Connect with us

технологии / компании

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FX3X стана дел од светската продукциска групација Cinesite

Креативна индустрија

објавено

на

Cinesite е едно од најпознатите светски студија за визуелни ефекти со канцеларии во Англија, Германија и Канада. Според основачите на FX3X оваа соработка ќе отвори многу нови можности и за FX3X како компанија, но и за вработените кои ќе можат да работат на уште повозбудливи проекти.

Македонското студио за продукција на анимација и визуелни ефекти FX3X годинава стана дел од светската продукциска групација Cinesite .

На денешната прес конференција основачите на компанијата FX3X, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, кои во изминативе 25 години заеднички испишаа една од најуспешните претприемачки приказни во Македонија, го објавија спојувањето со светски познатата групација за визуелни ефекти – Синесајт (Cinesite) од Лондон, Велика Британија.

“Star quality, without the attitude” – е мотото под кое ги знаеме FX3X, со кое нагласуваат дека квалитетот кој излегува оттаму е врвен светски, без „дива„ односот кој во Холивуд е најголемиот грев. Ги паметиме изјавите на нивните основачи: „Вистинските ѕвезди се зад екраните„, – Миливоје Ѓорѓевиќ, и „Ние сме онолку добри колку што е добар квалитетот на нашиот последен проект“ -Кристијан Даниловски.

Според Даниловски, влезот во Синесајт е природен следен чекор во еволутивниот развој на FX3X, чиј тим со многу креативност, упорност и посветеност успеа да стигне и да опстои на холивудскиот пазар и во своето портфолио да ги вброи  и најпознатите филмски блокбастери.

Момците уште еднаш го потврдија својот квалитет: своите клиенти, Cinesite, ги претворија во свои партнери и станаа дел од светската продукциска групација.

„Работејќи заедно ќе можеме да им понудиме уште подобри услуги на нашите клиенти, во поголем обем и воедно и телевизиски серии и играни филмови. Низ соработката со FX3X последниве неколку години, искусивме одлична работна етика и квалитет кој сме восхитени да им го понудиме како наш интегрален дел на нашите клиенти, на кои ќе можеме да им го исполниме барањето на постојан раст на квалитетот на визуелните ефекти“, изјави Ентони Хант, извршен директор на групацијата Cinesite.

Спој на напредни ИТ вештини и уметнички знаења и талент

Хант изрази големо задоволство од склученото партнерството со FX3X, од кое очекува дека значајно ќе ги зголеми глобалните капацитети на компанијата преку вклучување во тимот на Синесајт квалитетни менаџери, продуценти и искусен и остроумен креативен талент.

“Сакам да истакнам дека индустријата на визуелни ефекти е една од ретките која бара спој на напредни компјутерски вештини и уметнички знаења и талент и оттука и нашиот интерес да дадеме доверба токму на FX3X за градење на пазарот во Југоисточна Европа имајќи во предвид дека успешно успеваат да препознаат и изградат ваков кадар“.

Синесајт е едно од најпознатите светски студија за визуелни ефекти со канцеларии во Англија, Германија и Канада. Според основачите на FX3X оваа соработка ќе отвори многу нови можности и за FX3X како компанија, но и за вработените кои ќе можат да работат на уште повозбудливи проекти, како и да стекнуваат и споделуваат знаења и искуства и со своите колеги од другите локации во рамки на групацијата.

Дополнително, ќе понуди многу можности за младите кои сакаат од Македонија да започнат да градат светска кариера во оваа индустрија.

Ѓорѓевиќ изјави: „Со Кристијан сме горди со фактот каде стигна FX3X со помош на неверојатниот талент на нашите артисти. Со Синесајт соработувавме и претходно, но здружувањето на силите ќе ни овозможи да го оствариме полниот потенцијал на нашиот бизнис и талентираната домашна работна сила со која располагаме во регионов. Нашето парнерство ќе има значаен позитивен ефект брз индустријата на продукција на визуелни ефекти во Македонија и цел регион.“

Филмовите на кои последно работеше FX3X се: The Man who fell to Earth, Moon Knight, Sonic the Hedgehog 2 и Dr. Strange in the Multiverse of Madness.

„Никогаш досега не сум го имал луксузот да смеам да откријам на што работиме, бевме на друго ниво во светската продукција на визуелни ефекти. Со квалитетот кој нашиот тим го создава, стигнавме до ново ниво, и ми причинува необјасниво задоволство да Ви соопштам дека филмовите на кои се работи во моментов се: Indiana Jones 5, Crater, Star Trek: Strange New Worlds втора сезона, Star Trek: Picard трета сезона, Peter Pan and Wendy, Vikings Valhalla, и Strays“, изјави Кристијан Даниловски.

Многу можности за светска кариера од Македонија

Миливоје Ѓорѓевиќ најави дека компанијата многу наскоро започнува со интензивни обуки на 60 кандидати кои очекува за 6 месеци да станат дел од тимот на FX3X Синесајт. „За овие обуки FX3X и Синесајт обезбедија 60 стипендии за да им дадат шанса на младите кои имаат најголем талент и елан за работа во оваа професија, без притоа професионалното усовршување да им претставува голем финансиски товар“.

Задржувајќи го брендот на FX3X, една од активностите која Cinesite ќе ја поддржи е VFX Nest, во која македонските студенти ќе ги научат алатките и техниките кои ќе ги применат во работата на Холивудските проекти кои тековно се работат. Оваа програма ќе трае од септември до јануари 2023 и ќе ја посетуваат 60 студенти. Како следни чекори менаџментот на FX3X и Синесајт најави континуирано зголемување на капацитетите во Македонија со најмалку 120 новообучени кадри годишно, а дополнително веќе се работи на проширување на капацитетите и во соседна Србија, со цел компанијата спремно да одговори на најновите барања на филмската индустрија кои подразбираат континуирано зголемување на обемот и квалитетот на визуелни ефекти.

Аплицирање за стипендирана обука за вработување сите заинтересирани можат да направат на следниот линк: https://bit.ly/CinesiteStipendiiObuka

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација