Connect with us

банки

Кредитна линија од 8 милиони евра за поддршка на бизнисите и домаќинствата

Соработка на НЛБ Банка и ЕБОР

објавено

на

Една кредитна линија е од 5 милиони евра, наменета за инвестиции во заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Втората кредитна линија од 3 милиони евра е за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје деновиве потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија. Финансискиот пакет се состои од:

  • Кредитна линија од 5 милиони евра од Програмата за поддршка на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија, за инвестиции за надградба на производните капацитети во насока на зголемена комплементарност со различните ЕУ Директиви во областа на заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Оваа програма е поддржана од Европската Унија и НЛБ Банка ќе биде петтата македонска банка која ќе се приклучи на истата;
  • Кредитна линија од 3 милиони евра од Програмата за финансирање на зелена енергија за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост. НЛБ Банка ќе биде четвртата локална банка која ќе се приклучи на програмата поддржана од Европската Унија, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Со цел справување со пандемијата предизвикана од Covid 19 вирусот, во земјава беа преземени ригорозни мерки, а кризата имаше негативно влијание на економијата во целост. И покрај негативните ефекти од кризата, побарувачката за продукти наменети за подобрување на конкурентноста и обезбедување на енергетската ефикасност, остана на високо ниво. Се очекува овие две кредитни линии да ги покријат токму овие потреби, велат од НЛБ и ЕБОР.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Среќни сме што НЛБ Банка стана дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија. Програмата за поддршка на конкурентноста е програма развиена од ЕБОР и ЕУ, преку која локалните мали и средни претпријатија се поддржани во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравје и безбедност, како и квалитет на производи; области каде сакаме македонските претпријатија да се издигнат, бидејќи се стремат кон интеграција во регионалните и Европските пазари. Програмата за финансирање на зелената економија  се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикасност од страна на граѓаните, која продолжува и во овие времиња на предизвици, но ние остануваме да им бидеме на располагање на клиентите во поддршка на зелената транзиција на Северна Македонија.”

Антонио Аргир, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка –  додаде: “Обезбедувањето на овој финансиски пакет е од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им се обезбеди полесен пристап до средства за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија, остварување на енергетски заштеди и заштита на животната средина. Со новите кредитни линии ќе ја збогатиме понудата на Банката со нови кредитни продукти и силно веруваме дека истите ќе побудат интерес кај македонските компании и населението.  Склучувањето на овој договор е уште еден доказ за успешната соработка која низ годините ја градиме со ЕБОР и нашата заедничка мисија да обезбедиме континуирана поддршка на растот на македонската економија “.

Со оваа конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот продолжува континуираната долгогодишна соработка меѓу ЕБОР и НЛБ Банка. Преку неа Банката успешно  ја потврдува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на локалните бизниси и воопшто населението. Со овие продукти клиентите истовремено ќе имаат помали трошоци заради енергетските заштеди, но и ќе добијат одреден процент на поврат на средства по успешно реализираната инвестиција

НЛБ Банка АД Скопје има значајно искуство во пласирање на кредити од ЕБОР, кои им помагаат на бизнисите и домаќинствата во подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на конкурентноста. НЛБ Банка АД Скопје е една од трите најголеми македонски банки, со мрежа од 52 експозитури на национално ниво, преку која ќе се пласираат средства од оваа кредитна линија.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над две милијарди евра во 134 проекти во земјата.

ЕБОР одлучно одговори на пандемијата и сега е посветена на насочување на активностите во справување со економските последици од КОВИД-19, со вкупен пакет на поддршка од 21 милијарди евра, до крајот на 2021 година.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок