Connect with us

економија

Литиумот е “новата нафта“ – се разгорува трката за сребрено-белиот метал

Се разгорува трката за сребрено-белиот метал

објавено

на

Електричните автомобили се причината поради која побарувачката за литиум расте во светот, бидејќи за една батерија што ги напојува, тешка триста килограми, потребни се околу осум килограми од металот. Цената на литиумот постојано расте и на почетокот на 2023 година беше шест пати повисока во однос на периодот од 2015 до 2020 година.

Литиум: овој сребрено-бел метал, кој уште се нарекува и „бело злато“, е многу лесен и цврст – складира голема количина енергија и се наоѓа во батериите на електричните уреди,  од четки за заби, компјутери, мобилни телефони, па се’ до електрични автомобили, па затоа побарувачката за литиум постојано се зголемува.

Во 2016 година, според податоците на Германската агенција за суровини (DERA), во светот се произведени четириесет и три илјади тони литиум, сто и триесет илјади тони во 2022 година, а до 2030 година производството би можело да се зголеми четирикратно.

Електричните автомобили се причината поради која побарувачката за литиум расте во светот, бидејќи за една батерија што ги напојува, тешка триста килограми, потребни се околу осум килограми од металот. Со растот на производството и продажбата на електрични автомобили, побарувачката за литиум-јонски (Li-ion) батерии би можела да достигне 9.300 GWh до 2030 година, што е за 1.600 отсто повеќе отколку во 2020 година.

На пример, поради растот на продажбата на електрични автомобили, побарувачката за автомобилски литиум-јонски батерии во светот во 2022 година е зголемена за околу 65 отсто во споредба со претходната година. Во исто време побарувачката во Кина порасна за повеќе од 70 отсто, а во САД за околу 80 отсто. САД се разликуваат и во однос на просечната големина на батериите на електричните автомобили, која е за 40 отсто поголема во таа земја во споредба со светскиот просек, сето ова поради поголемиот удел на теренците во продажбата на електрични автомобили на тој пазар во споредба со другите големи пазари.

Кој ќе има најмногу ќар

Паралелно со зголемената побарувачка за литиум, неговите вкупни светски залихи исто така растат во последниве години, бидејќи се истражуваат нови наоѓалишта. Најголемите светски резерви на литиум, повеќе од 50 отсто, се наоѓаат во Јужна Америка во Чиле, Аргентина и Боливија. Остатокот е во Австралија, Кина и Америка. Литиумот се наоѓа во карпите и солената вода, се проценува дека има околу 200 милијарди тони литиум во океаните, а наслагите  на литиум во карпите и солените езера изнесуваат околу 98 милиони тони, од кои околу 26 милиони можат да се искористат во наредните децении.

Иако е најзастапен во Чиле, најголем светски производител на литиум е Австралија, Чиле е втор, Кина е на трето место, а Америка произведува многу малку од него и увезува големи количини. Во Европа, од 2021 година, во тек е истражување за наоѓалишта на литиум во Финска, Ирска, Германија, Чешка, Австрија, Србија, Шпанија и Португалија, но потенцијалните инвеститори сè уште проценуваат дали и колку би било профитабилно европските резерви да се претворат во литиумски рудници.

Глобалниот пазар на литиум моментално се проценува на 7,5 милијарди долари и се очекува да се удвои до 2030 година, бидејќи побарувачката за електрични возила и батерии за складирање расте, а литиумот е веројатно „новата нафта“.

Поради растот на продажбата на електрични автомобили, побарувачката за автомобилски литиум-јонски батерии во светот во 2022 година е зголемена за околу 65 отсто во споредба со претходната година. Во исто време побарувачката во Кина порасна за повеќе од 70 отсто, а во САД за околу 80 отсто.

Клучен и за националната безбедност на САД

Постојат неколку големи производители на литиум во светот, а најголем е чилеанската компанија Sociedad Quimica y Minera de Chile S.A. (SQM) и Albemarle со седиште во САД (дел од Rockwood Lithium од 2015 година). Производството на SQM сочинуваше 20 отсто од глобалното производство на литиум во 2022 година, а уделот на Албемарле беше 16 отсто од вкупното светско производство на литиум. Но, бидејќи побарувачката за литиум постојано расте, се’ повеќе и повеќе производители влегуваат на пазарот, а меѓу нив има и производители на нафта и гас бидејќи литиумот се наоѓа во водата на нафтените полиња.

Колку е важен литиумот покажува и фактот што Америка, како и другите скапи и тешко достапни суровини, го означи како клучен за националната безбедност и домашното производство и се обидува да го зголеми домашното производство на литиум со две даночни олеснувања: едното е кредитирање на производителите на електрични автомобили, но само кога одреден процент од таквите материјали во батериите на овие возила доаѓаат од САД или земји со кои таа земја има трговски договори.

Процентот на даночни олеснувања ќе се зголемува постојано во текот на следните неколку години, почнувајќи од 40 проценти за електричните автомобили продадени до 2024 година и до 80 проценти за оние што се продаваат по 2026 година. Ваквото кредитирање значително ќе ги стимулира домашните производители на литиум и ќе ја зголеми побарувачката за американски литиум.

Американските производители на нафта наскоро можеби ќе можат да ја искористат побарувачката за литиум бидејќи водата на нафтените полиња содржи високи нивоа на растворен литиум. Покрај тоа, новите технологии брзо се развиваат за да се надминат сегашните проблеми со екстракција на литиум од солена вода. Побрзо и поефикасно извлекување на литиум од солена вода од нафтените полиња ќе им овозможи на нафтените и гасните компании полесен влез на растечкиот пазар на литиум. Полесното производство на литиум ќе овозможи побрза енергетска транзиција, не само за автомобилите туку и за другите уреди кои се напојуваат со енергија од Li-ion батерии.

Новата технологија ќе го забрза производството на литиумски батерии

Во моментов, на глобалниот пазар на литиум, се води тешка битка помеѓу големите рударски компании, нафтените компании, но и технолошките стартапи околу трансформација на литиумската индустрија со DLE технологијата, директно извлекување на литиум од солена вода низ Европа, Азија, Америка, итн., што предизвика интерес кај инвеститорите.

Според Алек Лукас од инвестицискиот фонд Global X Lithium & Battery Tech, технологијата DLE може да ја зголеми одржливоста на ресурсите бидејќи е пренослива, може да рециклира големи количини вода и ја ограничува употребата на хлороводородна киселина. До 2030 година, 13 отсто од вкупниот литиум во светот ќе се произведува преку DLE, според проекциите на Fastmarkets. Компаниите кои произведуваат литиум со DLE технологијата ќе можат да испорачуваат батерии за електричните автомобили за неколку часови или денови, наместо со месеци како што прават сега.

Иако е најзастапен во Чиле, најголем светски производител на литиум е Австралија, Чиле е втор, Кина е на трето место, а Америка произведува многу малку од него и увезува големи количини. Во Европа, од 2021 година, во тек е истражување за наоѓалишта на литиум во Финска, Ирска, Германија, Чешка, Австрија, Србија, Шпанија и Португалија, но потенцијалните инвеститори сè уште проценуваат дали и колку би било профитабилно европските резерви да се претворат во литиумски рудници.

„На светот му требаат огромни количини евтин литиум за енергетска транзиција, а DLE има потенцијал да ја исполни таа цел“, рече Кен Хофман, шеф на истражувачката група за материјали за батерии во McKinsey & Co. Од друга страна, проекти за екстракција на литиум од геотермална вода, што не влијае негативно на животната средина, се развиваат во Германија, Франција и Велика Британија. Експлоатација на литиум од геотермална вода подготвува Vulcan Energie, германско-австралиска компанија, која има намера да произведе четири илјади тони литиум во јужна Германија во 2025 година.

Кинезите со алтернатива

Но, сето тоа сè уште не е доволно за да се задоволи побарувачката на литиум, поради што неговата цена постојано расте и на почетокот на 2023 година беше шест пати повисока во однос на периодот од 2015 до 2020 година. Побарувачката е поголема од понудата, а недостигот на чипови им прави проблеми на производителите на електрични автомобили, на кои им се потребни десет пати повеќе чипови од другите автомобили. Недостигот на микрочипови ќе продолжи и во 2024 година, се вели во проценката на консултантската компанија Alix Partners.

Затоа, во последните години се работеше на алтернатива на литиум-јонските батерии, а една од нив е натриум-јонската (Na-ion) батерија.

Оваа батерија содржи поевтини материјали од литиум-јонските и моментално е единствената одржлива батерија што не содржи литиум. Таа е развиена од кинеската CATL и се проценува дека е 30 проценти поевтина од литиумската батерија. Но, нагриум-јонските батерии немаат иста густина како литиум-јонските, што значи дека можат да складираат помалку енергија од овие вторите.

Затоа, натриум-јонските батерии може да се користат за градски автомобили, чиј досег е пократок, или за стационарно складирање, што би можело да биде потешко да се инсталира на локации каде што полнењето е помалку достапно. Во моментов има околу триесет фабрики, планирани или во изградба, за производство на натриум-јонски батерии со капацитет поголем од 100 GWh и речиси сите се во Кина. Иако овие батерии се многу помали од литиумските батерии, чиј производствен капацитет е околу 1500 GWh, некои производители како Seagull by BYD веќе најавија Na-ion електрични автомобили со домет до 300 километри и цена од околу дванаесет илјади долари,  во продажба веќе оваа година.

Уште многу примени, но  и опасности по здравјето

Покрај литиум-јонските батерии, кои во 2022 година сочинуваа осумдесет проценти од неговата потрошувачка, литиумот го има и во други производи. Литиумот се користи и во индустриски масти (лубриканти) и за стакло, керамика, металургија, нуклеарна фузија, но и во медицината. Литиум карбонатот е составен дел на лековите за биполарно растројство, го стабилизира расположението и влијае на намалување на бројот на самоубиства, кои се најмалку во деловите од светот каде што го има најмногу. Но, има и негативна страна: ако се најдат високи дози на литиум во водата за пиење, тоа може да предизвика аутизам.

Поради ова, Беате Риц, професорка по неврологија, епидемиологија и здравје на животната средина на Медицинскиот факултет на UCLA, предупреди дека зголемената употреба на литиум преку депониите на батерии може негативно да влијае на подземните води, а со тоа и на здравјето на човечкиот мозок. Риц истражува како изложеноста на околината влијае на невроразвојните нарушувања и невродегенеративните болести и одлучи да ја истражи можната врска помеѓу литиумот и ризикот од аутизам откако откри дека многу малку човечки истражувања се направени за тоа како литиумот влијае на растот и развојот на мозокот.


Литиумот се наоѓа во карпите и солената вода, се проценува дека има околу 200 милијарди тони литиум во океаните, а наслагите  на литиум во карпите и солените езера изнесуваат околу 98 милиони тони, од кои околу 26 милиони можат да се искористат во наредните децении.

Недостиг на литиум веќе во 2025?

Светот може да се соочи со недостиг на литиум веќе во 2025 година, бидејќи побарувачката за овој метал расте.

Ова е предвидување на една група аналитичари, додека друга група не ја негира можноста за недостиг, туку тоа го гледа на подолг рок.

BMI, истражувачка единица на Fitch Solutions, е меѓу оние кои предвидуваат дефицит во понудата на литиум до 2025 година. Во неодамнешниот извештај, BMI во голема мера го припишува дефицитот на кинеската побарувачка за литиум што ја надминува нејзината понуда.

„Очекуваме кинеската побарувачка за литиум за електрични возила да расте со просечна годишна стапка од 20,4% годишно во периодот од 2023 до 2032 година“, се вели во извештајот.

Спротивно на тоа, понудата на литиум во Кина ќе порасне за само 6% годишно во истиот период, рече BMI, додавајќи дека стапката не може да исполни ниту една третина од предвидената побарувачка.

Кина е трет по големина светски производител на литиум, кој е составен дел на батериите за електрични возила.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал