Connect with us

економија

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

објавено

на

Главниот извршен директор на берзата, Иван Штериев, заедно со неговиот тим одржаа работна средба со повеќе членки на Сојузот на Стопански комори, предводени од Претседателот на Комората, Трајан Ангелоски.

На 28 март 2023 година, во просториите на Македонска берза АД Скопје, Главниот извршен директор на берзата, Иван Штериев, заедно со неговиот тим одржаа работна средба со повеќе членки на Сојузот на Стопански комори, предводени од Претседателот на Комората, Трајан Ангелоски.

На средбата присутните бизнисмени одблиску се информираа за можностите што ги нуди Берзата и македонскиот пазар на хартии од вредност и подетално се запознаа со условите за котација на Берзата и моменталната пазарна сегментација. Воедно, во оваа прилика претставниците на деловната заедница имаа можност да го проследат берзанското тргување во живо и да видат како се склучуваат трансакциите со хартии од вредност.

Оваа работна средба се одржа по повод првиот ден на тргување на Македонска берза (одржан на 28 март 1996 година) и e активност во рамките на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Берзата и Сојузот на Стопански комори којшто има за цел да го поттикне бизнис секторот своите инвестициски проекти да ги реализира и преку пазарот на капитал.

„2023 година е година со навистина големи предизвици. Сојузот на стопански комори останува посветено да ги поддржува домашните компании и можноста за соработката со Македонска берза за пристап на компаниите до други извори на финасирање како можност согласно глобалните финансиски трендови на финансирање, особено на европскиот пазар и во регионални рамки во време кога финансискиот пазар нуди ликвидни инвестициони можности за компаниите. Во текот на годината Сојузот ќе понуди повеќе решенија и заеднички ќе делуваме на подобрување на бизнис климата и амортизирање на негативните ефекти од глобалната економска криза. Само со взаемна работа и соработка компаниите ќе можат да го зголемат сопствениот капитал“ истакна Трајан Ангелоски, Претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија.

Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев, изјави „Смислата на постоење на берзите, помеѓу другото, е да се овозможи корпоративниот сектор повремено своите финансиски потреби да може успешно да ги финансира и преку пазарот. Специфичната пазарна еволуција во регионот придонесе овие процеси да не се одвиваат толку брзо како што беше неопходно. Секако, Македонска берза останува посветен промотор на можноста за пазарно финансирање на компаниите и е уверена дека порано или подоцна тие ќе го препознаат ова и ќе уживаат во бенефитите од истото. Голем исчекор на овој план очекуваме да произлезе од новата европски усогласена регулатива за пазарот на хартии од вредност. Соработката со Сојузот на Стопански комори во наредниот период ќе биде фокусирана токму во оваа насока’’

Настанот е во заедничка организација на Берзата и Сојузот на Стопански комори и претставува почеток на зајакнување на нивната билатерална соработка во наредниот период. Една од формите на интензивирање на меѓусебната соработка помеѓу Берзата и Сојузот, за која стана збор и на денешната средба, е создавање во блиска иднина на посебен деловен клуб преку којшто ќе се промовира и споделува знаење, конкретни практики и искуства за процесот на небанкарско пазарно финансирање на домашните бизниси.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал