Connect with us

македонија

Македонија и регионот можно е да избегнат рецесија, но во 2023 растот ќе биде низок

Каква зима нè очекува после топлата есен

објавено

на

Светска банка пак во најновиот извештај  предупреди дека  Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години, енормно висок јавен долг и  најбавна стапка на  раст на БДП од земјите во регионот. Прогнозираат дека ќе ја избегнеме рецесијата, растот можно е да е негативен,  но само еден квартал. Предвидувањата се неблагодарни заради тоа што нештата брзо се менуваат и тоа не на подобро. Севкупно, растот ќе биде забавен, посочија од Светска банка. 

Светска банка не очекува да се случи рецесија во  Македонија во однос на севкупниот учинок, иако е можен квартален негативен раст, а тоа може да биде видливо дури и оваа година.

Светска банка пак во најновиот извештај  предупреди дека  Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години, енормно висок јавен долг и  најбавна стапка на  раст на БДП од земјите во регионот. Прогнозираат дека ќе ја избегнеме рецесијата, растот можно е да е негативен,  но само еден квартал.

Според  Светска банка растот на БДП  годинава ќе биде 2,1 отсто, наредната  2,7, а во 2024  – 2,9 отсто. Во однос на инфлацијата проценките се дека годинава таа ќе изнесува 12,1 отсто, за наредната година да се намали на 6,1 отсто, а во 2024 година на 3 отсто. 


Сепак, како што посочија експертите  на Светска банка кои деновиве во Скопје го презентираа најновиот есенски економски извештај за земјите од Западен Балкан, предвидувањата се неблагодарни заради тоа што нештата брзо се менуваат и тоа не на подобро. Севкупно, растот ќе биде забавен, посочија тие. 

„Ако гледаме нанапред, Северна Македонија е во групата земји со релативно умерен раст. Очекуваме дека тековната криза ќе се намали и ќе стивне во однос на шоковите кои што ги предизвикува. Имавте шокови оваа година и основниот ефект е забавен раст. Растот се намалува и заради високата инфлација, ќе останат високи цените на производите, па преку намалената потрошувачка и преку високите влезни трошоци за бизнисите ќе се зголемат трошоците за извоз“, рече на презентацијата на извештајот Сања Маџаревиќ–Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Влијанието на кризата во земјите од ЕУ, пред се во Германија, која е најголем трговски партнер на Македонија, ќе се одрази и растот кај нас. 

Политики што ќе ги заштитат најранливите

Основната порака на Светска банка е дека соочена со тековни шокови, на Северна Македонија ѝ требаат политики што ќе ги заштитат најранливите и реформи што ќе го поттикнат растот.

Во извештајот се вели дека погодена од војната во Украина и енергетската криза, Северна Македонија се соочува со историски висока инфлација, што несразмерно ги еродира реалните приходи на сиромашните. Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање, фискалната поддршка треба да ги таргетира најранливите домаќинства и фирми. Во исто време, затегнувањето на монетарната политика треба да постигне рамнотежа помеѓу задржувањето на инфлацијата и избегнувањето на задушување на економската активност.

„Поддршката на политиките на Владата за енергетски ранливите е важен чекор во вистинската насока, но мерките треба да бидат насочени и временски ограничени за да се минимизираат фискалните ризици“, додаде Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово. „Во исто време, фокусот треба да продолжи да биде и на долго одложуваните структурни реформи за да се поттикне растот и да се отворат нови работни места.

Според извештајот, таквите реформи ќе вклучат мерки за зголемување на нивото на пазарна конкуренција, отстранување на бариерите за влез во бизнисот, зголемување на задржувањето и реинвестирањето кај странските инвеститори, намалување на бариерите за учество на женската работна сила, подобрување на квалитетот на образованието и подигање на стандардите на управување, вклучувајќи ја и дигитализацијата.

Тековната криза, исто така, ја поткрепува важноста од забрзување на зелената транзиција во регионот подалеку од испарливи јаглеводороди кон почисто производство на електрична енергија, како и поеколошки модели на производство и потрошувачка, се вели во извештајот.

Маџаревиќ – Шујстер рече дека споредено со некои земји, со слична економска структура, како Србија на пример, која котира подобро, сепак треба да се земе предвид дека таа не ги спроведуваше санкциите кон Русија како Македонија и дека имала одредени придобивки заради непрекинатите канали за извоз.

„Македонија ја немаше таквата корист, но во 2023 година е во групата земји со умерен раст очекуваме дека тековната криза ќе се намали и ќе стивне“, рече таа.

Дали е вистинско време за даночните реформи?

Сепак, сите предвидувања сега се базираат на храбри претпоставки. Лани гледавме закрепнување и засилен раст, пролетта оваа година прогнозите надолно ги преструктуиравме, така што сега не можеме да кажеме нешто подолгорочно, додаде таа.

На прашањето какви реформи се потребни во земјава и колкава е фискалната подготвеност на Македонија за овие реформи, Маџаревиќ – Шујстер рече дека, како прво краткорочно се очекува владите да се фокусираат на олеснување на влијанието од кризата за најранливите домаќинства и фирми во смисла на големината на фискалните напори.

„Северна Македонија има најсилен пакет од сите шест земји во смисла на поддршката која што се дава на фирмите и на домаќинствата гледано од фискална страна. Ако се погледне износот од 750 милиони евра севкупно, тоа е повеќе од 5 отсто од БДП и ова е моментално најголем пакет на фискален одговор на кризата“, рече Маџаревиќ–Шујстер.

Таа додаде дека ако се погледнат цените на електричната енергија, на гас, тие и понатаму се конкурентни, но делумно затоа што се субвенционирани.

„Ако владата не плаќа субвенции тогаш ќе плаќате многу повисока цена. Краткорочно мислам дека ова е начинот да се оди понатаму“, посочи таа.

Второ, според Маџаревиќ–Шујстер, новиот пакет за одговор на кризата е уште потаргетиран заради ограничувањата на фискалниот капацитет и фокусот навистина треба да биде на најранливите домаќинства и фирми.

„Реформите не мора да чинат многу пари и треба политичка волја за нив за да се имплементираат. Во контекст на Македонија, сегашното функционирање на парламентот може да е пречка за побрзо да се движиме во овие реформи. Видовме во случајот со Законот за буџет кој требаше две години да помине во Собранието. Овие реформи не чинат многу пари, но се добри за ефикасноста и транспарентноста на користењето на јавните ресурси“, рече Маџаревиќ – Шујстер.

Таа исто така ја нагласи и потребата од реформи во образовниот сектор.
„Сите ќе се согласат дека тие се од критична важност за Македонија. Потребно е време да се спроведат, но некој треба да започне со тој процес“, рече Маџаревиќ – Шујстер, додавајќи дека повеќето од овие реформи немаат фискални трошоци, но ќе имаат многу силни придобивки за севкупното општество, вклучувајќи ја и фискалната политика во иднина.

На прашањето околу најавените даночни реформи, како и дали се потребни во време на криза, таа рече дека владините предлози се солидни.

„Може да се аргументира дека не е добро времето, но мислам дека сега е добро време за такви реформи затоа што ќе се ребалансира даночниот товар од посиромашните и ранливите кон помалку сиромашните. Предлогот е да се оданочат капиталните приходи така што работната сила и капиталните приходи ќе бидат исто оданочени“, рече Маџаревиќ – Шујстер.

Таа додаде дека дисбалансот во моментот, каде што приходот од работната сила е оданочен со десет отсто, а капиталниот не е, се чини дека не е фер.

„Прашањето е дали зголемувањето на прогресивноста на даночниот систем ќе доведе до поголема правичност и порамномерно да се распредели даночниот товар помеѓу различните категории. Второ, дизајнот на оваа реформа не е конечен, да видиме каков ќе биде конечниот пакет“, рече таа.

Регионот се движи кон нова бура

Во однос на регионот, од Светска банка посочија дека економските перформанси во сите шест економии на Западен Балкан продолжуваат да бидат под влијание на тековната војна во Украина и како резултат на нагло зголемување на цените на енергијата и забавување на глобалниот раст. Во најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан се додава дека овие кризи создаваат значителни пречки за регионот и покрај подобриот од очекуваниот раст порано оваа година.

„Северна Македонија има најсилен пакет од сите шест земји во смисла на поддршката која што се дава на фирмите и на домаќинствата гледано од фискална страна. Ако се погледне износот од 750 милиони евра севкупно, тоа е повеќе од 5 отсто од БДП и ова е моментално најголем пакет на фискален одговор на кризата“, велат од Светска банка за пакетот мерки што го донесе Владата.

Во првата половина на 2022 година, економскиот раст – поттикнат од приватната потрошувачка и инвестиции – се покажа како робустен, надминувајќи ги очекувањата. Нивото на вработеност достигна историски највисоки нивоа во неколку земји до средината на 2022 година, а стапката на вработеност во регионот сега е во просек 46 отсто, што е зголемување од 3 процентни поени во однос на средината на 2021 година.

Во анализата се проценува дека оваа година БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Албанија ќе забележат просечен раст на бруто домашниот производ од 3,4 отсто, што е двојно помалку од 2021 година, кога овој раст изнесуваше 7,6 отсто, но истовремено е значително повисока од проекциите за 2023 година, кога се очекува забавување на економскиот раст и пад на ниво од 2,8 отсто за целиот регион.

Годинава највисока стапка на раст на БДП забележа Црна Гора, каде може да заврши на ниво од 6,9 отсто.

Драматичното зголемување на инфлацијата се почувствува и во овој дел од европскиот континент, па таа до октомври достигна просечно 12 отсто за сите земји од регионот, но во Босна и Херцеговина беше дури 16 отсто.

Сепак, моментот на раст сега почнува да се забавува соочени со сè поголемите предизвици. Повисоките цени на енергијата и храната ја турнаа инфлацијата на нивоа невидени со години, намалувајќи ја куповната моќ и деловната доверба. Пазарот на трудот почнува да се лади, со забавување на вработеноста во услови на висока инфлација и зголемена неизвесност.

„Иако растот во првата половина на 2022 година се покажа како релативно силен, јасно е дека регионот сега се движи во нова бура“, рече Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист на Светска банка и главен автор на извештајот. „Комбинација од шокови силно влијае на изгледите на регионот. Построгите услови за глобално финансирање, забавувањето и на домашната и на надворешната побарувачка, како и слабеењето на довербата на бизнисот и на потрошувачите сигурно ќе влијаат на финансискиот сектор во регионот“.

Еврозоната, најголемиот трговски партнер на Македонија, е пред рецесија

Во еврозоната пак, каде што најмоќната членка, Германија, е најголемиот трговски партнер на Македонија, се чини дека економијата  ќе се намали во четвртиот квартал со оглед на зголемената загуба на производството и влошената слика за побарувачката забележана во октомври, што дополнително ги зајакнува шпекулациите дека рецесија е сè понеизбежна, вели  Крис Вилијамсон, економист во S&P Global за Bloomberg.

Активноста на приватниот сектор во еврозоната се намалува четврти месец по ред во октомври, потврдувајќи ги предвидувањата дека Европа оди кон рецесија.

Индексот на менаџери за набавка, кој го состави S&P Global, падна на најниско ниво од април 2013 година, не сметајќи ги месеците кога беа на сила мерките за коронавирус. Новите бројки се полоши отколку што очекуваа економистите бидејќи рекордната инфлација ѝ наштетува на побарувачката, а некои компании го ограничуваат производството поради послабата продажба, пишува Bloomberg.

Најголем пад е забележан во производството, особено во енергетски интензивните сектори како хемикалиите и пластиката. Услугите исто така се намалуваат побрзо бидејќи потрошувачите се борат со „кризата на трошоците за живот“.

Новите нарачки за стоки и услуги паѓаат четврти месец по ред со темпо што не е забележано од декември 2012 година, со исклучок на месеците на локдауни поради короната.

Низ валутниот блок од 19 нации, вртоглавите трошоци ја намалија натрупаната  побарувачка што следеше по пандемијата, додека запреното снабдување со енергија од Русија ги принудува домаќинствата и индустријата да се подготват за потенцијални нарушувања оваа зима. Потсетуваме дека довербата на потрошувачите се’ уште е блиску до рекордно ниско ниво.

Компаниите, исто така, пријавија помалку недостиг на компоненти и подобрен извоз во октомври, иако тоа често беше поврзано со намаленото ангажирање на добавувачите поради послабата побарувачка. Набавките на инпути од страна на производителите паднаа за една од најголемите стапки од глобалната финансиска криза, што укажува на помалите потреби за производство и пораспространетите одлуки за намалување на залихите поради послабите од очекуваните продажби.

Неизвесната перспектива води некои компании да се откажат од вработувањето, додека други отпуштаат персонал поради знаци на прекумерен капацитет.

ЕЦБ најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени

Претходните податоци  за Франција и Германија, исто така, насликаа мрачна атмосфера, при што активноста на приватниот сектор во првата земја заглави за прв пат од март 2021 година, а во втората се намалува четврти месец по ред.

Објавувањето на податоците за Обединетото Кралство и САД, исто така, се закажани  во понеделник, при што и двете земји најверојатно ќе покажат негативни трендови. Бројката на Австралија исто така беше под прагот од 50 што ја дели експанзијата  од контракцијата, додека во Јапонија повторно се зголеми.

Податоците на еврозоната покажуваат дека нејзината економија ќе се намали за 0,2 отсто во четвртиот квартал, но падот може да се забрза кон крајот на годината, се вели во извештајот на S&P Global.

„Во меѓувреме, ценовните притисоци остануваат упорно зголемени, бидејќи зголемените трошоци за енергија и персонал и ослабеното евро ги неутрализираат сите намалувања на цените на суровините поврзани со подобрување на условите за снабдување. Зголемените показатели за цените од анкетата веројатно ќе придонесат за определбата на Европската централна банка за дополнително заострување на политиката во наредните месеци и покрај зголемениот ризик од рецесија“, вели Вилијамсон.

Се очекува ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени оваа недела на вториот состанок по ред, објави Блумберг.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал