Connect with us

банки

Кроација Осигурување Неживот и Стопанска банка – Скопје понудија осигурување на отплата на кредит

објавено

на

Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД – Скопје, добиваат можност да склучат договор за осигурување на отплатата на кредитот кој им обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи им на клиентите времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на отплатата на кредитот како што се: губење на работа, незгоди, подолги боледувња и др.  

Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на Банкоосигурување на македонскиот пазар за првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI – Creditor protection insurance)!

Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД – Скопје, добиваат можност да склучат договор за осигурување на отплатата на кредитот кој им обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи им на клиентите времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на отплатата на кредитот како што се: губење на работа, незгоди, подолги боледувња и др.  

Особено не радува што за кратко време од воведувањето, oсигурувањето на отплата на кредит беше препознаено од клиентите како додадена вредност и веќе со почетокот на ноември (месецот на осигурувањето) ја забележавме продажбата на 100-тата полиса од овој вид осигурување. По тој повод, на ден 17. 11. 2021 г.  во рамки на новоотворениот i-bank corner на Стопанска банка во трговскиот центар East Gate Mall, покрај кратката презентација на новата понуда, доделен беше и пригоден подарок на 100-тиот корисник на Осигурувањето на отплата на кредит – викенд во Крушево за 2 лица.

Повеќе детали за можноста за користење на осигурувањето на отплата на кредит заинтересираните клиенти можат да добијат ексклузивно во сите филијали на Стопанска банка или на АлоКредит достапен 24/7 на (02) 15110

За осигурување на отплата на кредит:

Осигурување на отплата на кредити (Creditor protection insurance CPI) е наменски развиено покритие со кое, во случај на остварување на предвидените ризици, од една страна Банката го намалува ризикот во случај на одредени настани во текот на животниот циклус на отплата на кредитот, а од друга на корисниците на кредит добиваат сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат. Доколку се случи осигурен настан поврзан со смрт или трајна целосна неспособност за работа, семејството не го наследува долгот на заемот и останува финансиски заштитено затоа што неплатениот износ на заемот, кој исто така претставува и осигурена сума, ќе биде подмирен во целост. Од друга страна доколку корисникот на кредит дојде во ситуација на невработеност или боледување, осигурувањето во периодот на траење на еден од овие настани ги надоместува месечните ануитети.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација