Connect with us

македонија

Македонија домаќин на Европско првенство во ракомет за жени – Мукаетов повика на сплотеност

објавено

на

Од 4. до 20. ноември оваа година покрај Љубљана, Цеље и Подгорица, и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов повика на заедничка сплотеност во организацијата на шампионатот како на светот би му покажале зошто ракометот е спорт број еден во Македонија.

Македонија по 2008 година повторно ќе биде домаќин на Европско сениорско првенство во екипен спорт, и сето тоа повторно благодарение на спортот број еден во државата – ракометот.

Од 4. до 20. ноември оваа година покрај Љубљана, Цеље и Подгорица, и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство за жени. Како најава за големиот спортски настан во нашата држава, денеска Ракометната федерација на Македонија организираше прес-настан на кој претседателот на РФМ, Живко Мукаетов повика на заедничка сплотеност во организацијата на шампионатот како на светот би му покажале зошто ракометот е спорт број еден во Македонија.

„Идејата е да бидеме сите тука заедно и да покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуитет во желбата да креираме колку можеме подобар ракомет за Македонија. На престојното Европско првенство очекуваме поддршка од нашиот народ за нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат. Мора заедно да продолжиме да работиме и да покажеме дека можеме да додадеме додатна вредност за мак-ракометот. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија може да направиме нешто што ќе биде светски. Да покажеме сите заедно зошто е спорт број еден во Македонија“ – истакна Муакетов на собирот пред домашните медиуми.

„Чест и задоволство е што денеска сум овде. Свесни сме колку голема работа ни се случува и што значи да се биде домаќин на европско. Не секоја држава ја има таа можност. Ја поздравувам РФМ за организацијата и сметам дека се одржува во исклучително важен момент за женскиот ракомет. Ова ќе биде голем мотив и силен импулс за сите нас. Не секоја генерација има чест да игра во својата земја на големо натпреварување. Со верба во себе и помош од трибините верувам дека можеме да бидеме изненадување. По долго време мак-публиката ќе може да присуствува на натпревари на европската ракометна елита. Предизвик за нас е да бидеме добри домаќини и дека сите гости ќе понесат најубави спомени за нашата земја. Напред Македонија!“ – истакна Нацева.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација