Connect with us

економија

Македонијатурист, Интернешенел хотелс и Хотели Метропол со огромен пад на приходите и со загуби

Ковид – кризата ги „отепа“ хотелиерите

објавено

на

Бројот на туристи во Македонија во првите осум месеци годинава е намален за 60%, на 336.581, според државниот Завод за статистика. Кај странските туристи падот е 83%, додека кај домашните падот е 25,3%. Поразителните бројки во туристичкиот бизнис како последица на корона – кризата најдобро се отсликуваат во финансиските биланси на хотелиерските компании што котираат на Берза: нивните приходи се паднати и до 85%, а загубите одат и до над еден милион евра.

Ковид – кризата, затворањата на економиите, рестрикциите на патувањата… сето ова придонесе хотелиерската индустрија во земјава, како впрочем и секаде низ светот да се соочи со огромен пад на приходите годинава.

Бројот на туристи во Македонија во првите осум месеци годинава е намален за 60%, на 336.581, според државниот Завод за статистика. Падот е огромен кај бројот на странски туристи, разбирливо, поради затворените граници низ Европа во пролетните месеци и отсуството на странски гости и во периодот потоа, и изнесува 82,8%, што значи за првите осум месеци земјава ја посетиле само 90.733 странски туристи, додека тој број лани бил преку 510 илјади во истиот период. Бројот на домашни туристи во периодот јануари – септември е помал за 25,3%.

Годината, инаку,  почна добро за македонските туристички работници, поточно, во првите два месеци бројот на странски туристи беше поголем за 15,3% и изнесуваше 65.202, за потоа, од месец март, кога почнаа затворањата на државите низ Европа, како и македонските граници за влез на странци поради пандемијата, драстично да опадне, всушност во април и мај да се сведе практично на нула.

Вкупниот број на туристи во Македонија во првите два месеци е за 10,6% поголем во однос на лани и изнесувал 102.554, но затоа во март е помал за речиси 70%, за во април и мај да нема практично воопшто туризам во земјава поради карантините, полицискиот час и сл., и забраната за работа на хотелско – угостителските објекти.

Во месец јуни, откако се укинаа карантините и се отворија границите, земјава ја посетиле 1863 странски туристи коишто оствариле 6374 ноќевања. Оваа бројка на туристи е за 98% помала во однос на истиот месец 2019, додека кај домашните туристи падот на гости е 89%, а на ноќевањата 90%.

Туристичките бизниси зедоа малку душа во летните месеци, јули и август, кога бројот на домашни туристи стигна до 70.600 што е за 5% помалку од лани, но кај бројот на странските туристи закрепнување практично нема, затоа што падот таму бил цели 95%. Месец август е нешто подобар, односно, бројот на домашни туристи е повисок за 8,9%, а бројот на ноќевања за 1,1% во однос на август 2019 година.

Сепак, треба да се има предвид дека голем број македонски граѓани се упатија кон домашните туристички капацитети затоа што Грција беше затворена за влез на македонски државјани, а и патувањата во другите традиционални дестинации за нив беше покомпликувано поради ковид – кризата. Бројот на странски туристи, пак,  во август бил за 93% помал, што значи дека сезоната за македонските туристички работници во делот на incoming туризмот беше дефинитивно загубена.

Сума сумарум, за првите осум месеци (во моментот на пишување на овој текст се’ уште не беа објавени бројките за месец септември) бројот на вкупни туристички ноќевања во Македонија е намален за 45%, кај домашните е за 16,3%, додека кај странските гости за 82,8%.

Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран, Бристол, итн., објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020, коишто изнесуваат 52,9 милиони денари. Резултатот од оперативно работење е загуба од 65,7 милиони денари. Загубата на крајот ќе ја ублажат финансиските приходи (камати, акции, итн.) во износ од 43,7 милиони денари, и нето загубата изнесува 22 милиони денари.

Загубена година

Очигледни се овие поразителни бројки во туризмот  и од финансиските биланси на хотелиерските компании што котираат на Македонската берза.

Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран, Бристол, итн., објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020, коишто изнесуваат 52,9 милиони денари. Расходите на фирмата во истиот период се 125,2 милиони денари и се помали за 33%, додека резултатот од оперативно работење е загуба од 65,7 милиони денари. Загубата на крајот ќе ја ублажат финансиските приходи (камати, акции, итн.) во износ од 43,7 милиони денари, и нето загубата изнесува 22 милиони денари.

„Деловната активност на компанијата и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец Јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година. Од тие причини со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите на Друштвото, Управниот одбор на почетокот на месец јули донесе одлука за времен прекин со деловна активност на подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно.“, се вели во образложението на финансискиот резултат на Македонијатурист.

Хотели Метропол, групација во чиишто рамки се три хотели на охридското крајбрежје, покажале пад на приходите од продажба во првите девет месеци од 69%, на 55,6 милиони денари. Расходите се намалени за 35% на 84,7 милиони денари, додека оперативната загуба е 27 милиони денари. Компанијата има повисоки финансиски расходи одошто приходи, па конечната нето загуба за првите девет месеци е 29 милиони денари. Од компанијата велат дека во анализираниот период нивните хотели оствариле 25.568 ноќевања, но во образложението на финансискиот резултат не пишува за колкав процент е тоа намалување.

„Остварениот финансиски резултат за овој период е негативен и очекуван имајќи предвид дека туризмот како гранка беше најподложна на голем ризик поради светската пандемија која ги затвори границите на државите, а домашните капацитети беа ориентирани главно кон домашните гости во периодот на летните месеци“, објаснуваат од Хотели Метропол.

Интернешенел хотелс, сопствениците на хотел Континентал во Скопје, оствариле вкупни приходи од 13,9 милиони денари во првите девет месеци годинава, или за 85% помалку во однос на истиот период лани. Расходите на компанијата се 42,5 милиони денари и се намалени за 44%, додека финансиските приходи изнесуваат 3,66 милиони денари. Компанијата на крајот прокнижила загуба од 28,6 милиони денари.

„Негативниот финансиски резултат од работењето Друштвото го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот COVID -19, како и согласно Одлуката на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели. Се откажаа практично сите аранжмани за 2020 година, што влијаеше во крајна линија и на конечниот финансиски резултат на компанијата“, велат од Интернешенел Хотелс.

Интернешенел хотелс, сопствениците на хотел Континентал во Скопје, оствариле вкупни приходи од 13,9 милиони денари во првите девет месеци годинава, или за 85% помалку во однос на истиот период лани. Расходите на компанијата се 42,5 милиони денари и се намалени за 44%, додека финансиските приходи изнесуваат 3,66 милиони денари. Компанијата на крајот прокнижила загуба од 28,6 милиони денари

Хотелите во Охрид ќе затворат од декември до март?

Деновиве се појави информацијата дека поголем дел од хотелите во охридско – струшкиот регион поради состојбата со пандемијата од коронавирусот ќе стават клуч на врата од декември до март. Во моментот работат со помалку од 10% од капацитетите, што воопшто финансиски не е издржливо, смета првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески.
Во туристичкиот сектор, потенцира тој , потребно е исполнетост од над 30% за да се покријат месечните трошоци. Доколку исполнетоста е над 40% останува за идни планови и инвестиции.

Со оглед на моменталната состојба поголем дел од хотелиерите размислуваат за затворање на капацитетите барем за декември, јануари и февруари. Во очекување сме на подобри времиња и да размислуваме за повторно отворање од март, истакна Блажески.

Во период на пандемија, додаде, интересот за претстој е мал на домашните гости, а затворените граници и неможноста за организирани посети се дополнителен проблем во угостителскиот сектор. Поради состојбата и ограничувањето на собири и неможноста да се почитуваат протоколите нема да има организирани новогодишни забави, а откажани се и неколку семинари.

Претседателот на ХОТАМ смета дека доаѓаат тешки месеци за угостителскиот сектор, работат со мали приходи, а преголеми загуби. Иако не располага со точен податок на отпуштени работници, претпоставува дека работните места се намалени за околу 30%.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација