Connect with us

македонија

Македонија ветува посветеност кон Зелениот договор

ЕУ ќе помага со експертиза и пари

објавено

на

Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Новата кампања „Не постои резервна планета“ повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.

„Не постои резервна планета” е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ” фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираше Мисијата на ЕУ во Скопје преку шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир.

Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Кампањата повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.

Климатските промени и деградацијата на животната средина, како што посочуваат од канцеларијата на ЕУ во земјава, се егзистенцијална закана за регионот, Европа и светот. Овие закани бараат итен и амбициозен одговор и секој од нас може да направи разлика со вклучување. Затоа што иднината на сите нас зависи од здрава планета. Европската унија ја презеде водечката улога во глобалната борба против климатските промени и го постави Европскиот зелен договор како план за трансформација на Европа, вклучувајќи го регионот на Западен Балкан на климатски неутрален континент до 2050 година.

„Кампањата ‘ЕУ со ТЕБЕ’ за Европскиот зелен договор поставува ‘Музеј на иднината’ како потсетник за тоа што може да се изгуби во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Тоа е повик за будење за потенцијалното губење на најсуштинските работи на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, но и на локално скапоцените продукти како што е познатиот домат – Јабучар за Македонија, Затоа, кампањата повикува на силна политичка посветеност за ублажување на климатските промени, спречување на загадувањето, заштита на биолошката разновидност, промовирање на одржливо земјоделство и производство на храна, декарбонизација на енергијата и транспортот. Разликата може да се направи само преку иницијатива и акција – и на национално и на локално ниво. Европската унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага. Во оваа ‘трка до нула’, потребно е секој да стигне до целта и потребно е секој од нас да придонесе за Европскиот зелен договор да стане реалност“, велат од Канцеларијата на ЕУ.


Штефан Худолин, шеф на сектор за соработка при Мисијата на ЕУ

100 милиони евра европска помош за Македонија за Зелениот договор

Можете ли да ни кажете повеќе за Зелениот договор и за неговото значење за ЕУ, но и за европскиот континент?

Да, со задоволство. Ви благодарам на поканата. Зелениот договор е нашата европска иднина, тој е посветен на тоа како ги правиме нештата за да стигнеме до целта – да се направи Европа првиот енергетски неутрален континент до 2050 година.

Мислите дека е реален тој датум?

Да, мислам дека да. Амбициозен е, но реален. Во последните години видовме дека паралелно со редукциите на емисиите, можеме да видиме и раст на економијата. Има многу нешта што треба да се сторат, многу предизвици и ќе треба работа од сите нас, но треба на направиме промена во нашата свест. Ова не е веќе само афирмативна акција што бара само акција, туку Зелениот договор мора да се имплементира во нашите секојдневни активности и во сите политики, без разлика на секторите, дали е тоа индустрија, земјоделство, бизниси… секаде. Секогаш мора да биде поттикнат и да се земе предвид. Имаме пример, со 2019, педесет политики на ниво на ЕУ беа иницирани, земајќи ја предвид визијата на Зелениот договор. Точно е дека овие промени нема да бидат лесни, но ова мораме да го сториме, оти инаку цената ќе биде поголема.

Нема да биде лесно, ниту за вас, ниту за нас, како земја кандидат. Какви инструменти на европска помош можеме ние да искористиме?

Животната средина, климатските промени, загадувањето… не познаваат граници. Нема јас и вие, наше, нивно… Се работи за континентот Европа. Сакаме да бидеме лидери во ова. Многу сме задоволни што Западниот Балкан и Северна Македонија ја поддржаа Зелената агенда за Западен Балкан и ние исто предвидуваме и финансиски систем за ова. Но, ќе има промена во тоа како ова ќе го имплементираме. Ќе бидеме водени во имплементација и програмирање на нашите активности, без разлика на секторите, земајќи ја предвид нашата главна цел – климатски неутрален континент и зелената агенда. Да бидам попрецизен, да ви дадам сума, имаме алоцирано преку ИПА програмите, пакетот од 2021 блиску 100 милиони евра што ќе и бидат на располагање на Северна Македонија. Над тоа, имаме и регионални инструменти што се многу важни. Ако речеме дека даваме 100 милиони тие пари не се многу важни, но 100 милиони се важни ако се работи за граунд инвестиции што можат да привлечат инвеститори, да привлечат заеми и се надеваме дека ќе се мултиплицира граунд финансирањето за да дојдеме до бројки што можат да одговорат на предизвиците.

Почнавте кампања неодамна. Не се работи само за главните ресурси на планетата, туку и за локалните богатства.

Да. Многу сме среќни што ја почнавме кампањата на која работевме минатите месеци. Идејата е да го ставиме Зелениот договор во локален контекст за граѓаните да го поддржат и да го применуваат во секојдневниот живот и тоа го планираме низ неколку чекори што мислиме дека ќе бидат корисни за секој поединец, граѓаните кои треба да разговараат за проблемите, што се случува наоколу, потоа фокусот е на квалитетот на воздухот, водата, почвата. Етаблиравме и една метафора – нарекувајќи ја Музејот на иднината, каде што се создава една страшна слика дека ова ќе се експонати што нема да бидат возможни во иднина, чистиот воздух и чистата вода. И преведувајќи го ова во локални популарни производи, на пример доматот „јабучар“.

Што може да биде загрозен…

Домати, пчели, видови што да, можат да бидат загрозени. Слоганот е „Затоа што немаме резервна планета“ и е препознатлив за секого. Ова ќе биде следено од други пораки и поддржано од сите нивоа, затоа што, повторно – не се работи за ЕУ, туку за европскиот континент и секој во сите активности, имплементирано во акции. Затоа ја лансиравме кампањата и со градоначалниците, оти на крајот, ви требаат сите. Се е имплементирано на локално ниво и затоа ни треба поддршката од локалните лидери и заедници, во соработка со централните и со институциите. Исто така, после тоа ќе имаме и награди за оние кои биле најуспешни и успеале ова да го спроведат ова во заедниците.

Кога зборуваме за имплементација, каде ги гледате најслабите точки? Каде мислите дека ќе се појават проблеми? Во кои сектори, во кои институции?

Тоа е лесно прашање – секаде.  Се однесува на се. Во кој сектор и да погледнеме, секогаш мора да се водиме од тоа – како ова ја погодува околината и како може да биде подобро. Ако морам да одберам едно поле тоа е употребата на фосилни горива, што е секаде проблем, и во мојата земја е. Трансформацијата од вакви горива во обновливи извори на енергија. Тоа е еден долг процес што многу бара и е полн со предизвици. Ако се сетиме дека во Северна Македонија 80 проценти од емисиите доаѓаат од овие горива во продукцијата и транспортот на енергијата, греењето.. трансформацијата мора да се случи и не можеме да чекаме за целосно воведување на обновлива енергија, туку треба да се почне денеска, воздухот мора да го исчистиме веднаш.

Зборувајќи за енергијата, не можеме да избегаме од фактот дека ние сме фокусирани многу на процесот на гасификација. Мислите ли дека е возможно да се спроведат двете – и тој процес и оваа стратегија?

Да. Токму тоа е идејата, овој процес мора да им служи на двете. Но, намерата е да се држи гасификацијата до потребите, не да се отфрли целосно. Но, исто така е точно дека Зелениот договор може да биде постигнат само ако се обезбеди во исто време и економскиот раст, мора да има просперитет за граѓаните, не можеме да седиме пасивни, таму имаме голема надеж. Но, ни требаат и залихи на енергија и енергетска сигурност. Не можеме да живееме во неизвесност за побарувачката на енергија.

Имајќи ја предвид енергетската криза што ни чука на вратите…

Токму така. Навистина, вртењето кон транзициската фаза на гасот може да помогне на двете цели  – побрз превод на емисиите на гас и побрза и позначајна редукција и во исто време, константно и паралелно да мислиме да главната долгорочна визија – а тоа е движење кон обновлива енергија. Особено тука во Северна Македонија, каде има одлични услови за фотоволтаични панели што ги поддржуваме во Битола и Осломеј и потенцијал за енергија од ветер.

Моето последно прашање е генерално – што мислите за екологијата, за третманот на екологијата тука?

Многу е важно. Мора да се грижиме за тоа, се работи за биодиверзитетот, за локалните специфики, за локалните видови. Среќни сме што расте бројот на заштитени подрачја, области, паркови, расте бројот на права и обврски со тоа. Мислам дека со богатствата што Северна Македонија ги има, убавините на земјата и геополитичкиот пејзаж, голема победа е за ЕУ нејзиниот пат кон ЕУ.

А што мислите за свесноста? Дали се зголемува?

Мислам да, но мора да се однесува секаде, да се создаде еден хоризонтален аспект, да стане меинстрим, на некој начин. Да важи и кога некој гради куќа и кога Министерството за образование реновира училиште, да се мисли на енергетската ефикасност, не е само да се реновира, туку дали ќе мислам на системот на греење, на изолација итн., ова бара неколку играчи на терен за да може да го обезбедат ова што може на почеток да изгледа поскапо, но долгорочно ќе се исплати, ултимативно за нас како граѓани и како дел од светската популација. Ова мораме да го сториме.

економија13 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор