Connect with us

економија

Македонската берза, заедно со МОН и со КХВ за прв пат го заѕвонија берзанското ѕвоно за финансиска писменост

објавено

на

Министерството за образование и наука, Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза заеднички работат на креирање на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во средните економски и правни училишта од учебната 2022/23 година.

Македонска берза од оваа година се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“(Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE) како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“(World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO).

Oваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 4 до 10 октомври и кон истата се приклучија рекордни 78 берзи кои оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, тематски работилници и настани, со цел подигнување на свеста за важноста и неопходноста на финансиската писменост и инклузија и нивното влијание врз животот на луѓето.

По овој повод, денеска  ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Мила Царовска, министерка за образование и наука, Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.

Во рамките на овој настан беше најавено дека Министерството за образование и наука, Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза заеднички работат на креирање на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во средните економски и правни училишта од учебната 2022/23 година. Предметот ќе има теориски и практичен дел, при што во неговиот практичен дел ќе се користи редизајнираната едукативна платформа „Виртуелна берза“ (https://youtu.be/n-c4BUYIbaU), односно on-line платформа развиена од Македонска берза како игра на знаење преку којашто учесниците стекнуваат искуство за тргувањето со хартии од вредност.        

Министерката за образование и наука Мила Царовска потенцирашедека развојот на образовниот систем и обезбедувањето на поквалитетна едукација за младите, не е само одговорност на Министерството за образование и наука, туку и на сите општествени чинители – поединци и институции кои се засегнати и можат да помогнат во овој дел. ,,Затоа сум благодарна, што Комисијата за хартии од вредност и Берзата покажуваат иницијатива и се вклучуваат во заложбите за подобри образовни можности за младите во државата. “ – изјави Царовска.

Во оваа прилика Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредност изјави:,, На пазарот на хартии од вредност од неговото основање па се до денес вложувано е многу, создавана е инфраструктура, но воведувањето на изборен наставен предмет кој ќе биде изучуван во формалното образование е навистина траен влог кој се капитализира во продуцирање на најреткиот и на најзначајниот ресурс, а тоа е човечкиот капитал.Затоа, КХВ како регулатор, кој покрај супервизија на целокупното функционирање на пазарот на хартии од вредност со сите негови чинители подеднаква важност и дава и на едукативната функција во чија основа е токму  финансиската писменост.Само добро едуциран  инвеститор  може да биде долгорочен инвеститор, а преку повисоко ниво на финансиска писменост обезбедуваме поголема финансиска стабилност! “

„Економските и финансиските навики на луѓето директно го определуваат нивниот животен стандард и квалитет на живеење. Оттука, постои глобален консензус дека сите општествени чинители мора да ги зголемат напорите и да издвојат повеќе ресурси за зголемување на финансиската едукација и писменост. Од гледна точка на берзите финансиската писменост секојдневно станува се побитна со оглед на нагласениот тренд на зголемено учество на физичките лица во тргувањето со хартии од вредност и сите импликации што произлегуваат од тоа. Навистина сме многу среќни што ова сега кај нас е и институционално препознаено и што наскоро ќе бидеме една од ретките земји во регионот што на нашите ученици од средните економско-правни  училишта  ќе им даде шанса навреме да „влезат“ во оваа сложена проблематика.“ изјави Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.

„ Во името на учесниците во пилот проектот Училишна берза, ученици во СЕПУГС Арсени Јовков, би сакала да се заблагодарам на Македонска берза што ни овозможија реализација на проектот. Учеството во овој проект беше прекрасно и незаборавно искуство. Ги надополни нашите знаења за хартиите од вредност, но научивме и нешто ново за пазарот на капитал, виртуелно тргуваме со хартии од вредност во реално време и по реални цени. Ова за мене беше навистина интересно, поучно искуство кое сакам да се повтори, затоа продолжив со виртуелно тргување преку платформата Виртуелна берза. Ги повикувам сите наши врсници да ја посетат оваа платформа и да се обидат да ги прошират своите знаења од оваа област “ изјави ученичката Тијана Мировска која беше дел од групата ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ кои доброволно учествуваа во пилот проектот за редизајн на платформата Виртуелна берза.

македонија3 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија12 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина