Connect with us

банки

Кризата на американските банки и инфлацијата ги тресат берзите

Светски пазари на суровини

објавено

на

Во моментов имаме два важни надворешни фактори кои влијаат на светските пазари, а тоа се американските банки и инфлацијата. Пропаста  на некои банки е неизбежна додека каматните стапки не се намалат драстично. Ова е прилично силен надолен фактор на пазарот, како што видовме во падовите во почетокот на март и сега во втората половина на април. Зголемувањето на каматните стапки ги принудува банките и фондовите да продаваат средства за да добијат ликвидност, што предизвикува пад на цената на берзанските стоки и на финансиските пазари воопшто. Друг фактор е инфлацијата, која останува висока и би можела повторно да се зголеми во 2024 година, со воведување на нови дигитални валути.

Првата недела во мај започна со прилично „мечкино“ расположение  за сите берзански производи, особено за енергијата поради негативните макроекономски вести и поврзаните очекувања за рецесија. Сепак, крајот на неделата доведе до пресврт кај металите и кај земјоделските производи, па тие успеаја да ја завршат неделата благо позитивно, за разлика од цената на енергијата, која и покрај закрепнувањето на крајот на неделата, сепак ја заврши неделата во црвено.

Во моментов имаме два важни надворешни фактори кои влијаат на светските пазари, а тоа се американските банки и инфлацијата. Пропаста  на некои банки е неизбежна додека каматните стапки не се намалат драстично. Ова е прилично силен надолен фактор на пазарот, како што видовме во падовите во почетокот на март и сега во втората половина на април. Зголемувањето на каматните стапки ги принудува банките и фондовите да продаваат средства за да добијат ликвидност, што предизвикува пад на цената на берзанските стоки и на финансиските пазари воопшто. Друг фактор е инфлацијата, која останува висока и би можела повторно да се зголеми во 2024 година, со воведување на нови дигитални валути.

Знаци за олабавување на монетарната политика

Во сегашните околности златото повторно добива на значење. Судан е десетти по големина производител на злато во светот и трет по големина на африканскиот континент, по Гана и Јужна Африка. Проценките се дека Судан оваа година би можел да произведе повеќе од 18 тони злато. Затоа, сегашните воено-политички превирања во Судан треба да се гледаат во овој контекст, но и во контекст на свртувањето на Судан кон Русија.

Американските Федерални резерви минатата недела ги зголемија каматните стапки за 25 базични поени, што е десетто зголемување на стапката по ред. Но, она што е можеби поважно од тоа е пораката што беше испратена, а тоа е дека може да има пауза во процесот на заострување на монетарната политика додека не се видат досегашните ефекти од поскапувањето на парите. Клучниот збор е „можеби“, што пазарот не сакаше да го слушне, па инвеститорите беа разочарани од пораките дека циклусот на заострување на монетарната политика се уште не е завршен и дека толку брзо не може да се очекува намалување на каматите.

Инфлацијата (таргетирана на два проценти) и натаму е приоритет. ФЕД потврди дека растот на американската економија забавува, но и дека моментално се чини поверојатно дека „нежно ќе слета“ отколку дека ќе западне во рецесија. ФЕД пред две години мислеше дека инфлацијата ќе биде само минлива, па еве каде сме денес.

Од другата страна на Атлантикот, според податоците на Евростат, инфлацијата во дваесет земји-членки на еврозоната во април порасна на седум отсто (од 6,9 отсто во март), но базичната инфлација падна на 7,3 отсто во истиот период (од 7,5 отсто) и за прв пат во последните десет месеци. Иако овие податоци покажуваат значително забавување на инфлацијата во однос на двоцифрените бројки на крајот на минатата година, инфлацијата останува превисока, поради што ЕЦБ минатата недела повторно ги зголеми каматните стапки, овој пат за 25 базични поени.

Златото повторно добива на значење

Дали е можно САД да „банкротираат“  веќе на почетокот на јуни затоа што демократите, републиканците и Белата куќа не можат да постигнат договор за лимитот на задолжувањето? Евентуалниот  default  би довел до земјотрес на сите пазари со глобална финансиска криза како последица. Изгледа дека САД влегуваат во зона на фискален хаос и тоа е место кое не се напушта без тешки последици.

Истовремено, Кина го проширува своето влијание низ светот, со посебен акцент на Јужна Америка, Африка и Блискиот Исток. Така, Кина неодамна го купи својот прв удел во наоѓалиштето на гас во Катар, додека една кинеска компанија изјави дека е заинтересирана да инвестира 10 милијарди долари за искористување на огромните резерви на литиум во Авганистан. Најголемиот кинески производител на челик потпиша договор за изградба на фабрика за челик во Саудиска Арабија. Покрај тоа, минатиот месец Кина посредуваше за договор меѓу Иран и Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Јемен. Постигнат е договор и со Бразил за користење локални валути наместо долари во трговијата.

За сето тоа се свесни во САД, па затоа не чуди  изјавата на секретарката за финансии Џенет Јелен, која смета дека раздорот  меѓу САД и Кина, би бил погубен за САД. Блумберг оценува дека земјите од групата БРИКС  наскоро треба да ги надминат земјите од Г7 во очекувањата за економски раст. Според нивната анализа, додека земјите од Г7 и БРИКС подеднакво придонесоа за глобалниот економски раст во 2020 година, перформансите на блокот предводен од Запад неодамна се намалија. Се очекува до 2028 година Г7 да учествува со само 27,8 отсто од глобалната економија, додека БРИКС ќе учествува со 35 отсто. Блискиот исток произведува околу една третина од светската сурова нафта. Русија, Иран и Катар сочинуваат нешто помалку од 60 отсто од светските резерви на гас. Деветнаесет земји изразија интерес да се приклучат на групата БРИКС и тие се главно земји чиишто економии се темелат претежно на извоз на суровини.

Во средата ги очекувавме (овој текст поради динамиката на печатење на магазинот е затворен во вторник, н.з.) податоците за инфлацијата во САД, кои ќе бидат најважниот макроекономски показател овој месец. Инвеститорите и потрошувачите сакаат да видат тренд на пониска инфлација, особено во услови на загриженост за билансите на регионалните банки во САД, растечката перспектива за рецесија и претстојниот лимит на американскиот долг на 1 јуни. Пониската инфлација ќе доведе до полабава монетарна политика, што ќе резултира со пад на доларот, што пак ќе доведе до циклус на пораст на цените на суровините.

Во сегашните околности златото повторно добива на значење. Судан е десетти по големина производител на злато во светот и трет по големина на африканскиот континент, по Гана и Јужна Африка. Проценките се дека Судан оваа година би можел да произведе повеќе од 18 тони злато. Затоа, сегашните воено-политички превирања во Судан треба да се гледаат во овој контекст, но и во контекст на свртувањето на Судан кон Русија. Имено, Русија треба да изгради поморска база во Црвеното Море. Златото е веќе моќен мотиватор за војна, а руската поморска база во Црвеното Море може да создаде големи проблеми за сообраќајот до Суецкиот канал, бидејќи Суец е еден од најважните трговски рути на планетава.

Најлошото од енергетската криза помина. Засега.

Американските Федерални резерви минатата недела ги зголемија каматните стапки за 25 базични поени, што е десетто зголемување на стапката по ред. Но, она што е можеби поважно од тоа е пораката што беше испратена, а тоа е дека може да има пауза во процесот на заострување на монетарната политика додека не се видат досегашните ефекти од поскапувањето на парите. Клучниот збор е „можеби“, што пазарот не сакаше да го слушне, па инвеститорите беа разочарани од пораките дека циклусот на заострување на монетарната политика се уште не е завршен и дека толку брзо не може да се очекува намалување на каматите.

Трговците во рецесија внимателно ја следат побарувачката на енергија бидејќи таа сепак е одличен показател за рецесиските движења, но и за трендовите на раст. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ скокнаа на повеќе од 76 долари за барел во понеделникот, закрепнувајќи од 45-дневниот минимум од 71,28 долари, постигнат минатата недела во четвртокот. Пазарното расположение беше поттикнато од посилниот од очекуваниот раст на работните места во САД, намалувајќи ја загриженоста за можното економско забавување. Оваа позитивна економска перспектива, во комбинација со послаб американски долар и очекувањата за намалување на понудата на следниот состанок на ОПЕК, обезбеди одредена поддршка за цените на суровата нафта.

Гледајќи напред, инвеститорите внимателно ќе го следат краткорочниот извештај на американската Администрација за енергетски информации во вторник и месечниот извештај за изгледите на ОПЕК во четврток за да добијат чувство за траекторијата на пазарот до крајот на годината. Дополнително, извештајот за заработката на Saudi Aramco ќе биде објавен оваа недела, бидејќи најголемиот светски производител на нафта дава дополнителен увид во перформансите на индустријата. Цените на фјучерсите на природниот гас во Европа паднаа на 36 евра/MWh, продолжувајќи го падот од 5,1 отсто во првата недела од месецот и достигнаа нивоа што не беа забележани од јули 2021 година, кога Русија првпат го прекина снабдувањето со електрична енергија во Европа.

Цените на гасот паѓаат од средината на декември 2022 година, откако го достигнаа врвот на 339 евра/MWh во август, поради обилните резерви на втечнет гас – ЛНГ, помалата потрошувачка и благата зима. Индустриите и домаќинствата во Европската унија ја намалија потрошувачката на природен гас за 13,2 отсто во 2022 година. Во меѓувреме, рекордните испораки на ЛНГ од САД и зголемените испораки од Норвешка, Алжир и Катар во голема мера го заменија рускиот гас. Иако најлошото од енергетската криза засега е завршено, ризиците остануваат за следната зима, како што е жешкото лето кое може да го намали нивото на водата, студената зима и закрепнувањето на азиската побарувачка за ЛНГ.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал