Connect with us

македонија

Македонија го сруши Гинисовиот рекорд за најдолг бизнис маратон

објавено

на

Во организација на компанијата  Нетворкер (Networker) од Скопје за време на минатиот викенд македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори.

Во организација на компанијата  Нетворкер (Networker)  од Скопје за време на минатиот викенд македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори.

„30,2 часа, 200+ учесници, 70 идеи, 10 судии и 5 инвеститори ја зближија стартап заедницата и покажаа дека кај нас и тоа како се зборува за бизнис. Ова е исклучително амбициозен и возбудлив формат на настан кој ја пренесува решителноста и поттикот што го имаат претприемачите, воедно и прв настан од ваков карактер кај нас каде секој може да ја презентира својата идеја и да дојде до инвестиција во почетна фаза. 5 најдобри добри идеи добија инвестиција од 25 000 евра, а уште 5 други идеи продолжуваат во фаза на разгледување “, вели Сања Митровска од Нетворкер, организатор на настанот.

Меѓутоа, самиот настан беше многу повеќе од едноставно рушење на рекордот за најдолга презентација пред инвеститори. Истиот, претставува прв инвеститорски подвиг во нашава држава каде 5 различни и комплементарни компании вложуваат во многу рана фаза на бизнисите т.е. фаза на идеја. Целта на ваквото инвестирање е поддршка на неколкуте добри идеи од големиот број на пријавени и синергија во напорите на претприемачите и инвеститорите со кои побрзо би се стигнало до странски инвестициски пазари. 

Причината за настанот беше искуството на Нетворкер кое детектирало јаз помеѓу инвестицискиот капитал во нашава држава и добрите бизнис идеи, со капацитет за странски пазари. Односно, пракса на нашите инвеститори е да вложуваат во бизниси кои веќе имаат некакви резултати од работењето, без да преземат повисоко ниво на ризик.

Од друга страна, најуспешните македонски стартапи токму во рана фаза кога домашен капитал им бил најпотребен не го добиле и пристапиле до странски инвестициски фондови. На овој начин сите загубиле по нешто. Македонските инвеститори пропуштиле прилика за добра инвестиција, додека пак некои стартапи пропаднале, а дел успеале бидејќи имале ИТ искуство за да изградат демо, но значително побавно  отколку со поддршка.

Настанот Longest Pitch Marathon имаше за цел да ги спои перспективите на овие две страни. Односно, да  собере голем број на бизнис идеи од кои ќе се изберат најдобрите, со цел намалување на ризикот на инвеститорите. Но, истовремено овозможувајќи им на оние најдобрите поддршка од во многу рана фаза, односно само идеја.

Дополнително, оние кои не добија инвестиција се охрабрија да размислуваат низ бизнис призма и преку директен нетворкинг со успешни претприемачи, научија што сè е потребно за да се поуспешни следниот пат.

„Настанов зборува за огромниот потенцијал на македонската стартап заедница, но уште повеќе и за големата способност на организациите да донесат едно вакво случување од светски рамки и кај нас. Неизмерно ми е драго ми е што Monday се вклучи како партнерска организација и што бев дел од главните судии делејќи ја енергијата со 200+ визионери.“ – Николина Цветановска, дел од главните судии и ко-сопственик на дигитална агенција Monday.

„Ова беше неверојатно искуство од светска класа! Како еден од главните судии, би рекол дека беше повеќе од вредно да се биде концентриран точно 30 часа и 2 минути без одмор со цел да се слушаат, да се прашуваат, да им се даваат повратни насоки, како и да се евалуираат најиновативните идеи од македонските стартапи. Особено сум благодарен на Networker, WIDNET Solutions и Monday за тоа што бевме извонредни партнери во организирање на овој настан, а благодараност и до Бизнис Акцелераторот УКИМ, СН Финансии и Марко Миленковиќ, кои заедно со Networker и WIDNET Solutions станаа ангел инвеститори на најдобрите 5 стартап идеи. Успеавме!“ – Мирослав Драганов, дел од главните судии.

Она што го постигна овој настан и што секако претставува негова најголема вредност е изместувањето на вкоренетиот начин на размислување на овдешниот човек од “убаво кажано, но никогаш направено” во “добро направеното е подобро од добро кажаното”.  Успешноста на настанот нѐ обврзува да продолжиме во насока на правење на невозможното – возможно. – Марко Миленковиќ – дел од главните судии и инвеститор.

„Пресреќен сум што бев судија и дел од рушење на Гинисовиот рекорд за најдолг pitch маратон! Ова е огромен успех за македонската стартап заедница! Огромен број идеи, ентузијастични тимови и неколку реални бизниси кои добија funding – беа продукт на она што Сања и целиот тим успеаа да го спремат и реализираат за неколку месеци!“, истакна  Никола Велковски од Howitzer.

Од Акцелератор УКИМ посочија дека ова е одлична можност да се здружат силите со комплементарни инвеститори од екосистемот за стартапи и иновации со цел да се мобилизираат 150.000 евра и да се инвестира 25.000 евра за секоја од 5-те најнапредни стартап идеи и дополнително да се поддржи нивниот раст со континуирана менторска поддршка, пристап до пазар и пристап до следните инвестиции.

Александар Стамболиев, извршен директор и ко-основач на Акцелераторот УКИМ изјави дека ова било „извонредна можност да запознаеме 60 високо мотивирани тимови кои ги претставија иновативни и алтернативни решенија за различни бизнис и општествени проблеми.“

Нина Атанасовска, Финансиски директор на Акцелератор УКИМ: „Беше голема чест и привилегија да се учествува во една ваква иницијатива како инвеститор и судија и да се изберат најдобрите 10 идеи кои ќе се комерцијализираат. Честитки до сите тимови коишто придонесоа за развој на претприемачкиот дух во земјава, а најмногу до победниците коишто со нетрпение чекаме да ги поддржиме во исполнувањето на нивниот пазарен потенцијал.“

Покрај Нетворкер, поддржувачи на овој настан се: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Macedonian Business Angels, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и уште многу други ентузијасти.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас