Connect with us

политика

Лукаревска нов заменик претседател на СДСМ наместо Шекеринска, Битиќи и Филипче потпретседатели наместо Петров и Зекири

објавено

на

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата, а на местото на Душко Весковски како организациски секретар доаѓа Мартин Попов. Избран е и нов Извршен одбор.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска е нова заменик-претседателка на СДСМ. Лукаревска ја зазема високата партиска функција која досега ѝ припаѓаше на Радмила Шекеринска, која уште пред еден месец најави дека ќе се повлече од раководните органи на СДСМ.

„Со нејзиниот избор, испраќаме уште една силна и недвосмислена порака: СДСМ е партија која гради човечки капацитети, родово рамноправна, партија која ја ги препознава и вреднува и младоста и квалитетот. Сања е еден од најсилните поддржувачи и спроведувачи на Концептот парите кај граѓаните, но и на редот и дисциплината во фискалните политики. Уверен сум дека високата поддршка која ја доби од делегатите ќе биде дополнителен мотив да одговори на предизвиците кои ги носи партиската должност која ќе ја извршува.“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, по тој повод.

На денешниот 26. Конгрес кој се одржа дигитално, беше избран нов Централен одбор на партијата кој изгласа четири потпретседатели на партијата. Министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи доаѓаат на потпретседателките позиции на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири, а на оваа функција и понатаму остануваат Мила Царовска и Оливер Спасовски.

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата, а на местото на Душко Весковски како организациски секретар доаѓа Мартин Попов. Избран е и нов Извршен одбор.

„Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и кај нас во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.“, рече Заев.

За членови на Извршниот одбор на партијата избрани се: Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Адријана Будимир, Благоја Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зеќири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачовски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Тренческа и Васко Ковачевски .

„Добивме нова свежина, нов полет кои заедно со искуството ќе придонесе за уште подобро функционирање на партија во интерес на државата и граѓаните. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели 2 се нови. Заедно со новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор, но и со целото раководство на партијата ќе ја реализираме владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.“, порача Заев на крајот.

македонија6 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

регион1 ден ago

Крајот на ерата “Пеевски“

македонија5 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

економија3 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

македонија6 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија4 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

lifestyle4 дена ago

Ричард Бренсон: Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис

банки4 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

интервју4 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството