економија
Македонска берза организира обука за ефикасно користење на техничката анализа

Обуката е наменета за сите оние што сакаат да донесуваат поинформирани одлуки за инвестирањето на светските пазари на капитал.
Македонска берза во среда, 16.11. организира еднодневна обука за ефикасно користење на техничката анализа во секојдневното работење. Предавач ќе биде Снежана Поповска, сертифициран технички и пазарен аналитичар, CFTe, CMT.
На обуката ќе биде опфатено запознавањето со основните принципи на техничката анализа, анализа на пазарот, идентификување на трендот, пресвртни точки, определување на ценовни нивоа за влез и излез и ефективно управување со ризикот. За крај, студија на случај за практична имплементација на техничката анализа на графикони во реално време за сите класи на средства: акции, обврзници, индекси и валутен пазар.
Обуката е наменета за сите оние што сакаат да донесуваат поинформирани одлуки за инвестирањето на светските пазари на капитал.
Обуката ќе почне во 13:00 часот, локација: во просториите на Македонска берза АД Скопје, (ул. Орце Николов бр.75, 1000 Скопје). Цента е 3.000 денари со вклучен ДДВ (во цената се вклучени материјалите од предавањата, кафе паузите и сертификатот за учество на обука)
Регистрација на следниот линк:
За сите дополнителни информации околу
обуката и тренинг центарот на Берзата
посетете го следниот линк: