Connect with us

македонија

Лидери на зелената економија

Универзитетот Американ Колеџ Скопје вклучен во регионален проект поддржан од ЕУ

објавено

на

Целта на овој проект е да создаде универзитетска средина која ќе стимулира развој на циркуларната економија кај студентите на економските факултети во регионот на Југоисточна Европа. Проектот исто така стимулира градење и продлабочување на поврзаноста меѓу академијата и индустријата и подобрување на дигитализацијата на високообразовниот сектор.

Факултетот за Деловна Економија и Организациони Науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со Економскиот Факултет при Универзитетот во Ријека, Хрватска, Факултетот ДОБА од Марибор, Словенија и Факултетот за Бизнис и Менаџмент од Универзитетот од Русе, Бугарија го имплементираат проектот Лидери на Зелената Економија со финансиска поддршка на Еразмус+ програмата. 

Целта на овој проект е да создаде универзитетска средина која ќе стимулира развој на циркуларната економија кај студентите на економските факултети во регионот на Југоисточна Европа. Проектот исто така стимулира градење и продлабочување на поврзаноста меѓу академијата и индустријата и подобрување на дигитализацијата на високообразовниот сектор. Преку проектните активности ќе им се овозможи на студентите да развијат знаења, вештини и компетенции за циркуларната економија. Со тоа тие ќе бидат подобро подготвени за нивните идни работни места и помагање на усвојување на концептите на циркуларната економија во компаниите со што позитивно ќе влијаат на идниот економски раст на земјите како и трансформацијата кон зелена економија.

Кон остварување на Одржливите развојни цели на ООН и Зелената агенда на ЕУ

Проектот е насочен кон утврдување и унапредување на следните аспекти:

  • Застапеноста на циркуларната економија во наставата на универзитетско ниво, како и разбирање на искуствата и мислењата на студентите за темата;
  • Воспоставување врски и унапредување на соработката меѓу академијата и индустријата во однос на циркуларната економија преку создавање на нови и збогатување на постоечките активности;
  • Создавање Дигитaлен депозитар на знаења, алатки и активности за зелената економија кој ќе биде од отворен карактер и ќе може да се користи во иднина од  страна на професорите и студентите;
  • Збогатување на знаењата и вештините на универзитетскиот кадар за циркуларната економија.

Преку проектните активности ќе се стимулира унапредување на наставата со нови интерактивни алатки како што се студии на случај, интерактивни предавања, видео материјали, квизови за зелена економија, како и интервјуа за споделување искуства на компании од доменот на циркуларната економија. Преку тоа ќе се поттикне развој на вештини и знаења што се лесно применливи во практиката и ќе се подобри вработливоста на студентите.

Проектот помага во остварувањето на Одржливите Развојни Цели на Обединетите Нации, како и Зелената Агенда поставена од Европската Унија. Исто така конзорциумот е формиран од Универзитети од земји каде што новите методологии за настава и учење за циркуларната економијата се во зачеток и има недостиг на наставни материјали од регионот. Регионалната перспектива ќе ја зајакне соработката меѓу вклучените земји од Балканот. Преку проектните активности сите чинители од различни земји ќе можат да учат за нивните екосистеми, но и да учат едни од други и за други, со што ќе се стимулира развојот на мултикултурните компетенции и меѓукултурна соработка.

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на проектот:  https://sites.google.com/view/leadersofthegreeneconomy/home?pli=1.

економија12 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија13 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки14 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија14 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

економија6 дена ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност