Connect with us

интервју

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

Кристина Камчева – Стојческа, претседател на Одбор на директори на Орка Холдинг

објавено

на

Кај женското лидерство, поизразито е ставањето приоритет на другите членови во тимот пред сопственото. Фокусот на соработка, емпатија и инклузивност е одлика на жените лидери, кои од своја страна водат до поголемо задоволство на вработените.

Г-ѓа Камчева Стојческа, долго време се занимавате со бизнис, во различни области. Моментално сте на чело на „Орка холдингот“, па споделете со нашите читатели, на што сте најмногу фокусирани периодов, на што сега најмногу ги трошите својата енергија, знаење и искуство?

Голема е одговорноста да се предводи една сериозна компанија како нашата, особено во време кога целокупната бизнис-заедница беше соочена со низа предизвици. Различното портфолио на бизниси во нашата компанија и специфичностите на секоја компанија засебно се мој секојдневен мотив и движечка сила. Зависно од приоритетите, се менува и фокусот, но секогаш крајната цел е да овозможите непрекинлив тек на процесите во компаниите, да ја задржите конкурентноста на пазарот и да одговорите максимално професионално на потребите на соработниците и клиентите. Она кон кое постојано ја насочувам мојата енергија се растот и развојот на компанијата и одржувањето на бизнисот во чекор со светските трендови. Како сопственик, но пред сè, како професионалец, се трудам сето мое досегашно искуство да го пренесам на тимот со кој секојдневно работам и заедно тимски да постигнуваме успешни резулати.

Вашата компанија поседува портфолио од повеќе бизниси, од различни сектори, па какви вештини и синергија употребувате за координирање и управување на сите тие активности?

Женското лидерство ја вклучува компонентата на автентичност со посебен акцент на самосвест, транспарентност и искреност. Градење на цврсти врски со членовите на тимот, воспоставување на позитивна работна атмосфера каде вработените доживуваат чувство на вредност и поддршка.

Создавањето лојален тим, искреноста и транспарентноста, според мене, се главните чекори за успешно координирање и управување со бизнис-процесите во една компанија. Умешноста да се изгради тим од доверба, кој ќе ги почитува принципите на корпоративната култура, е вештина што е одлика на искусните лидери. Како сопственик, постојано се грижам за постоење на позитивна работна атмосфера, почит едни кон други и негување на меѓусебната комуникација. Верувам во моќта на тимот, но и во значењето на секој посебно и силно го поддржувам личниот развој на секој вработен. Инвестицијата во стручно усовршување е наш приоритет, а истовремено и континуирано работам на сопствено надградување.

Какви се плановите за натамошен раст и развој на компаниите на корпорацијата, планирате ли нови инвестиции во скоро време?

Во рамките на корпорацијата функционираат компании што се лидери во своите области. За да се достигне лидерската позиција, тоа значи дека овие компании континуирано вложуваат во својот раст и развој и постојано воведуваат нови трендови во работењето. Постојано ги следиме најновите достигнувања во светски рамки и се трудиме да ги задоволиме побарувањата на нашите клиенти, така што инвестирањето во нов кадар, нови капацитети и нови подобри услови за работа се наш принцип на работа, кој ќе продолжи и понатаму. Нашите компании имаат остварено стратешки партнерства со интернационални компании и нашите идни планови секогаш се насочени кон одржување на овие релации и развивање на нови партнерства и предизвици во работата.

Кои се, за вас, најголемите предизвици со кои се соочувате во моментов како претседател на УО на Вашата компанија, со оглед дека живееме во време на последователни кризи по ковид- пандемијата, при што проблемите на светската економија и геополитика неминовно се одразуваат и врз работењето на македонските компании?

Со задоволство можам да кажам дека во рамките на компанијата преовладуваат жените менаџери. Сите тие се стручни и професионални работници со кои се гордееме. Родовите стереотипи се целосно елиминирани и она кое се вреднува кај нас се карактеристиките на индивидуата која е на раководна позиција.

Пандемијата сама по себе беше предизвик на глобално ниво. Дел од компаниите во нашето портфолио се соочија со огромен предизвик, особено компаниите во хотелскиот сегмент. Хотелите „Ибис Скопје сити центар“ и „Ибис стајлс Скопје“, како дел од „Accorhotels“- групацијата, претрпеа сериозен удар. „Accorhotels“ како најголема хотелска групација, со приближно 5 500 хотели во 110 држави во светот и наш бизнис-партнер, ги споделија практиките и понудија поддршка за што побезболно премостување на пандемискиот период. Практиките на сhange management и адаптација на нашите бизниси во новонастанатите услови ги ублажија негативните ефекти. Постковид-закрепнувањето, надополнето со геополитичките случувања и економските предизвици во делот на енергетската криза и пазарот на работна сила, останува како предизвик пред кој сме соочени како сопственици. Меѓутоа, успехот во бизнисот подразбира и успешно менаџирање и во кризни услови и справување со предизвици, изнаоѓање на рационални и применливи решенија и носење одлуки во согласност со економското окружување и расположливите ресурси. Успехот е долготраен процес, со помали и поголеми пречки, кој бара макотрпна работа, упорност, издржливост. Иновативност, визија и развивање на една идеја од почеток до крај се нашиот модел на создавање и одржување на нашите компании.

Кои се основните етички и професионални принципи според кои се раководите, менаџирајќи ги компаниите сите овие години откако сте во топ менаџментот на групацијата? Кои ви се најскапоцените совети што сте ги добиле од вашите родители, основачите на групацијата, а и од други поискусни професионалци, кои ви помогнале во позицијата на бизнис-лидер?

Нашите вредности се експресија на нашата визија и желба секогаш да го дадеме најдоброто од себе. Почит, професионалност и иновативност се нашите основни вредности. Со посветеност се трудиме да бидеме симбол на доверба и квалитет. Општествената одговорност е уште една одлика со која се гордееме. Досега имаме реализирано бројни активности со кои сме ѝ помогнале на заедницата во која дејствуваме. Нашите клиенти се фокусот на сè што работиме и создаваме. Квалитетот на нашите услуги се темели врз добрата политика што ја спроведува компанијата. Јас имав среќа да учам од вистински професионалци. Мојот татко беше голем ентузијаст, визионер и човек, кој беше лидер во вистинска смисла на зборот. Неговите совети и советите од мојата мајка до ден-денес се мојот водич во сето она што го работам и создавам.

Според статистиките, на македонскиот пазар, жените водат претежно мали бизниси. Како вие гледате на проблемот на женското лидерство во општеството и економијата? Како да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и други водечки позиции?

Жените на лидерски позиции се соочуваат со значајни предизвици, кои произлегуваат од социјални фактори, внатрешна динамика или проблеми во окружувањето. Родовите стереотипи и балансот меѓу семејниот и професионалниот живот, јаз во личните примања, се присутни предизвици не само во нашата земја туку и на светско ниво. Сметам дека жените се свесни за овие предизвици и се работи на нивно надминување. Женското лидерство, сепак, има третман на економска категорија. Со економското јакнење на жените, со нивна постојана едукација, директно се влијае врз женското лидерство и сметам дека женското лидерство е во сериозен подем во нашата земја.

Според некои истражувања, компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа, според Вас, која е компаративната предност на жените во лидерството?

Женското лидерство ја вклучува компонентата на автентичност со посебен акцент на самосвест, транспарентност и искреност. Градење цврсти врски со членовите на тимот, воспоставување позитивна работна атмосфера каде што вработените доживуваат чувство на вредност и поддршка. Кај женското лидерство,

поизразено е ставањето приоритет на другите членови во тимот пред сопственото. Фокус на соработка, емпатија и инклузивност е одлика на жените лидери, што од своја страна води до поголемо задоволство на вработените.

Каква е ситуацијата со родовиот баланс во компаниите во рамки на корпорацијата? Има ли значителен број жени на раководни позиции и дали постојат посебни програми што стимулираат напредување и развој на жените во кариерата?

Со задоволство можам да кажам дека во рамките на компанијата преовладуваат жените менаџери. Сите тие се стручни и професионални работници со кои се гордееме. Родовите стереотипи се целосно елиминирани и она што се вреднува кај нас се карактеристиките на индивидуата која е на раководна позиција. Нашите компании досега биле дел од многубројни програми и проекти, кои поддржуваат развој и инклузија на жените во различни сфери: спорт, бизнис, уметност. Јас пред 20 години работев во текстилната индустрија, која генерално вработува женска работна сила и тогаш мојот татко, кој беше вљубен во бизнисот и кој ме научи на најважните работи, велеше: „Кристина, дали можеш да претпоставиш дека во парчето кое е допрено од секоја работничка е проткаена нивната мисла за нивниот живот, за тоа како се нивните деца во училиште, што ќе ручаат… Женската работна сила секогаш е подрагоцена од машката, никогаш тоа да не го заборавиш“.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?