Connect with us

менаџмент / маркетинг

Луѓето не бегаат од лоши фирми, туку од лоши шефови

објавено

на

Ако сте на раководна позиција и се препознаете во некои од долу наведените карактеристики, прстот на чело и размислете убаво: веројатно не сте добар шеф и треба да се менувате.

За жал, постојат многу лоши шефови и можат да ги направат дури и најзабавните работи да изгледаат застрашувачки.

Еве некои од карактеристиките што ги има лошиот шеф, според  Entrepreneur.com:

  • Сака да контролира сè

Постои јасна разлика меѓу шеф и лидер. Добриот лидер знае како да ги мотивира луѓето и да ги направи вработените околу него подобри. Лошиот шеф повеќе сака да контролира и да делегира работи, тој се фокусира само да ги оптовари со обврски вработените без да им објасни  зошто го прави тоа.

  • Неодлучeн е

Лошите менаџери можат да бидат неодлучни кога треба да се заврши некоја работа. Ова е поради тоа што не ја анализираат ситуацијата доволно за да видат каков би бил резултатот на крај. Тие мислат дека се потребни само „добри идеи“ и се водат само од нив, без да се разгледаат добрите и лошите страни на таа идеја.

Кога ќе ја разгледаат подобро не се сигурни дали сакаат да продолжат понатаму бидејќи не знаат што точно сакаат да постигнат, и доколку згрешат, се плашат дека тоа ќе биде лошо за нив.

  • Тврдоглав е

Тие секогаш веруваат дека се во право, не сакаат да слушнат  друго размислување, и покажуваат незаинтересираност кон потенцијално  добра идеја… или на крај ја  земаат заслугата  за истата.

Тврдоглавите менаџери може да го скршат духот на одделот во кој работат  и тоа да влијае  лошо за растот на компанијата. Затоа пак,  лидерите се отворени за нови идеи и знаат дека секој во канцеларијата е еднаков и секој може да има нова  идеја  со што ќе придонесе  за компанијата.

  •  Не сака  промени

Лошите  менаџери најчесто стагнираат и не сакаат промени во канцеларијата. Луѓето генерално не сакаат да прават нешто што бара промени, сепак, тоа што менаџерите не сакаат промени може да биде лошо по самата компанија.

Растот  во бизнисот бара постојано  “ресетирање“  на атмосферата во канцеларијата  и барање на нови концепти кои ќе им овозможат на вработените да работат подобро и да ги задоволат клиентите.

  • Микроменаџира

Шефот кој постојано ја надгледува работата што ја прават неговите подредени е  лош шеф. Така ги демотивира вработените и го уништува квалитетот на нивната работа.

Најдобрите места за работа се таму каде што се поттикнува автономноста на вработените и им се дава слобода да ги завршат задачите онака како што сметаат дека треба да бидат завршени. На тој начин атмосферата е поопуштена и за менаџментот и за вработените.

  • Влева страв

Овие тактики можеби беа добри порано, но денес нема место за вакво однесување на лидерот. Прототипот на модерниот работен ден е многу повеќе либерален и стравот не се користи од страна на менаџментот.

Сите сме ги гледале тие стари филмови каде менаџментот им се заканува  на вработените со отказ доколку не завршат одредена задача. Но, постои причина зошто таквите менаџери во тие филмови се лошите карактери. Таков менаџмент веќе не функционира.

  • Фаворизира

Нема место за непотизам во работната средина.  Добрите  шефови не треба да имаат омилени ликови во канцеларијата, особено ако сакаат некого да промовираат на подобра позиција. Менаџерот може да биде пријател со вработените,  но треба да знае кога треба да се одвои личното пријателство од бизнисот.  Лидерите прават разлика помеѓу  работата и личните работи, и тие се трудат најдобро што можат да постигнат добри односи со секој во канцеларијата.

  • Арогантен е

Слично како и тврдоглавоста, ароганцијата може да ја уништи работната атмосфера. Лошите шефови ќе го носат тоа лошо однесување што ги прави  да изгледаат како најмоќните луѓе на светот. Но тоа е погрешно. Нема место за вакво однесување во канцеларијата, а добрите лидери своето его го оставаат зад вратата.  Тие знаат дека посветените вработени  се добиваат кога сите  работат како тим, без да се фрли сенка и на личните достигнувања.

  • Префрла вина

Ова личи на некој кој се правда цело време во канцеларијата. Овој вид на менаџер секогаш ќе сака вината да ја префрли на некој друг место врз себе.  Лидерот кој ја префрла вината секогаш ќе ги анализира работите кои не се завршиле како што треба и вината ќе им ја префрли на вработените. Добриот лидер е способен да се обвини за секоја грешка што вработените ја прават, а уште поимпресивно, најчесто ја земаат вината врз себе за сите грешки што ги прават вработените.

  • Се води од емоции

На крајот, лошиот шеф е воден од емоции. Една работа е да се направат неколку одлуки базирани на доверба или на чувство, сепак, друго е само да се направи нешто а да нема доволно аргументи зошто се прави тоа. Добрите лидери најчесто ги носат одлуките базирани на доволно податоци кои ги потврдуваат нивните размислувања.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија