Connect with us

регион

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

објавено

на

Косовскиот премиер и српскиот државен секретар на различни панели на денешниот Самит во Скопје искажаа различни мислења околу тоа како треба да изгледа борбата против организираниот криминал и корупцијата, но се согласуваат дека тие се клучни предуслови за евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.

Косовскиот премиер Албин Курти на денешниот Самит на Западен Балкан во Скопје организиран од британски The Economist рече дека бобата против корупцијата и организираниот криминал останува врвен приоритет за неговата земја на патот кон евроинтеграциите и изградба на функционална демократија.

„Криминалот не познава нација или религија, криминалците успешно соработуваат без оглед на разликите. Вчера имавме акција на северот од Косово во којашто за жал, имаше повредени, и некој се обиде да даде етничка димензија на целата ситуација. Ќе ви кажам само дека налозите од судството и обвинителствата за вчерашна акција за разбивање на шверц, меѓу другите беа издадени и од Срби, а во акцијата имаше повредени и Срби и Албанци.“

Курти ова го кажа на почетниот дел од денешната конференција, а нешто подоцна, на панелот насловен „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревко глобално окружување“, државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи, Немања Старовиќ, даде забелешка во врска со вчерашните немили настани во Митровица.

„Иако сум оптимист во врска со европерспективите на регионот на Западен Балкан, она што може реално да не’ спречи на патот е национализмот. Она што вчера се случи во Косово е прашање на прекумерно користење на сила, за да се спречи наводна повреда на царински регулативи и сл. Но, активирање на целосно вооружена полиција, солзавец, шок бомби, едноставно не е прифатливо. Ваква акција поради кутии со шверцувани лекови, наспроти ситуацијата за која сите сме свесни, со тони шверцувани цигари, едноставно е бесмислена“, рече Старовиќ.

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите