Connect with us

економија

„Крвната слика“ на македонската економија после десет месеци корона

Анализа на Народната банка

објавено

на

Согласно со објавените проценети податоци и направените ревизии за БДП, во првите три квартали на 2020 година, во просек, економијата бележи реален пад од 5,9%, што е во согласност со очекувањата од октомвриската проекција (проектиран пад од 6,1%), се вели во анализата на Народната банка за макроекономските движења во земјава.
„Во однос на економската активност во четвртиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври – ноември 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни.“
 Имено, во услови на целни и помалку рестриктивни мерки за справување со вториот бран на ковид-19, постепено приспособување на однесувањето и навиките на субјектите кон новонастанатата состојба, како и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат натамошно забавување на годишниот пад на индустријата и прометот во вкупната трговија, како и забрзување на растот во градежништвото, а единствено неповолни движења се забележуваат кај прометот во угостителството.

Со почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризиците поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење, се вели во најновиот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија за макроекономските показатели.

„Притоа, надолните ризици на краток рок главно се поврзуваат со ограничувањата за поголемо производство на вакцината и проблеми со нејзината дистрибуција, но и со присутниот скептицизам околу ефективноста и безбедноста на вакцината, појавата на нова мутација на вирусот во Обединетото Кралство, којашто веќе се појави и во други држави и согласно со тоа, и евентуалното продолжување на времетраењето на воведените рестриктивни мерки заради справување со вториот бран на пандемијата, коишто во текот на декември во некои земји и се засилија. Останатите ризици се однесуваат на несоодветните, или, пак, на предвремено повлечените фискални мерки, зголемените изгледи за подолгорочен неповолен ефект врз пазарот на труд и врз солвентноста на фирмите, притисокот врз глобалните синџири на снабдување , евентуално подолгото задржување на тековните навики за поголема воздржаност од потрошувачка, ризикот од повторно затегнување на глобалните финансиски услови, ризикот од неможност за отплаќање на јавниот долг кај дел од земјите, како и евентуалното засилување на геополитичките и трговските тензии. “, се вели во анализата на Народната банка.

Во однос на економските движења во еврозоната, податоците за октомври покажуваат подобри остварувања во однос на третиот квартал. Сепак, во услови на повторно воведени рестрикции за спречување на ширењето на вториот бран на пандемијата, оцените од анкетните истражувања на домаќинствата и претпријатијата за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на послаби движења на економијата во однос на третиот квартал, главно заради послабите оценки за услужниот сектор и потрошувачката на населението. И во Германија, како наш најзначаен трговски партнер, објавените податоци за октомври се главно поповолни во однос на остварувањето во третиот квартал, додека анкетните истражувања, коишто го опфаќаат и периодот на воведени рестрикции упатуваат на послаба активност во четвртиот квартал, главно заради услужниот сектор, и покрај поповолните оценки за индустријата.

На пазарот на труд во еврозоната, стапката на невработеност, според најновите податоци, бележи надолен тренд од јули наваму и во ноември изнесува 8,3% (8,4% во октомври). Годишната стапка на инфлација во еврозоната е стабилна во последните пет месеци и според првичната оцена за декември, таа изнесува -0,3%, што се должи главно на годишниот пад на цените на енергијата, при стабилна и ниска базична инфлација (0,2%). За целата 2020 година, стапката на инфлација изнесува 0,3% (1,2% во 2019 година). Остварената едномесечна каматна стапка ЕУРИБОР во 2020 година е на ниво на очекувањата од октомври, додека очекувањата за периодот 2021-2022 година се ревидирани надолу, со оглед на мерките преземени од страна на ЕЦБ во декември 2020 година за поголем монетарен стимул и за одржување на поволните финансиски услови на подолг рок.

Храната и енергијата со најголем придонес во годишната инфлација

Годишната стапка на инфлација во декември изнесува 2,3% (2,2% во минатиот месец), предизвикана главно од растот на цените на прехранбената и базичната компонента, а во мал дел и од енергетската компонента.

Последните макроекономски показатели  и оцени за Северна Македонија упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени. Според последните остварувањата кај девизните резерви заклучно со крајот на 2020 година, тие и натаму се во сигурната зона. Во третиот квартал од 2020 година значително забави падот на бруто домашниот производ, а остварувањата во првите три квартали се во рамки на очекувањата од октомвриските проекции.

Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал од 2020 година засега упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и на поповолни движења во домашната економија, во споредба со претходниот квартал. Во однос на инфлацијата, остварувањата за целата 2020 година се во согласност со проектираните, што при ревизии во различни насоки кај надворешните влезни претпоставки, засега упатува на балансирани ризици во однос на движењето на инфлацијата во следниот период. Во рамките на монетарниот сектор, годишниот раст на депозитите и на кредитите заклучно со ноември главно се во рамките на проектираните за четвртиот квартал на 2020 година, според октомвриската проекција.

Во декември 2020 година, домашните потрошувачки цени пораснаа за 0,4% на месечна основа (по нивната непроменетост во претходниот месец), во најголем дел заради зголемувањето на цените во категориите од базичната компонента и од минималниот позитивен придонес на енергетската компонента, во услови на мал негативен придонес на прехранбената компонента. Гледано по групи производи, најголем позитивен придонес на месечна основа имаат повисоките цени на транспортот, односно цените на воздушниот сообраќај, следено од порастот на цените на услугите за сместување, цените на течните горива и мазива, туристичките аранжмани, како и цените на месото. Од друга страна, најголем негативен придонес имаат цените на зеленчукот, овошјето, лебот и житата.

 Годишната стапка на инфлација во декември изнесува 2,3% (2,2% во минатиот месец), предизвикана главно од растот на цените на прехранбената и базичната компонента, а во мал дел и од енергетската компонента. Во услови на годишен пад на цените на течните горива и мазива согласно со светските движења на цената на нафтата, годишниот раст на цените на енергијата е резултат на зголемувањето на цените на електричната енергија во август, согласно со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Започнувајќи од 1.8.2020 година, цената на електричната енергија е повисока за 7,4%, односно за висок а тарифа изнесува 5,95 ден/kWh, за ниска тарифа изнесува 2,99 ден/kWh, додека за еднотарифно мерење изнесува 4,77 ден/kWh.

 Годишната стапка на инфлација во декември е малку повисока од очекуваната според октомврискиот циклус проекции. Од аспект на структурата, во однос на проекцијата, нагорно отстапување има кај сите главни компоненти на инфлацијата. Месечната стапка на базичната инфлација во декември е позитивна и изнесува 0,9% (по забележаните негативни стапки во претходните три месеци), а на годишна основа стапката на базична инфлација бележи забрзување и изнесува 1,9% (1,5% во претходниот месец).

Структурата на годишната стапка на базичната инфлација во декември е слична како претходниот месец, односно и натаму највисок позитивен придонес имаат цените на тутунот. Исто така, позитивен придонес овој месец имаат и цените на рестораните и услугите за сместување. Од друга страна, негативен придонес имаат цените на воздушниот сообраќај, облека и обувки, аудиовизуелната и информатичката опрема.

Порастот на платите во јавниот сектор го крена националниот просек

Во октомври 2020 година, номиналниот годишен раст на просечната нето – плата изнесуваше 8,4% (7,7% во претходниот месец). Солидниот раст на платите, како и претходно, во еден дел претставува пренесен ефект од покачувањето на платите во јавниот сектор (главно здравството), ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на платата, надополнет со ефектот од овогодишното усогласување на растот на законски утврдената минимална плата (зголемување за 3% во јули).

Во октомври 2020 година, номиналниот годишен раст на просечната нето – плата изнесуваше 8,4% (7,7% во претходниот месец). Солидниот раст на платите, како и претходно, во еден дел претставува пренесен ефект од покачувањето на платите во јавниот сектор, ефектот од мерката за субвенционирање на придонесите поради зголемување на платата, надополнет со ефектот од овогодишното усогласување на растот на законски утврдената минимална плата (зголемување за 3% во јули). Во јануари 2020 година, извршено е зголемување на платите во образованието од 10%, а од февруари 2020 година зголемување на платите е извршено кај вработените во здравството (раст од 25% за специјалистите, 15% за општите лекари, 10% за медицинските сестри и по 5% за здравствените соработници и помошно – техничкиот персонал).

Раст на платите имаше кај поголемиот дел од дејностите, а најизразен е кај дејностите поврзани со „здравствена и социјална заштита“, „уметност, забава и рекреација“, „преработувачка индустрија“, „трговија на големо и мало“, „информации и комуникации“, „стручни, научни и технички дејности“, како и кај вработените во образованието . При раст на трошоците на живот на годишно ниво, реалниот годишен раст на нето – платата во октомври изнесуваше 6,3%. Остварениот годишен раст на платите во октомври е малку повисок во однос на очекувањата за раст на платите во рамките на октомвриската проекција.

Високофреквентните податоци на страната на понудата и побарувачката коишто се расположливи за периодот октомври – ноември 2020 година се главно поповолни во споредба со остварувањата во третиот квартал. Сепак, движењата на годишна основа и натаму упатуваат на пад на економската активност во четвртиот квартал од годината, но поумерено во споредба со падот во претходниот квартал, што е во согласност со очекувањата според октомврискиот циклус проекции.

Натамошното забавување на падот и постепеното економско закрепнување се должи на целните и помалку рестриктивни мерки за справување со вториот бран на ковид-19, потоа на постепеното приспособување на однесувањето и навиките на субјектите (како фирмите, така и потрошувачите) кон новонастанатата состојба, како и ефектот од преземените монетарни и фискални мерки. Од друга страна, што се однесува до најновите согледувања на економските субјекти за состојбата во економијата, резултатите од анкетните истражувања за периодот октомври – декември 2020 година упатуваат на малку послаби согледувања во споредба со третиот квартал, но помалку негативни од оние во вториот квартал, кога економијата се соочуваше со првиот бран од пандемијата и беа преземени значително построги рестриктивни мерки.

Падот во индустриското производство најголем кај традиционалните дејности

Индустриското производство во периодот октомври – ноември забележа пад од 4,5% на годишна основа (забавување во споредба со падот од 7,5% во третиот квартал). Гледано по главни индустриски дејности, најголем пад и следствено, највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, додека минимален негативен придонес се забележува кај енергетскиот сектор.

Прометот во вкупната трговија во периодот октомври – ноември забележа реален пад од 24,1% на годишна основа, одразувајќи ги и натаму неповолните остварувања кај трговијата на големо и трговијата на мало, додека трговијата со моторни возила забележа висок реален раст. Сепак, падот на прометот во вкупната трговија, како и на трговијата на големо и трговијата на мало е поблаг во споредба со падот забележан во третиот квартал. Индустриското производство во периодот октомври – ноември забележа пад од 4,5% на годишна основа (забавување во споредба со падот од 7,5% во третиот квартал). Гледано по главни индустриски дејности, најголем пад и следствено, највисок негативен придонес и натаму се забележува кај преработувачката индустрија, додека минимален негативен придонес се забележува кај енергетскиот сектор. Од друга страна, рударството има мал позитивен придонес. Падот во рамките на преработувачката индустрија е широко дисперзиран, а најголем негативен придонес се забележува кај дел од традиционалните дејности, како на пример „производство на прехранбени производи“, „производство на облека“, како и „производство на тутунски производи“.

Кога станува збор за дејностите каде што се активни странските извозни капацитети, најголем негативен придонес се забележува кај производството на машини и уреди. Исто така, поголем негативен придонес има и кај дејноста „производство на други неметални минерални производи“. Од друга страна, највисок позитивен придонес во преработувачката индустрија во периодот октомври – ноември се забележува кај производството на моторни возила (дејност којашто во изминатиот период од март до септември забележа значителен пад). Забавувањето на годишниот пад на индустриското производство во периодот октомври – ноември, во однос на падот во третиот квартал, се должи пред сѐ на растот на рударството (наспроти падот во третиот квартал) и на поумерениот пад на енергетскиот сектор.

Во рамките на преработувачката индустрија, најголемо подобрување имаат дел од дејностите во кои работат компаниите од автомобилската индустрија, но и дел од традиционалните дејности, како што се производството на пијалаци и на текстил. Во октомври 2020 година, во градежниот сектор е забележан реален годишен раст од 7,4%, што претставува забрзување на растот во споредба со третиот квартал (раст од 3%).

Притоа, растот во октомври во целост се должи на растот на активноста во делот на нискоградбата, при висок реален годишен пад кај високоградбата. Кај угостителството, во октомври 2020 година се забележува реален пад на годишна основа кај бројот на туристи, ноќевањата, како и вкупниот промет и притоа падот кај сите три категории е подлабок во споредба со третиот квартал. Ваквото продлабочување во октомври се должи речиси во целост на падот на бројот и ноќевањата на домашни туристи (по нивниот раст во претходниот квартал), делумно и како резултат на исцрпените ефекти од мерките на владата за поддршка на домашниот туризам.

Растот на кредитите поголем кај секторот домаќинства

Ликвидните средства на банкарскиот систем во декември забележаа пад на месечно ниво. Промената во целост произлегува од повисокиот износ на пласмани на банките во краткорочните депозити, односно во депозитите преку ноќ, при непроменета состојба на благајничките записи . Автономните фактори на нето – основа придонесоа кон зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем, како резултат на промената кај трансакциите на државата.

Вкупните депозити во финансискиот систем во ноември остварија месечен раст од 1%, по минималниот пад во претходниот месец. Од секторски аспект, порастот на вкупните депозити е резултат пред сè на позитивниот придонес на депозитите на претпријатијата, при умерен раст и на депозитите на домаќинствата. Според валутната структура, месечниот раст на вкупните депозити е резултат на истовремениот раст на денарските (во целост како резултат на зголемувањето на депозитните пари) и девизните депозити.

Вкупните депозити во октомври и ноември остварија раст, согласно со октомвриската проекција за четвртиот квартал.

Со оглед на вообичаениот висок прираст на вкупните депозити во последниот месец од годината, надополнет со исплатите од четвртиот пакет фискални мерки во текот на декември, ваквите движења даваат индикација за повисоки остварувања кај депозитите од проектираните. Годишната стапка на раст на вкупните депозити во ноември изнесува 6,3%, при проектиран годишен раст за крајот на четвртиот квартал од 2020 година од 4,4%. Од секторски и валутен аспект, годишниот раст во најголем дел произлегува од депозитите на домаќинствата, односно од депозитните пари.

Депозитите на домаќинствата во ноември остварија месечен раст од 0,4%. Ова се должи на промената кај денарските депозити (во целост како резултат на зголемувањето на депозитните пари), при помал раст и на девизните депозити. Дополнителен придонес кон растот имаат и краткорочните депозити, при речиси непроменети долгорочни депозити. На годишна основа, растот на депозитите на домаќинствата во ноември изнесува 5,4%.

Во ноември, вкупните кредити забележаа минимален месечен пад од 0,2%, наспроти растот во претходниот месец. Од секторски аспект, намалувањето на вкупните кредити во целост е резултат на кредитите на претпријатијата, при мал раст на кредитите на домаќинствата. Од валутен аспект, месечниот пад на вкупните кредити е резултат на денарските кредити, при мал раст на девизните кредити. Вкупните кредити во октомври и ноември остварија раст, согласно со октомвриската проекција за четвртиот квартал на годината. Притоа, треба да се има предвид вообичаено високиот прираст на вкупните кредити во последниот месец од годината, поради што неизвесно е остварувањето кај кредитите на крајот од годината. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во ноември изнесува 5,4%, при проектиран годишен раст од 5,3% за четвртиот квартал на 2020 година, согласно со октомвриската проекција.

Од секторски аспект, растот и понатаму во поголем дел е резултат на позитивниот придонес на кредитите на домаќинствата, при помал позитивен придонес и од кредитите на претпријатијата. Во однос на валутната структура, поголем придонес во годишниот кредитен раст имаат кредитите во домашна валута, при позитивен придонес и на кредитите во странска валута (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула). Годишниот раст на кредитите на домаќинствата  во ноември изнесува 8,3%, при речиси воедначен придонес на потрошувачките и на станбените кредити (од 4,1 п.п., и 4,0 п.п., соодветно). Учеството на сомнителните и на спорните побарувања во вкупните кредити во ноември изнесуваше 3,4% и е непроменето во однос на претходниот месец. Гледано од аспект на секторската структура, и натаму најголем дел од вкупниот износ на нефункционални кредити произлегува од секторот „претпријатија“, додека учеството на нефункционалните кредити на секторот „домаќинства“ е значително помало.

Continue Reading
економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки2 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија1 ден ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју16 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари16 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија16 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија16 часа ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании

економија16 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг