Connect with us

македонија

Македонија 2025 заедно со МАНУ, бизнис заедницата и институциите ќе работи на забрзана дигитализација преку „Дигитална иницијатива“

објавено

на

„Дигиталната иницијатива“ покрај другото има за цел создавање на ефикасна и брза администрација која ќе биде основа за економски развој и поголема функционалност во сите сфери во општеството.

Забрзување на процесот на дигитализација и унапредување на дигиталните вештини на македонските граѓани и бизниси е главна цел на „Дигиталната иницијатива“ што ја иницира организацијата Македонија 2025. „Дигиталната иницијатива“ ќе се реализира преку широко партнерство со деловната и политичката заедница, како и научната фела, застапена преку Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На денешната средба на која присуствуваа претставници на Македонија 2025, претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев и министерот за информативна технологија, Јетон Шакири констатирано е дека Македонија заостанува зад ЕУ и светот во дигитализацијата и тоа во сите три сегменти: граѓани, бизниси и државни институции, заради што е неопходно забрзување на процесот на дигитализација преку креирање на соодветни услови во јавната администрација, приватниот сектор и кај граѓаните.

„Несомнено, иднинаната е во дигитализацијата и дигиталните вештини. МАНУ ќе ги вложи своите ресурси за Дигиталната иницијатива да го трасира виситнскиот пат за просперитетна Македонија.“, изјави Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

На состанокот беше презентиран и планот за работа и клучните активности што ќе се спроведат во подготовка на „Дигиталната иницијатива“ на МК 2025. Планот го презентираше Васко Кроневски извршен директор на „Некстсенс“ и член на Одборот на директори на Македонија 2025.

„Дигиталната иницијатива“ покрај другото има за цел создавање на ефикасна и брза администрација која ќе биде основа за економски развој и поголема функционалност во сите сфери во општеството.

Министерот за информатичка технологија и јавна администрација Шаќири ги истакна плановите на Владата во доменот на дигитализација, при што истакна: „Дигиталната иницијатива на Македонија2025 е добредојдена и во право време, за да се здружиме со приватниот и граѓанскиот сектор и да ја реализираме дигиталната трансформација час поскоро„.

Македонија 2025 преку своите активности се залага за развој преку поттикнување на соработка и поврзување на македонската дијаспора со академската, политичката и бизнис заедницата.

„Во услови на глобална економија, за мали земји како нашата од исклучителна важност е развој на дигитализацијата и на дигиталните вештини. Тоа ќе ја зголеми нашата конкурентност, а истовремено ќе го подигне квалитетот на услуги од земјава. Оттука наша цел е преку оваа иницијатива да ги поврземе сите важни чинители бидејќи само преку заедничко залагање може да имаме ефективни резултати“, истакна Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на Македонија 2025.

„Дигиталната иницијатива“ е дел од мисијата на Македонија 2025. По денешниот иницијативен состанок, според планот кои денес беше презентиран, ќе следуваат низа активности во следниот период, со што ќе се забрза процесот на дигитализација во земјава.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје