Connect with us

економија

Крај на ерата на евтини пари, почеток на нов циклус на рецесија

Каматните стапки ќе продолжат да растат

објавено

на

Економистите ширум светот се повеќе се убедени дека Европа и САД ќе влезат во период на рецесија најдоцна до 2023 година. Експертите од двете страни на Атлантикот станаа поголеми песимисти по одлуката на Федералните резерви и Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки и да стават крај на ерата на евтини пари. Растот на каматните стапки на меѓународните пазари несомнено го комплицираат и планот на земјава да обезбеди пари преку задолжување и дома, но особено во странство.

Економистите ширум светот се повеќе се убедени дека Европа и САД ќе влезат во период на рецесија најдоцна до 2023 година. Експертите од двете страни на Атлантикот станаа поголеми песимисти по одлуката на Федералните резерви и Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки и да стават крај на ерата на евтини пари.

ФЕД донесе одлука невидена од 1994 година да ја зголеми својата каматна стапка за 75 базични поени за да се спротивстави на зголемената инфлација, додека пак ЕЦБ ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени со најава тоа да го стори уште еднаш во септември. Загрижувачки за Европа е зголемената неизвесност за снабдувањето со гас, што навестува тешка зима.

Сето ова ги натера економистите да веруваат дека рамнотежата сега е нарушена и повеќе се „наклонува“ во корист на економска контракција следната година во САД и Европа. Она што претходно беше зголемен ризик сега стана основно сценарио опција. Голдман Сакс го удвои ризикот САД да влезат во рецесија оваа година од 15% на 30%, со веројатност да се зголеми на 48% за следната година.

Глобалната економска перспектива станува сè понегативна откако руската инвазија на Украина во февруари ги зголеми цените на енергијата и храната. Поради тоа ФЕД и ЕЦБ ги зголемија каматните стапки за повеќе од очекувањата на пазарот, а тоа им покажа на економистите дека централните банки се подготвени да сторат сè за да ја спречат инфлацијата, дури и ако тоа значи влегување во рецесија.

Според некои економисти, сликата на инфлацијата во блиска иднина „не изгледа добро“, што значи дека централната банка можеби ќе треба да ги зголеми стапките уште поагресивно отколку што се очекува во моментов.

Но, дали растот на каматите ја туркаат еврозоната и во нова должничка криза? Задолжената Италија сега мора да плати 1,9 процентни поени повеќе од Германија за 10-годишните обврзници, што е речиси двојно повеќе од приносот од почетокот на 2021 година. Трошоците за позајмување за Шпанија, Португалија, па дури и Франција, исто така, нагло растат – а приносите беа дури и уште повисоки, пред да вети Европската централна банка во средината на јуни дека ќе им помогне на задолжените јужни членови на еврозоната. Исто како и во кошмарите од 2012 година, ЕЦБ работи на план за купување обврзници за да ги спречи слабите земји да тргнат кон банкрот. Повторувајќи го ветувањето на Марио Драги дека ќе стори „се што е потребно“ за да ја спаси еврозоната, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард на 20 јуни предупреди дека секој што се сомнева во решителноста на централната банка „прави голема грешка“.

Ветувањата на ЕЦБ засега треба најдат компромис помеѓу запирање на инфлаторната спирала, но и да избегнат криза. Сепак, на долг рок, потпирањето на централната банка за да ги подмири долговите на владите на еврозоната ја прави валутната унија исклучително кревка.

Откако потроши 2 илјади милијарди евра за поддршка на своите економии за време на пандемијата, Европа сега е позадолжена од пред една деценија. Италија, третата по големина економија во блокот, има огромни нето долгови во вредност од речиси 140% од нејзиниот БДП, во споредба со 108% на почетокот на претходната евро – криза во 2010 година.

Билансот на Франција изгледа речиси подеднакво сомнителен како и италијанскиот по глобалната финансиска криза. Високата инфлација донекаде ќе го олесни товарот оваа година. Но, како што ЕЦБ почнува да ги зголемува каматните стапки за да ја намали инфлацијата, трошоците за сервисирање на долгот ќе се зголемат.

Сепак, потребно е време за високите каматни стапки да имаат видливо влијание врз буџетите на земјите – заостанатиот долг на Италија има просечен преостанат рок за отплата од речиси осум години. Одложувањето и дава време на ЕЦБ да избегне криза во која стравувањата од неплаќање ќе стануваат неизбежни, зголемувајќи ги трошоците за задолжување.

Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки на 2% до крајот на годината. Како резултат на тоа, дури и стабилната Германија, која по дефиниција плаќа нула принос, сега плаќа 1,8% на десетгодишен заем, во споредба со негативните -0,5% од пред една година.

Економистите, исто така, остро ги намалија своите изгледи за 2023 година за економијата на еврозоната, Велика Британија и осум други земји следени од Consensus Economics. Тие сметаат дека ризиците од рецесија се највисоки во Европа, каде што растот на трошоците за живот предизвикан од инфлацијата е поврзан со можниот недостиг на гас.

Испораките на гас за Европа станаа понеизвесни по одлуката на Русија да го намали протокот во многу земји. Нарушувањата на синџирот на снабдување што произлегуваат од кинеската политика на нулта толеранција за Ковид продолжуваат да влијаат на изгледите за раст. Меѓународната агенција за енергија оваа недела предупреди дека Европа мора веднаш да се подготви за целосно прекинување на извозот на руски гас оваа зима.

Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за ЕУ, рецесијата во еврозоната ќе стане новиот голем проблем за германската економија која ќе биде особено тешко погодена.

А тоа веќе станува исклучително загрижувачко и за нашата економија, која над 80% од се што извезува го продава на европскиот пазар, од кои дури половина само во Германија.

Економистите сметаат дека ризиците од рецесија се највисоки во Европа, каде што растот на трошоците за живот предизвикан од инфлацијата е поврзан со можниот недостиг на гас. Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за ЕУ, рецесијата во еврозоната ќе стане новиот голем проблем за германската економија која ќе биде особено тешко погодена. А тоа веќе станува исклучително загрижувачко и за нашата економија, која над 80% од се што извезува го продава на европскиот пазар, од кои дури половина само во Германија.

Се комплицира и нашето задолжување

Растот на каматните стапки на меѓународните пазари несомнено го комплицираат и планот на земјава да обезбеди пари преку задолжување и дома, но особено во странство.

Според најновиот Дополнет предлог ребаланс на буџетот што е во собраниска процедура, сумата за позајмување на пари на домашниот пазар останува иста, но значително се зголемува сумата што државата планира да ја обезбеди однадвор, а меѓу другото и преку издавање на еврообврзница. Вкупно, надворешното задолжување е зголемено од првичните 346 милиони евра, на дури 1,08 милијарди евра. Ова не значи дека сите пари се планира да се потрошат односно за толку да се зголеми буџетскиот дефицит, туку Министерството за финансии објаснува дека планира да обезбеди пари како депозит на државната сметка и за следната година. Прашањето сега е колкава ќе биде цената на новите задолжувања во услови кога каматните стапки почнаа да растат.

„Со оглед на актуелните економски и надворешно – политички состојби, оваа година поголем фокус ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните извори за финансирање ќе се зголемат девизните резерви на државата“, пишува во Дополнетиот предлог буџет.

За можното комплицирање на надворешното задолжување веќе предупредија меѓународните финансиски институции.

„Гледаме зголемување на каматните стапки за надворешното задолжување, и загрижувачки е затоа што доаѓа во време на стеснување на фискалниот простор. Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава. Нашата препорака е да се внимава при трошењето, и ако го финансирате буџетскиот дефицит, видете кои ви се опциите, ако финансирате развојни проекти осигурете дека тие навистина ќе донесат реални бенефити за крајните корисници, населението во земјата“, истакна неодамна Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка. 

Според последните податоци од Министерството за финансии, во рамки на домашното задолжување, кое е предвидено на ниво од 432 милиони евра превидено е задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност и/или заем. Задолжувањето со државни хартии од вредност на домашниот пазар ќе биде со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 83 милиони евра, при што ќе се реализира максимален износ на нето задолжување преку државни хартии од вредност во износ од 350 милиони евра. Овие пари ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2022 година како и за делумно финансирање на 2023 година.

Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти како и задолжување заради финансирање на буџетскиот дефицит.

„За финансирање на буџетскиот дефицит се предвидени средства од ММФ, како и средства од меѓународниот пазар на капитал преку издавање на должнички хартии од вредност. Притоа, во услови на енергетска криза, здравствена пандемија и војна во Украина, условите на меѓународните пазари на капитал се променливи и тешко предвидливи. Затоа, со цел да се обезбеди непречено финансирање на буџетските потреби, како и да се намалат ризиците за рефинансирање, оваа година во буџетот се става готовински бафер, којшто нема да биде потрошен во тековната година, односно истиот ќе обезбеди средства за претфинансирање на следната година“, објаснуваат од Министерството за финансии.

Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава, велат од Светска банка.

Фискалниот простор за реакција е намален

Трендот на пораст на каматните стапки почна и во земјава откако Народната банка во неколку наврати ја зголеми основната камата до сегашните 2%. Истовремено, НБМ ги ревидираше и проценките за економската активност годинава, која се очекува дека ќе забави во однос на првичните очекувања и ќе порасне околу 2,9% споредено со лани, додека пак инфлацијата, на годишно ниво се очекува да биде околу 8,8%.

Меѓутоа, од денешна перспектива ниту овие прогнози не делуваат стабилно и многу веројатно е дека ќе се менуваат надолу доколку се остварат лошите сценарија за нова рецесија во Европа.

Македонските власти велат дека веќе преземаат таргетирани мерки за да ги ублажат последиците од овој феномен кај посиромашните граѓани, бидејќи пандемијата не остави голем фискален простор за масовни трошења како последните две години.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека „за да ја надминеме инфлаторната криза потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно – политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст“.

„По пандемијата, фискалниот простор за реакција е намален, особено за земјите во развој. Оттаму, при креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал кој се очекува. Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај треба да се различни, бидејќи различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките“, истакнува министерот за финансии.

Тој, исто така, наведува дека иако нашата земја има силен социјален систем, сепак одлуката за обемен пакет на фискални мерки од почетокот на годината бил во насока на забавување на инфлаторната спирала, поради високото учество на храната и енергијата, што е и постигнато.

Понатаму, како што најавува министерот, ќе се оди со таргетирани мерки и задржување на стабилноста на економијата, но се уште нема ништо од овие најави.

„Со ребалансот на буџетот продолжуваме со мерки за поддршка на граѓаните и фирмите. Издвоени се резервни средства за нови антикризни мерки. Издвоени се дополнителни средства за поддршка на земјоделците за раст на домашните приноси, за да на тој начин се амортизираат ефектите од високата цена на увозната храна. Издвоени се дополнителни средства за ранливите категории на граѓани и за раст на пензиите на пензионерите. Сите овие се таргетирани мерки, бидејќи од особено значење, покрај поддршката за надминување на кризата е да се одржи макроекономската стабилност. Само стабилна економија може да продуцира силен и одржлив економски раст“, истакнува министерот Бесими.

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите