Connect with us

економија

Кредитирањето расте, каматите паѓаат

Ефекти од олабавената монетарна политика

објавено

на

Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, оценува Народната банка анализирајќи ги податоците за кредитната активност на банките. Централната банка заклучува дека запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немало, а кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6%. Податоците за движењето на каматните стапки покажува дека олабавувањето на монетарната политика преку намалување на основната камата предизвикало пад и на банкарските камати на депозитите и кредитите.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2021 година изнесува 4,56%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,02 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,85% и оствари пад на месечна и на годишна основа, од 0,05 п.п. и 0,25 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка кај кредитите за компании за две години е намалена од 4,5% на 3,7%. Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,61%,
што претставува раст од 0,12 п.п. на месечно ниво.

Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, оценува Народната банка анализирајќи ги податоците за кредитната активност на банките. Централната банка заклучува дека запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немало, а кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6%.

„Минатата година, растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната банка. Се забележува поголема ориентација за кредитирање на населението, но позитивни се и кредитните текови за корпоративниот сектор“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Првиот економски форум во Скопје.

Притоа, гувернерката истакна дека ова е прва криза во која Народната банка од самиот почеток спроведува олабавена монетарна политика со цел одржување на поволни финансиски услови, за разлика од претходни кризни епизоди кога основната каматна стапка прво се зголемуваше, што доведе до затегнување на кредитните услови. Од самиот почеток на пандемијата, Народната банка ја намалуваше каматната стапка во повеќе наврати, а презеде и други монетарни мерки кои доведоа до намалување на каматните стапки на кредитите и солиден раст на кредитната поддршка на граѓаните и компаниите.

Останувањето на лабавата монетарна политика го истакна и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска во своето најново излагање на Третата меѓународна научно-стручна конференција со наслов „Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување“, чиј домаќин е Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

„Во однос на идната поставеност на монетарната политика, ќе продолжиме да ги следиме состојбите во надворешното окружување, а особено во ЕУ, како и домашните услови и нивното влијание врз девизните резерви и инфлацијата. Во услови на монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, токму инфлацијата и нивото на девизните резерви се двата клучни фактора од кои зависи просторот за спроведување олабавена монетарна политика. Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви се одржуваат на високо ниво ‒ тие надминуваат 4 милијарди евра, што е повеќе од двојно во споредба со глобалната економска криза. Инфлацијата умерено забрза под влијание на глобални фактори, но сепак тоа не се промени коишто ги создава побарувачката и засега не се очекуваат потрајни инфлациски притисоци.“, истакна гувернерката.

Освен домашните монетарни движења, Народната банка ќе ги следи и сиганлите од Европската централна банка (ЕЦБ).

„Од големо значење се и политиката и сигналите на ЕЦБ, од аспект на просторот за натамошно спроведување стимулативна монетарна политика и кај нас. На последниот состанок во јуни ЕЦБ одлучи да продолжи со олабавена монетарна политика, ја задржа каматната стапка во негативна зона и донесе одлука да продолжи со вбризгување ликвидност во системот, и тоа поинтензивно во втората половина од годината, при очекувања за забрзување на инфлација оваа година, но и намалување наредната година“, вели  гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во врска со досегашната реакција на централните банки од започнувањето на КОВИД-кризата наваму, таа нагласи дека во конкретните  услови на почетокот на кризата, централните банки немале друг избор освен силна реакција со цел стабилизирање на движењата на финансиските пазари.

Просечна каматна стапка на сите кредити во мај е 4,56%

Податоците за движењето на каматните стапки покажува дека олабавувањето на монетарната политика преку намалување на основната камата предизвикало пад и на банкарските камати на депозитите и кредитите.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2021 година изнесува 4,56%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,02 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,85% и оствари пад на месечна и на годишна основа, од 0,05 п.п. и 0,25 п.п., соодветно.

Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,84%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,25 п.п. и 0,08 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа идентичен месечен и годишен раст од 0,05 п.п., соодветно и изнесува 0,67%.

Што се однесува до кредитите одобрени на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка овој месец, забележа месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 3,68%. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на минимален раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.).

Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,29 п.п.

Во мај, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,54 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,31%. Надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,61 п.п. и 0,41 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Во споредба со мај претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,40 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во мај изнесува 1,16% и во споредба со минатиот месец бележи пад од 0,03 п.п. Месечното намалување се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа намалување од 0,08 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, оствари раст од 0,09 п.п. и изнесува 0,74%. Зголемувањето во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,30 п.п.), во услови кога се намалени каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,44 п.п. и 0,07 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа раст од 0,40 п.п

Поевтини кредитите  и за домаќинствата

Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Во однос на кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5%. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај забележа месечно намалување од 0,02 п.п. и се сведе на 5,35%. Анализирано според валутната структура, намалувањето во целост е резултат на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута не остварија месечна промена. Во споредба со мај 2020 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п.

Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,61%, што претставува раст од 0,12 п.п. на месечно ниво. Нагорното поместување произлегува од зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,35 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при остварен пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Оваа каматна стапка забележа раст од 0,18 п.п. на годишна основа.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во мај се намали за 0,05 п.п. и се сведе на 0,82%. Притоа, падот се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети. Споредено на годишна основа, каматната стапка оствари намалување од 0,26 п.п.

Во мај, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,64%, при реализиран месечен раст од 0,03 п.п. Овој раст во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,06 п.п.), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула, а остварен е пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.).

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,27 п.п. во однос на истиот период од претходната година.

Банкарскиот сектор високо капитализиран

Советот на Народната банка потенцира дека банкарскиот систем продолжил да работи во услови на сè уште висока неизвесност поради пандемијата, потврдувајќи ја својата подготвеност да одговори на ризиците со кои е соочен и истовремено да обезбеди натамошна кредитна поддршка за економијата.

Заклучно со првиот квартал, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 16,8%, што е мало подобрување во споредба со крајот на 2020 година. Растот на сопствените средства, пред сè како резултат на реинвестираните добивки, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот.

Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување.

Во однос на  кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5%. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети. Покриеноста на нефункционалните кредити со исправка на вредноста е на ниво од 69,7%, коешто останува солидно.

Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем продолжува со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност.

свет4 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет5 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија9 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија19 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис