економија
Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

„Банките во новата реалност“, „Доброто корпоративно управување“, „Енергетика – ќе има ли долга студена зима?“, се само дел од панелите што се предвидени за овогодишното издание на конференцијата.
Македонска берза соопшти дека на 23 септември, во х. Инекс Олгица, ќе ја одржи 21-вата по ред Годишна берзанска конференција.
Овие конференции веќе подолго време се заштитен знак на Берзата, со својот препознатлив имиџ, во однос на актуелноста на темите коишто се предмет на дискусија, како и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.
„Банките во новата реалност“, „Доброто корпоративно управување“, „Енергетика – ќе има ли долга студена зима?“, се само дел од панелите што се предвидени за овогодишното издание на конференцијата. Учесници ќе бидат истакнати претставници на бизнисот, банкарството, пазарите на капитал, енергетскиот сектор, итн., од Македонија, регионот и пошироко.
Капитал, традиционално, и годинава е медиумски покровител на Годишната берзанска конференција, и ќе ве известуваме за сето она најзначајно поврзано со настанот и интересните дискусии што се очекуваат.
Агендата за настанот е достапна на следниот линк: https://bit.ly/21st-annual-conference
Регистрација за настанот: https://bit.ly/21conference-registration