата вест) покажува дека отпорот на Бугарија не е доволно силен. Или барем не бил досега.

Напорите на привремената влада во последните неколку недели покажуваат дека не е сè изгубено. Сепак, отпорот меѓу естаблишментот – за што сведочат постапките на обвинителството оваа недела или одбивањето на ББР да му се покорува на министерот за економија – покажува дека враќањето на државата во нормала нема да биде ниту брзо ниту лесно.

Кои се Пеевски, Божков и Жељазков

Дељан Славчев Пеевски, роден 1980 година, е бугарски политичар, олигарх и медиумски могул. Бил пратеник во Бугарското национално собрание во четири мандати. „Радио Бугарија“ го нарече Пеевски “несомнен медиумски могул на Бугарија“. Според „Репортери без граници“ неговата медиумска империја „Нова бугарска медиумска групација“  се состои од шест весници и контролира околу 80% од дистрибуцијата на печатените медиуми. Пеевски поседува и уште 15-тина ТВ, радио канали и интернет портали, а наводно контролира или влијае и врз многу повеќе локални медиуми и вебсајтови, каде што официјално нема сопственост. Во извештајот на „Репортери без граници“ од 2018 година, Пеевски е обвинет за корупција, а се тврди дека ги користи своите медиуми за политичко влијание и лансирање на пропагандни кампањи против истражувачки новинари и останати негови противници.

Васил Крумов Божков, 64 – годишен,  е бугарски политичар и бизнисмен, кој се смета за најбогатиот човек во земјата,  со проценето богатство помеѓу 1 и 1,5 милијарди евра. Познат по прекарот „Череп“, во интерната коресподенција на американскиот Стејт департмент, Божков е опишан како „најозлогласениот гангстер во Бугарија“. Божков своето богатство почнал да го гради кон крајот на 1980-те години, со падот на комунизмот, со трговија на девизи, антиквитети и оружје, главно нелегална, се разбира. Потоа влегувал во бизниси со менувачници, коцкарници, банкарство, градежништво, спорт, итн., главно преку својата главна компанија „Нове Холдинг“, чиишто активности почесто се поврзуваат со сомнителни и нелегални аспекти, одошто со нормално бизнис работење. Божков е еден од бизнисмените во Бугарија чиешто име најмногу се споменува во контекст на релации со организираниот криминал и мафијата. Во моментов, Божков се крие во Дубаи од лицето на правдата, од каде што ја лансираше политичката партија „Бугарска пролет“ којашто освои 2,95% од гласовите на последните парламентарни избори во Бугарија на 4 април годинава, блиску до потребните 4% за влез во парламентот.

Илко Димитров Жељазков, е еден од шестемина  санкционирани бугарски државјани од американските власти. Тој е актуелен потпретседател на државното Специјално биро за разузнавање. Тој е еден од помалите „ѕверки“ на американскиот список, познат во безбедносните служби на Бугарија, и неговата кариера е преплетена со областите како безбедност и енергетика. Во документот, Жељазков  е спомнат како дел од мрежата на поранешниот парламентарец Пеевски. Од 1981 до 2007 Жељазков работел во бугарското контраразузнавање, од каде што се префрлил во Државните резерви, а потоа во Бугарскиот енергетски холдинг. Во 2018 година бил назначен за заменик претседател на Националното биро за контрола на специјалните разузнавачки средства, а за позицијата бил предложен од ДПС, партијата на Пеевски.

За што се обвинети?

Казните сега се изречени на Дељан Пеевски и Васил Божков (на фотосот), но опишаните шеми и однесувања вклучуваат многу повеќе луѓе. “Васил Крумов Божков, бугарски бизнисмен и олигарх, повеќекратно подмитувал државни функционери. Меѓу овие службеници е и актуелен политички лидер”, се вели во соопштението. Можеме само да нагаѓаме кој е овој лидер, но опциите не се многу – Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, Валери Симеонов или Волен Сидеров. Тоа се луѓето со кои последниве години имало логика да се „разбира“ Васил Божков.

Главните точки според коишто  САД ги прогласија  Пеевски, Божков и Жељазков како корумпирани

Документот, со кој Министерството за финансии на САД најави санкции против Дељан Пеевски, Васил Божков и Илко Жељазков, зборува за „значителна корупција“.

Општата дефиниција за ова е лице, кое дало помош на различни начини заради корупција или помагање на корупција, вклучително и злоупотреба на државни или приватни средства и мито. Особено за Пеевски, се наведува дека тој бил вклучен во „трговија со влијание и мито со цел да се заштити од јавна контрола и да изврши контрола врз клучните институции и сектори во бугарското општество“.

Дељан Пеевски и Илко Жељазков

  • Во септември 2019 година, Пеевски работел активно со цел да има  негативно влијание врз политичкиот процес во Бугарија за време на локалните избори. Тој договарал со политичарите да им обезбеди политичка поддршка и позитивно медиумско покривање во замена за заштита од кривична истрага.
  • Според САД, од 2019 година е познато дека Жељазков управувал со шема преку која давал мито на високи владини функционери, од кои се очекувало да дадат информации, кои потоа би му биле предадени на Пеевски. Луѓето кои го прифатиле неговиот предлог потоа  биле  назначувани на влијателни позиции и Жељазков  им обезбедувал месечно мито.
  • Пеевски и Жељазков „управувале“, се вели во соопштението, со службено лице на водечка позиција, коешто во 2019 година незаконски присвоило средства во нивна корист. Ниту едно име не е дадено, ниту е прецизирано точно како се одвивало присвојувањето.
  • Од почетокот на 2018 година, двајцата управувале со шема за продажба на документи за дозвола за престој во земјата. Се тврди дека претставници на компании плаќале мито на бугарските службеници за да се осигурат дека нивните клиенти веднаш ќе добијат документи за престој, а не по плаќање на депозит од 500.000 долари  или по пет години легално процесирање на барањето.
  • Постојат докази дека Жељазков уценувал можен кандидат за бугарски министер заканувајќи се дека ќе поднесе кривична пријава во  Обвинителството на Република Бугарија, доколку по неговото назначување министерот не му пружи дополнителна помош на Жељазков.

Васил Божков

  • Поткупувал  државни службеници, вклучувајќи  и „актуелен политички лидер“, како и поранешниот претседател на сега затворената Државна комисија за коцкарски бизниси (ДКХ). Се цитира бугарското обвинителство,  коешто тврди дека во февруари 2018 година, Божков му платил на тогашниот претседател на ДКХ 10.000 лева (6.220 американски долари) на ден за да им ги одземе лиценците за коцкање на конкурентските компании.
  • На почетокот на оваа година, Божков планирал да обезбеди сума на пари за поранешен бугарски функционер и за актуелен бугарски политичар со цел да му се помогне на Божков да создаде канал преку кој руските политички лидери можат да влијаат на претставниците на бугарската влада.

Текстот е преземен од „Капитал“, Софија, Бугарија

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија4 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија4 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil