Connect with us

политика

Лаги, проклети лаги и интернет

Политика во време на пост – вистина

објавено

на

Експанзијата на дезинформациите што се случува во последните децении дефинитивно се должи на брзината и лесниот пристап не само до консумацијата на вестите, туку и во нивното креирање. Факт е дека лагите биле секогаш присутни во јавните наративи, но порано, додека беа познати како старата добра пропаганда, ја немаа моќта да бидат произведени и дистрибуирани насекаде и по безобразно ниска цена. Ова создава не само медиумско, туку и социјално и политичко растројство и од темел ги потресува не само општествата и личните животи на луѓето, туку и меѓудржавните односи.

Ваквите трендови се искористија за раст на популистичките движења и доближување или претопување на политичките со медиумските шоу ѕвезди. Можеби најинтересен пример е Владимир Зеленски, претседател на Украина, којшто стана татко на нацијата како ултра популарен комичар во ТВ комедијата „Слуга на народот“, каде што верувале или не глумеше – претседател на Украина. Очигледно му се допаднала улогата, па тој во март 2018 формираше партија, ја крсти, се разбира – Слуга на народот и ја освои највисоката државна функција.

Лаги, проклети лаги и статистика – веројатно многумина ја паметат познатата изрека на Марк Твен којашто денеска слободно може да се парафразира, па „почесното“ прво место на статистичките операции, да го заземе интернетот и сите активности низ мрежите.

Експанзијата на дезинформациите што се случува во последната деценија дефинитивно се должи на брзината и лесниот пристап не само до консумацијата на вестите, туку и во нивното креирање. Факт е дека лагите биле секогаш присутни во јавните наративи, но порано, додека беа познати како старата добра пропаганда, ја немаа моќта да бидат произведени и дистрибуирани насекаде и по безобразно ниска цена.

Многумина сите нарушувања во системите за комуникација и информирањето на граѓаните ги дефинираат со популарниот термин „лажни вести“, но голем број на експерти се согласни дека оваа кованица треба да се избегнува.

Измислена од популистички политички авторитети, таа најчесто служи за дискредитација на основани и сериозни критики, кога носителите на јавни функции ги етикетираат нападите или прашањата од јавноста кон нив просто како лажни вести со цел да избегнат одговорност за своите постапки, но и да го изиграат начелото на транспарентност што мора да е основа за едно добро демократско владеење. Дополнително фразата самата по себе е оксиморон – веста не може да биде лажна. Барем не онаа, за којшто секој школуван новинар знае какви елементи треба да содржи при што токму точноста и проверката се основа за една информација да може да се нарече вест (нешто што обично е содржано и во првиот член од сите новинарски кодекси за етика во современите демократии).

Но, како и да ги наречеме, факт е дека штетата што овие дисторзии ја прават врз општествата како целини е огромна. За само неколку децении сведочиме на целосни потреси на цели комуникативни системи, редефинирања на процесот на информирање, значењето на информациите и ефектот што лагите го имаат врз личните животи на луѓето и врз развојот на државите.

Една од главните штети се состои во огромното нарушување на довербата на граѓаните во институциите. Живееме во време на сомнежот кога се почесто луѓето имаат тенденција да веруваат на информации прочитани на интернет од непроверени извори и исти такви медиуми, отколку од официјални институции. Се разбира тука големо влијание има и поразителното владеење во многу либерални демократии, што остава простор за раст на ваквите процеси. Но, факт е дека има пад на довербата не само во политичките органи туку и во т.н. „институции за знаење“: универзитетите, медиуми, влади, експерти …

Најценета денес е вистината што доаѓа од индивидуалното искуство и мислење на луѓето и експертите велат дека причина за ова е креирањето на таканаречени филтер балони и еко комори, кога луѓето во својата виртуелна реалност се опкружени само со пријатели со коишто делат исти ставови. Затворајќи се во својот круг тие веруваат само во својата вистина, дури и кога таа тоа не е, па навистина е ѓаволски тешко за еден факт да продре низ тој систем на заштита од реалноста и да ја победи лагата макар била таа на ниво на апсурд (Земјата е рамна, на пр.).

 Ваквата пост – факт реалност, каде што мислењето или чувството доби позиција на факт, неминовно води до зголемена  поларизација и радикализација и натамошно уривање на довербата во системот.

Токму затоа на дезинформациите – и пошироко нарушувањето на информациите – треба да се гледа како симптом на едно социјално и политичко растројство, наместо како причина.

Дезинформациите се ендемичен и сеприсутен дел од политиката низ целиот свет и Западниот Балкан, не само што не е исклучок, туку е и плодна почва за нивно виреење имајќи ја предвид и политичката и демократска култура, но и културата на владеење и начинот на којшто властодршците од регионот ја разбираат и политиката и комуникацијата со јавноста.

Политичките партии исто така играат особено значајна улога во целиот регион, честопати координирајќи се со поврзаните медиуми за да произведат и шират дезинформации за изборни цели. И тие, се разбира главно го користат интернетот за овие активности.

Истражувањата на јавното мислење (извор: Balkan Public Barometar) покажуваат дека во Европа највисока доверба во државните институции има во Данска, Холандија, Луксембург, Финска и Шведска, а најниска во Бугарија, Хрватска и Словенија. Балканските земји надвор од ЕУ се подолу на листата. Во однос на довербата во социјалните мрежи (кои секаде се главен извор на дезинформации) додека на ниво на ЕУ таа е околу 20 %, Македонија е во првите десет, заедно со држави како Бугарија, Албанија, Турција. Романија, Црна Гора… каде што се верува во се’ (или во многу) што ќе се прочита по социјалните мрежи.

Политиката како реално шоу

Русија претпочита да го практикува своето влијание со минимални трошоци, а таквите напори не би биле можни без поддршка од локални соработници. Затоа руската политика во Западен Балкан е во најголем дел насочена кон кооптација и субверзија отколку кон воени или невоени форми на принуда: Кооптацијата е инструмент на Русија по избор на Западен Балкан – изградени се партнерства и сојузи со локалните моќници во Србија и Република Српска во БиХ. На пример, Србија се усогласи со Русија за да добие моќ во врска со косовското прашање и да добие придобивки од инвестициите и деловните врски. Фото: Средба Вучиќ – Путин

Ваквите трендови се искористија за раст на популистичките движења, насекаде низ регионот, континентот и светот. Сите овие групи имаат една главна карактеристика, а тоа е презентацијата на нивните лидери дека се „еден од масата“ заедно со тезите дека тие се борат против естаблишментот, тие се бунтовници, тие се нови херои и витези против страшниот капитализам и уште полошите капиталисти.

Во последните години гледаме наплив на вакви инстант политички ѕвезди насекаде низ Европа, оние кои јаваат на бранот на незадоволство на граѓаните од властите и од политичките лидери, создавајќи нови групи на политички активисти што понекогаш се граничат со фикцијата.

Италијанецот Бепе Грило, комичар, актер и блогер, стана политичар и со своето популистичко движење на последните избори освои 32,7 проценти од гласовите во 2018 година со што стана прва партија во парламентот.

Павел Кукиц, една голема рок ѕвезда со освоени 8,8 проценти стана еден од главните играчи и трета партија во Полска, а тука се и Слави Трифунов, којшто освои најголем број од гласовите на последните бугарски избори, а и Словенецот Марјан Шарец, автор, комичар и сатиричар, чијашто политичка кариера се развиваше од градоначалник до премиер на Словенија.

Да не го заборавиме и Мирослав Шкоро, хрватски пејач, еден еднакво успешен јавач на популизмот, којшто беше пратеник, кандидат за претседател, формираше своја политичка партија и сега е потпретседател на Парламентот.

Можеби еден најинтересен пример во оваа група на ѕвезди – лидери е Владимир Зеленски, претседател на Украина, којшто стана татко на нацијата како ултра популарен комичар во ТВ комедијата „Слуга на народот“, каде што верувале или не глумеше – претседател на Украина. Очигледно му се допаднала улогата, па тој во март 2018 формираше партија, ја крсти, се разбира – Слуга на народот и ја освои највисоката државна функција.

Политичкиот живот на овие новосоздадени политичари во чекор го следат медиумите преку еднаков третман на улогата што треба да ја имаат исклучиво гледајќи ја низ призмата на кликбајтс, негативизам, сензационализам или со еден збор медиа – популизам. Во држави со слаба политичка култура гледаме и медиумски интервенционизам, кога медиумите директно и сосема отворено се претворени во агитатори за дадена политичка опција, сосема заборавајќи на примарната улога за професионално информирање и грижа за јавниот интерес.

Средство за меѓудржавни битки

Многумина сите нарушувања во системите за комуникација и информирањето на граѓаните ги дефинираат со популарниот термин „лажни вести“, но голем број на експерти се согласни дека оваа кованица треба да се избегнува. Измислена од популистички политички авторитети, таа најчесто служи за дискредитација на основани и сериозни критики, кога носителите на јавни функции ги етикетираат нападите или прашањата од јавноста кон нив просто како лажни вести со цел да избегнат одговорност за своите постапки, но и да го изиграат начелото на транспарентност што мора да е основа за едно добро демократско владеење.

Но, не се само внатрешните потреси резултат на дезинформациите. Медиумите и сите социјални платформи се користат и за влијанија помеѓу државите станувајќи алатки во геополитичките битки. Кога се анализира Балканот, тука главниот судир е на два наративи – оној прозападниот и оној што тврди дека НАТО и ЕУ се штетни за националните интереси на државите.

Многумина аналитичари се посветени на истражување на влијанието пред се’ на Русија како главна противтежа на прозападните процеси и визии за земјите што (се’ уште) ја имаат поддршката од мнозинството граѓани на Балканот, и од главните политички актери (барем декларативно). Едно такво истражување е „Стратешки интереси на Русија и Алатки за влијание на Западен Балкан“ на проф. Димитар Бечев. Овој извештај го испитува местото на Западниот Балкан во стратегијата на Русија за зајакнување на нејзините геополитички интереси. Активностите на надворешната политика на Русија се водени од три главни цели: да се зачува стабилноста на сегашниот режим, да се задржи контролата над постсоветскиот простор и да се зачува нејзиниот статус на голема моќ во глобалните прашања.

Југоисточна Европа е над она што Русија го смета за своја привилегирана сфера на геополитички интерес.  Сепак, Русија гледа на Западниот Балкан како можност да ги поткопа ЕУ и НАТО со користење на сопствените слабости на земјите. Во овој поглед, Балканот е ранлива периферија на Европа каде што Русија може да изгради основа, да регрутира приврзаници и на крај да ја зголеми својата моќ над Западот.

Акциите на Русија на Западен Балкан имаат за цел замрзнување на сегашната статус кво состојба (во случаите на БиХ и Косово), спречување на проширувањето на НАТО и ЕУ, како и искористување на слабостите во и меѓу земјите од регионот, долевајќи оган на отворените прашања.

Свеж е примерот кога на Денот на сесловенските просветители, амбасадите на Русија и во Скопје и во Софија упатија честитки до двете земји преку социјалната мрежа Твитер во кои и на двете им ја препишуваат заслугата за ширењето на писменоста помеѓу словенските народи (чии се Кирил и Методиј?) во време кога односите се затегнати токму на таква чувствителна линија.

Во Извештајот погоре се вели дека кутијата со алатки за влијанието на Русија може да се подели на три дела: принуда, кооптација и субверзија.

Русија претпочита да го практикува своето влијание со минимални трошоци, а таквите напори не би биле можни без поддршка од локални соработници. Затоа руската политика во Западен Балкан е во најголем дел насочена кон кооптација и субверзија отколку кон воени или невоени форми на принуда: Кооптацијата е инструмент на Русија по избор на Западен Балкан  – изградени се  партнерства и сојузи со локалните моќници во Србија и Република Српска во БиХ. На пример, Србија се усогласи со Русија за да добие моќ во врска со косовското прашање и да добие придобивки од инвестициите и деловните врски.

Во исто време, меката принуда што се однесува на нарушување и мешање во домашните работи е далеку од ретка. Примерите вклучуваат трговски ембарго и сајбер напади, како на пример во Црна Гора за време на последниот круг пред влезот во НАТО (2015-2017). Субверзијата е прикажана со тактики како што се (не) информативни кампањи и или скриена поддршка за радикални антизападни актери (партии и граѓански здруженија).

На Западниот Балкан, најдобар пример се обидите на Русија да го блокира пристапот на Црна Гора во НАТО и да го наруши процесот околу Преспанскиот договор на Северна Македонија (Извештај – Ризици и ранливост на Западен Балкан, Руфин Замфир, Глобален центар за фокусирање). Овој извештај ги идентификува ризиците и ранливоста што непријателските актери можат да ги искористат за да добијат влијание врз земјите во регионот на Западен Балкан. Врз основа на методологијата развиена во претходните студии на Глобалниот центар за фокусирање, овој извештај нуди индекс на пропустливост за мерење на ранливоста на секоја земја од малигни влијанија за да помогне во поддршката на напорите за градење на отпорност. Ранливоста се проценува во четири домени: Општество, економија, политика и надворешна политика и безбедност.

Според Индексот, Северна Македонија и Албанија се признати како најмалку ранливи, додека Босна и Херцеговина е најранлива земја во регионот. Рангирањето на БиХ претставува комплицирано политичко, социјално и економско опкружување на земјата – што е најважно длабоките поделби помеѓу Република Српска и Федерацијата на БиХ (двата конститутивни ентитети), кои поттикнуваат конфузија околу стратешката ориентација на земјата.

Политиката е област со најголем потенцијал на пропустливост во сите анализирани земји.

Најчестите ризици се поврзани со концентрацијата на моќ, високи нивоа на корупција, државно фаќање и организиран криминал и неказнивост на политичките елити. Овие променливи придонесоа за чувство на разочарување од политичките елити од страна на јавноста. Друга ранливост во овој домен е генерирана од клиентелистичката, трансакциска и политичка конкуренција. Концентрацијата на моќ, исто така, му штети на политичкиот дијалог и ги влошува етничките националистички чувства, обезбедувајќи простор за маневрирање на малигните влијатели.

 Во доменот на Општеството, најголемиот дел од загриженоста е поврзана со растечката општествена поделба (вооружена од надворешни и внатрешни нарушувачи на Косово и БиХ) и етнички национализам.

 Медиумите, сепак, остануваат најдиректен пат до малигни влијанија врз општествата. Континуираните обиди на владата и сојузничките медиуми да ги поткопаат независните новинари ги оставија општествата без важен надзорник и бранител од пропаганда.

 Во доменот на економијата, најчестите ранливости се поврзани со корупција, слаби економски политики и лошо планирање, како и манифестација на националистички чувства во економската политика (како што е одлуката на Косово да ги зголеми тарифите за српска и босанска стока во 2018 година). Организираниот криминал и корупцијата на високо ниво се уште една сериозна ранливост во сите анализирани земји.

 На енергетскиот сектор му треба обновување како што е замена на опремата за стареење и диверзификација на изворите. Оваа потреба создаде можности за надворешни чинители да соработуваат со локалните самоуправи. Во областа на надворешната политика и безбедноста, земјите со неможност да ги формулираат своите надворешни и безбедносни политики се поранливи на надворешно непријателско влијание.

Решенија

Дигиталните иновации се многу побрзи од регулативата. Регулативата за социјалните медиуми во демократиите е оставена на саморегулативните еснафски тела, но таа самата не може да биде доволна. Иницијативите за проверка на фактите се неопходни, но и тие сами по себе не се доволни. Решенијата затоа треба да бидат структурни. Тие треба да се фокусираат на негување доверба, градење на медиумска писменост и зајакнување на професионалните стандарди во традиционалните медиуми.

КОВИД -19 рака под рака со вирусот на дезинформациите

Кога се анализираат овие процеси треба да имаме предвид дека пандемијата КОВИД-19 обезбеди плодна почва за дезинформација. Владите од многу држави низ целиот Западен Балкан се обидоа да го фалсификуваат нивните напори за справување со пандемијата, додека граѓаните инјектираа многу исто лажни тврдења низ јавниот простор.

“Пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици дополнително ќе ја поткопа довербата на јавноста во владите, како и реалното работење на тие влади. Ова, од своја страна, ја влошува основната причина за дезинформација, што е распаѓање на управувањето и социјалната кохезија“, вели професорката Маријана Грбеша, од факултетот за политички науки при Универзитетот од Загреб.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка