Connect with us

економија

Македонија ќе стане регионален енергетски центар

Енергетиката како фокус во 2021

објавено

на

Крупни најави пристигнуваат од надлежните во овој ресор – за годинава што следува планиран е старт на четири клучни енергетски проекти, со коишто нема само да се забрза процесот на гасификација кај нас, туку и ќе се овозможи земјава да стане своевиден центар каде ќе се спојат енергетските интереси на регионот.

Продолжувањето со гасификацијата е една од капиталните инвестиции на Владата која е во економските приоритети за оваа година. Со решавањето на деценискиот спор помеѓу Владата и Макпетрол, ГА-МА, која е компанија за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, преминува во целосна сопственост на државата.

Овој договор Енергетската заедница го оцени како значителен напредок на пазарот на гас во државата, а е и исполнување на една од препораките во извештајот на Европската комисија. Директорот на Национални енергетски ресурси, компанија која го гради националниот гасоводен систем, Бајрам Реџепи оценува дека годинава треба да се заокружи третиот пакет од Законот за енергетика, со чија што имплементација се доцни две години.

„Конечно ќе се стабилизира пазарот со гас во државата и како и во сите други земји, државата ќе биде целосен сопственик на целиот преносен систем. Секако дека ова ќе има потреба од обемна административна работа оваа година бидејќи ни следува спојување со ГА-МА. Од двете акционерски друштва, потоа ќе биде потребна лиценца од страна на Регулаторна комисија и конечно ќе можеме да ги употребуваме сегашните изградени делници од страна на НЕР“, вели тој.
Годинава треба да се завршат двете главни гасоводни делници кои се во тек на изградба, но и да почне процесот со интерконекторите кон Грција, Србија и Косово, што е важно за државата, бидејќи би влијаело на крајната цена на потрошувачите.

Веќе во текот на третиот квартал треба да се одобри кредитот од страна на ЕБРД за изградба на делницата од Гостивар до Кичево, привршува проектирањето за делницата од Свети Николе до Велес. Тендерите за делниците од Гостивар до Охрид и од Охрид до Битола. повикот за изградба на интеконекторот со Грција, треба да заврши физибилити студијата за интерконекторот со Косово, и ќе аплицираме за грант за студија за интерконекторот со Србија. Така што ние нашиот преносен систем треба да го користиме да можеме да ги снабдуваме северните соседи што е важно за нас и што влијае на намалување на тарифите за пренос, што ќе влијае и на цената на крајните потрошувачи.

Владата најави учество во изградба и сопственост на терминалот за течен природен гас и гасната електрана Александропулос во Грција, за што се чека анализа за вредноста на инвестицијата.

Владата веќе формираше преговарачки тим што ќе треба да преговара со сопствениците таму за наше влегување во тој проект. Скоро половина од вредноста на инвестицијата Европска комисија.

„Секако дека треба да ја искористиме оваа прилика, тоа е сигурен избор за снабдување за во иднина“, вели Бајрами.

Годинава треба да заврши и втората фаза од тендерската постапка за избор на компанија која преку јавно-приватно партнерство ќе ја гради дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини.

Идниот оператор за дистрибуција има обврска за изградба и одржување на целиот дистрибутивен систем во државата.  Со имплементација на третиот пакет на Законот за енергетика, Реџепи очекува дека оваа област ќе биде првите кои ќе биде прилагодена на барањата на Европска комисија и тука ќе нема проблем во преговорите.

Митко Андреевски, владин советник и експерт за енергетика

Енергетските проекти се капитални, не за политички поени

„Очекуваме и финализација на многу дистрибутивни системи низ повеќе градови и сериозно мислам дека 2021 ќе биде година пресвртница во користењето на гасот, неговите можности, намалената цена…Пред се’ за индустријата и капацитетите што досега го користат ќе има намалување на цената, во следните 2-3 месеци ќе има целосна либерализацијата, за индустријата и стопанските комори сите што користат во околина на Скопје, Куманово, Крива Паланка, ќе напомнам дека до сега беше невозможно да користат гас од друг снабдувач.“

Како ги оценувате енергетските проекти за кои слушаме силни најави?

После 23 години смогнавме сили да го решиме долго-деценискиот спор помеѓу Макпетрол и државата со откуп на акциите и стопроцентно учество на Републиката во ГАМА. Тоа ќе отвори нови можности за развој на гасоводниот систем. Очекуваме и финализација на многу дистрибутивни системи низ повеќе градови и сериозно мислам дека 2021 ќе биде година пресвртница во користењето на гасот, неговите можности, намалената цена…Пред се’ за индустријата и капацитетите што досега го користат ќе има намалување на цената, во следните 2-3 месеци ќе има целосна либерализацијата, за индустријата и стопанските комори сите што користат во околина на Скопје, Куманово, Крива Паланка, ќе напомнам дека до сега беше невозможно да користат гас од друг снабдувач. Сега ќе има активности што ќе значат ослободување на дел од капацитетите на други снабдувачи. Ова значи либерализација и пониски цени. За граѓаните, ќе почне процес на гасификација на одредени општини кои и до сега во изминативе 23 години имаа можност тоа да го сторат, но не го сторија.

Во тек е јавен повик за избор на концесионер што би направил дистрибутивна мрежа и во краен случај доколку и тоа не се случи, тогаш ГАМА и државата сега како 100 процентен сопственик може да почне на одредени делови да создава дистрибутивна мрежа. Во прв случај, тука се градовите што ги набројав. Ставање во функција на нефункционалниот гасовод изграден во 2015 од Гелчовце до Штип, а кој треба да продолжи до Неготино, Прилеп и Битола како сеопфатен проект на магистрална гасификација на земјата.

 Каде и како ја позиционира ова Македонија?

Во изминатите три години се направија многу напори, контакти и проекти што ќе ја направат нашата земја транзитна, што значи низ нашата територија ќе поминува одредена количина гас што ќе завршува кај нашите соседи. Тоа во изминатиов период не беше планирано, оти секогаш се врзувавме со еден добавувач, Газпром и Јужниот поток како крак од тој гасовод. Еден политички естаблишмент 15 години зборуваше дека треба да учествуваме во крак од Јужен поток. Видовте дека јужен поток не се ни реализира. Се реализира Турски поток.

И тогаш и сега тврдам дека наш интерес е приклучување кон нашиот јужен сосед, кон Грција. Зошто? Таму се создава хаб од неколку различни гасоводи, дали е тоа, Турски поток, постоечкиот или NLG систем… сето ова значи дека таму ќе има огромни количини на природен гас што ќе бидат достапни за нас ама и ќе создадат берза на трговија со природен гас.

Тоа значи ќе можете да купувате поевтин гас во подoлг период и трето – сигурноста за набавка. Се сеќавате дека во минатиот период на два пати овој дел од Европа имаше проблем од нова година во првите 20 дена како спор меѓу Украина и Русија. Сега тоа не може да ни се случи? Зошто? Оти имаме голема количина на природен гас и нови маршрути. Една од тие маршрути е Инерконекторот со Грција. Тоа е сериозен капацитет, наш стратешки интерес не само поради неговиот  четири пати поголем капацитет од постоечкиот гасовод што го имаме со Бугарија туку и она што го напомнав дека ќе имаме можност да избираме помеѓу различни добавувачи

Ова е всушност на иста линија со американскиот интерес во регионот. Ние неодамна разговаравме со американскиот државен секретар за енергетика Франсис Фанон.

Да, во септември тој го посети регионот и тој кажа дека тие се тука за да понудат сигурност. Не велат да ги прекинеме контактите со Русија, туку дека тука се за да има опции и за овие држави да не бидат целосно зависни. Цената на природниот гас за овие земји во минатото беше навистина висока. Ние не добивавме иста цена како што добиваше на пример Германија. Точно е дека сме ние помали земји, но оваа разлика во цена ја правеше нашата економија многу понеконкурентна. Ако имате ист производ произведен кај нас и во Германија и ако кај нив импутот е 150 долари, а кај нас 250 за дадена количина (метри кубни) не можете да бидете конкурентен, мора да ја намалите цената на трудот, платите.

Покрај интерконекторот со Грција работиме и на три други проекти – регионални и поддржани од САД. Тоа е терминалот за течен природен гас (NLG) во Александрополус, преговорите се во завршна фаза, вториот е за обезбедување на гас во 15 годишен период од истиот капацитет  и трето изградба на гасна електрана на самиот брег од Александропулос, нивната вредност заедно со сите партнери внатре се проценува на 800-900 милиони евра, со силна поддршка од ЕУ преку грант.

Ние сакаме да бидеме дел од тие проекти и сакаме регионално да се развиваме. На средбата со Фанон тоа и го нагласивме, дека сме мали земји и партнери,но дека во сојузништво како регионален проект може да се создаде нова перспектива. Низ нас ќе протекува природен гас и ќе завршува на Косово или во Црна Гора, а ќе се поврземе и со гасоводниот систем на Србија, прв пат имаме проект за еден вертикален гасовод, до сега секогаш поврзувањето одеше хоризонтално (Исток – Запад)

Има ли временска рамка за овие проекти?

Интерконекторот ни е веќе одобрен грант, оваа година ќе почне изградба за веќе во 2023 -2024 да профункционира, а другите три проекти се во завршна фаза, издадени се сите одобренија и тие треба да бидат исто така во 2023 оперативни. Во енергетиката не можете да замислите нешто и во еден мандат да го реализирате. Ова се проекти што постоеја и од 2014 и 2015, уште тогаш постоеја и дел од играчите кои и тогаш беа навлезени, но тогаш политичкиот естаблишмент во земјава не донесе одлука, оти фокусот беше друг.

Да, фокусот беше кон Исток. Колку е енергетиката всушност орудие во геополитичките битки?

Никогаш отворено не се зборуваше за тоа дека одредени земји својата политичка доктрина или цели ги употребуваат преку своите ресурси, енергетски. На два пати имавме случај поради политички промени во Украина да има стоп на испорака. Тогаш експлицитно ни се покажа како се користи овој ресурс во политички цели. Денеска гледаме санкции од Западот кон изградбата на Северен поток, имаше јавна прозивка од МНР на Франција кон германскиот колега да го поддржи санкционирањето на руските компании кои работат на изградба на Северен поток како реакција на апсењето на Навални.

ЕУ не сака да биде заложник на голема зависност од природен гас од Русија. Во Северен поток ќе се користи само руски гас, пишано е дека е можно да има и други доставувачи, но тоа не е практички возможно, нашиот Интерконектор, пак, ќе нуди можности за гас од Азербејџан на пример, потоа NLG терминалот за гас од Алжир, Нигерија, блискиот Исток. Значи, имаме опции и сигурност.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал